Со пријателско реми 0:0 на домашен терен против Летонија вечерва, фудбалската репрезентација на Македонија ќе замине за Велс, каде што на 18 ноември ќе го одиграме последниот дуел од актуелните квалификации за Мундијалот следната година. Вечерашниов дуел кој што очигледно ни послужи само како загревање на она што вистински следува за нас за пет дена го одигравме во комбиниран состав. Дали тоа беше правилно или не ќе покаже дуелот во Кардиф. ...
Македонија попладнево тестираше против Летонија, одигра натпревар без погодоци, но Благоја Милевски е задоволен, смета дека фудбалерите исполниле се што било побарано од нив. „Сето она што си го зададовме како цел за овој натпревар, го исполнивме. Тоа беше да испробаме нова тактика која ќе ја користиме во иднина и поради тоа мора да сум задоволен како фудбалерите ги одработија дадените задачи. Мораме да бидам задоволен затоа што сите кои ...

