Македонија и Европската Унија (ЕУ) попладнево ќе потпишат Партнерство за безбедност и одбрана. Церемонијата на потпишувањето е закажана за 16 часот во европската служба за надворешнo делување. Документот ќе го потпишат Жозеп Борел, висок претставник на унијата за надворешна политика и министерот за надворешни Тимчо Муцунски. Од министерствоито за надворешни велат дека ова партнерство ќе овозможи заедничко справување со хибридните закани, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. На церемонијата на потпишувањето на Договорот, Муцунски нагласи дека тој претставува историска пресвртница во односите меѓу земјава и Европската Унија. – Со гордост можам да ...