Дали ќе бидам убав, дали ќе имам лузни, биле прашањата на младите луѓе повредени во кочанската дискотека коишто биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ и за нив се грижела и докторката Катерина Митевска, специјалист по пластична хирургија. Вели се поврзале со неа, со нејзините колеги, ги споделувале со нив своите стравови, надежи, а тие правеле и ќе направат се последиците да ги сведат на минимум. За докторката Митевска и нејзините двајца ...

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета е и состојбата на пациентите во критична состојба. Во моментот, во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти и тоа: Во Хируршка клиника ,,Св Наум Охридски”-6, -На Клиника за пластична хирургија -4 пациенти пристигнати синоќа од странство, -На Клиника за токсикологија ...