„Ние, луѓето“ е уникатен мултимедијален проект, кој низ театарски, фотографски, сценографски и музички работилници, овозможи на учесниците да се вклучат во комплетен процес на создавање театарско дело. Повеќе од претстава, ова е дел од кампањата која промовира вклучување на лица со посебни потреби во културата, започната во јануари 2023 година и финансиски поддржана од Бугарска развојна помош. Основан пред 15 години, Театар „Пи“ останува ...
Театарската претстава „Ние, луѓето,“ режирана од Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска во рамки на проектот на Театар „Пи“, ќе ја има својата премиера на 10 ноември, во Центарот за култура во Ѓорче Петров. Со почеток во 19 часот, претставата носи силна порака за инклузија, обединувајќи лица со попреченост и лица со атипичен развој на сцената, под водство на познатата бугарска режисерка и асистент-едукатор Гергана Тодева. - Реклама - ...