Пелистер ја затвори годината во Лигата на шампионите со нов пораз, овојпат на гостувањето кај Загреб (23-27), со што битолчани ја пропуштија веројатно последната прилика да останат во трката за пласман во нокаут-фазата. Препорачано Ова е осми пораз за македонскиот шампион во сезоната, покрај двете победи, па бодовите од дуелот со хрватскиот тим ќе имаа огромно значење во мисијата конечно да се мине групната фаза. По натпреварот, тренерот Рубен ...
Пелистерци дадоа само 23 гола, па тренерот Рубен Гарабаја го истакна нападот како причина за поразот. „Одигравме тежок натпревар. Добро влеговме во дуелот и можам да кажам дека во дефанзива изгледавме солидно. Но, за да победите во натпревар од Лигата на шампионите, мора да функционирате на двете страни од теренот. Против Загреб нашиот напад беше голем проблем. Тоа е сегмент на кој мора да работиме, да најдеме начини да бидеме поконцентрирани, ...

