Со блокади на автопатите и покраинските патишта, како и протести во градовите, француските земјоделци ги продолжуваат своите демонстрации во голем дел од земјата, фокусирани на претстојното потпишување на трговски договор меѓу ЕУ и јужноамериканските земји, објави Франс24. Препорачано Земјоделските демонстрации во Франција започнаа пред неколку дена по повод наредбата на властите за колење на говеда кои страдаат од чворовидна кожа (ЛСД). ...

Земјоделците се собраа пред резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во Ле Туке, изразувајќи го своето незадоволство од договорот со Меркосур и француската земјоделска политика. Демонстрациите започнаа во 5:30 часот утрово и беа организирани од FNSEA, најголемата земјоделска федерација во Франција. Протестот е дел од поширокото незадоволство во земјоделскиот сектор, кој во последните денови организираше ...