Третото коло на Првата кошаркарска лига го носи дербито во Свети Николе, каде копјата ќе ги вкрстат домаќинот Овче Поле и гостинот Соколи од Штип. Нов предизвик за двете екипи кои имаат една цел – а тоа е триумфот. Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе со почеток од 19 часот. Од штипскит кошаркарски клуб ја бараат поддршката од верните навивачи, сите кои се во можност да бидат на трибините, бидејќи ќе им биде ...

Екипата на Соколи се намачи на гостување во Свети Николе, каде по многу борба на теренот штипјани беа подобри од Овче Поле со резултат од 109:112, во рамки на третото коло од Првата кошаркарска лига. Натпревар кој понуди голем број на поени вкупно 221 поен што го прави мечот од Свети Николе најефикасен по број на постигнати поени, а потврда за неизвесноста и големата борба на теренот од страната на двете екипи за да стигна до победата. Штипјани ...