Радост, игри и дружба со сите деца, без оглед на нивните разлики. Ова ве очекува в сабота доколку појдете на промоцијата на највеселата и најдругарската песна „Гуш и Бац“, која, како што велат изведувачите е вистинска химна за пријателството, љубовта и за инклузијата. Денот ќе биде посветен и на споделување насмевки и прегратки. Песната и видеото за неа се дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузија на ...

Во рамките на кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој, на 7-ми декември (сабота), ќе биде промовирана највеселата и најдругарската песна „Гуш и Бац“, која е вистинска химна за пријателството, љубовта и инклузијата. Организаторите на настанот, авторите на музиката и текстот (Весна Малинова), изведувачите Мијата, Космонаутко (Денис Јанкуловски) и сите останати што учествуваа во ...