Вчера околу 13:50 часот, на стадионот „Фортуна“ во Скопје, полицијата привела 36-годишен маж од селото Арачиново. Тој за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на „Брегалница“. Интервенирале полициски службеници од скопската полиција, кои веднаш го привеле напаѓачот, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Би можело да ве интересира ...

Шкендија Арачиново денеска излезе со јавна реакција во врска со инцидентот што се случи на натпреварот против Брегалница Штип. Го пренесуваме во целост: ,,Во врска со пишувањата на некои медиуми, кои објавија дека навивач нападнал играчи на Брегалница, сакаме да појасниме дека во ниту еден момент за време на натпреварот ниту еден навивач не влезе на теренот. Инцидентот се случи помеѓу член на стручниот штаб на нашиот тим и играч на гостинскиот ...

Од МВР информираат дека лицето кое го нападна фудбалерот на Брегалница е приведено и против него ќе биде покрената постапка. „На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе ...