Дури 12 прогнозери имаат седум погодени мечеви од осумте кои се одиграа вчера во рамките од петото коло на Спортска прогноза. Тоа значи дека сите тие се во трка за освојување на вредносен ваучер од 1.000 денари што следува за сите оние кои би имале 12 од можните 13 погодени натпревари. За денеска останува да се одиграат уште пет меча, а возбудувањата ќе започнат од 14 часот кога ќе играат Елче и Атлетик Билбао. Прогнозерите речиси и да немаат ...
По паузата за репрезентативните настапи, но и онаа непланираната поради првиот круг од локалните избори, фудбалот во Македонија се враќа со четири меча од осминафиналето на Купот. Сите четири меча може да ги најдете во богатата понуда на Sport Life, а според квотите, возбудувањата нема да изостанат. На два меча играат прволигаши против второлигаши, а изненадувачки Шкендија Арачиново ја има фаворитската улога според квотите во Sport Life против ...

