Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперси (116-130) во НБА лигата. На овој меч симултанка одигра Никола Јокиќ кој беше блескав во противничкото поле. Србинот одигра блескава партија, го заврши мечот со вртоглави 55 поени и неверојатни 78% шут. Со тоа стана четврти кошаркар во историјата кому тоа му тргнало од рака, а претходно такво нешто направиле само Вилт Чембрлен, Адријан Дантли и Карл Мелоун. Јокиќ го ...

Бројката е уште пофасцинантна ако се знае дека Јокиќ одигра само 33 минути на овој меч, во последната четвртина на теренот беше само две минути. Дури 52 поени постигна за три четвртини, во последната уфрли уште три за вкупно 55. Имаше шут од поле 18/23, односно 78 проценти успешност. Промаши само еден од шесте обиди за тројка и две од 16 слободни фрлања. Имаше и 12 скокови и шест асистенции. Јокиќ ја заврши првата четвртина со дури 25 поени, што ...