Притвор во траење од 30 денови им е одреден на четирите лица кои беа уапсени во полициска акција што вчера утрото била спроведена во Струга и во Гостивар. За нив постои основано сомнение дека се вклучени во кривичното дело „Терористичка организација“ согласно член 394-а од Кривичниот законик. Станува збор за поддржувачи на терористичката група „ИСИС“, поврзани со радикални структури во земјава и во регионот. Лицата се членови на затворени групи ...

21-годишен гостиварец како војник за промоција на добро познатата терористичка организација ИСИС, на почетокот на оваа година, создал управувал со терористичка ќелија во Македонија. Му се приклучиле уште двајца од Гостивар и еден од Струга, а постојано биле на линија и со други групи од државата и странство. Групата планирала терористички акти на цивилни – меки цели и јавни објекти, а имале намера да си набават и оружје за нападите. 21-годишниот ...