Град Скопје испрати соопштение до јавноста, тврдејќи дека тие се единствената институција која презема мерки за да се намали аерозагадувањето. „Во услови на нотирано зголемено загадување на амбиенталниот воздух во Град Скопје, покрај Инспекторатот на Град Скопје, во градот има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните меѓу кои Министерството ...
Инспекторите на Град Скопје продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните. Во изминатата година, градот Скопје има изречено казни од 9 до 100 илјади евра за правни лица и соодветни казни против физички лица, кои се ...
Тие предлагаат: Спроведување на итни инспекциски надзори, изрекување казни и забрана за работа на загадувачите за кои се утврдило дека загадуваат повеќе од дозволеното; Машинско чистење на улиците од насобраната прашина со специјализирани возила за перење и правосмукање; Поставување на високоефикасни електростатски филтри на оџаците на сите големи индустриски капацитети кои загадуваат, како што се „Цементара”, „Железара”, „Макстил”, „Југохром”, ...