Три максимални победи во првиот ден од натпреварите во новата одбојкарска сезона кај дамите. Во дененешните натпревари од 1. коло во новата сезона од Првата лига, екипата на Работнички на домашен терен со максимални 3:0 го совлада тимот на Струмица. Иако во променет состав, скопскиот тим успеа да дојде до очекуваниот триумф. Вториот македонски претставник во европските купови, Наковски Волеј, исто така ја отвори сезоната со домашен триумф. ...
Пелистер Волеј – Јанта 1:3 (25:21, 19:25, 22:25, 20:25) Одбојкарките на Пелистер волеј од Битола вечерва со натпреварот против екипата на Јанта од Скопје ја отворија новата одбојкарска сезона, а ова беше нивни прв натпревар после враќањето во Првата лига. Битолскиот прволигаш влезе амбициозно во дуелот со шампионот и имаше одлична премиера во прволигашкото друштво потврдувајќи уште на стартот дека ќе биде силен прптивник за сите екипи. Пелистер ...

