Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, на прес-конференција пред утрешниот меч на Франција со Азербејџан, зборуваше за својата повреда и зошто одлучил да лета за француската репрезентација и покрај проблемите со зглобот на ногата. „Отсекогаш било така, клубовите нè плаќаат, но за играчите, националниот тим е најважната работа, таа е бесценета. Имаа разбирање во Мадрид. Имам мал проблем со глуждот, но реков дека сакам да играм, а од клубот не ...

Конфликтите меѓу клубовите и репрезентациите не се некоја новост, па голем дел од европските клупски претставници влегуваат во тензични односи со федерациите поради ризикувањето на одредени фудбалери, кои подоцна паузираат долго поради повреди. Французите последниот конфликт го имаа со ПСЖ и реакцијата на клубот поради повредите на Дембеле и Дуе, а мадридските медиуми денеска алармираат дека потенцијал за проблем може да се случи и со Килијан ...