Табла од 30 јајца на пазарот достигнува и до 400 денари. Револтираните граѓани велат дека цените се многу високи, а цената на една табла јајца дури ја надмина и цената на готова печена кокошка, која чини до 350 денари. Граѓаните очекуваат дека владата ќе преземе мерки, истовремено истакнувајќи дека цените се повисоки дури и од оние во Европската Унија. „Како не е многу 400 денари за пакет јајца? Како не е премногу? Дали треба да се преземат ...
Табла домашни јајца се продава по цена од 1.000 денари. Јавноста е шокирана од оваа цена. Иако јајцата изминатиот период поскапеа низ продавниците и маркетите, па така за табла јајца треба да се издвои од 300-400 денари, оваа понуда во фејсбук групата „Земјоделие“ каде се нудат домашни производи наиде на бура од реакции. Дали цената е реална или сепак станува збор за „лакомост“ на продавачот? „Домашни јајца од пуштени кокошки, 1.000 денари ...

