Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз. Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и ...

Читајќи го Преспанскиот договор лесно може да се заклучи дека употребата на ознаката НМК за Македонија по сообраќајните знаци низ Србија е спротивно на сите меѓународни договори и усвоениот меѓународен код МК или МКД. Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија лани, во одговорот на прашањето на МКД.мк, велат дека добиле ветување од Србија дека наскоро ќе биде поправена оваа грешка. Но, излегува дека не е грешка. На ...