Откако медумите пренесоа дека шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски остварил успешна посета на САД, без да се каже со кого се сретнал и што разговарал, уште помалку на чија покана отишол таму и дали престојува официјално или самоиницијативно, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија испратија соопштение. Во него стои дека во рамки на посетата министерот Муцунски остварил значајни средби со заменик-помошникот државен секретар ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, САД. Посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, се вели во соопштение од МНР. Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт Департментот, Брендон Јодер, потпретседателот ...