Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) коишто пристигнале до 15 часот, во однос на излезноста на гласачите, на денешните Локални избори, процентот на избирачи кои што гласале на избирачките места изнесува 31,16 проценти. Најголема излезност е регистрирана во општините: Чашка (53,19), Новаци (52,84), Дојран (48,88), Крушево (47,47), Демир Капија (46,65), Росоман (46,46), Пробиштип (45,12) Дебарца (43,43), Кратово (42,35), ...

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите. Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување. На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје се евидентирани следните настани: – ОЈО ...

На овогодинешните, осми по ред локални избори-се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Град Скопје-право на глас имаат 1 832 415 граѓани на 3 474 изборни места во земјава. Анкетираните граѓани во скопските општини очекуваат нивните потреби и барања-градоначалниците да ги реализираат. Претседателите на избирачките места во дел од скопските општини посочија дека навремено започнал изборниот процес во 7часот. Одзивот солиден, ...