Ливерпул го надигра, и заслужено го совлада Реал Мадрид со минимални 1-0. За победата што е минимална е „виновен“ Тибо Куртоа кој имаше фантастични пет интервенции, и спаси вистинска катастрофа на својот тим. Од друга страна „кралевите“ одиграа блед натпревар, без ниту една сериозна шанса. Ливерпул беше подобар противник во првиот дел од Реал, но благодарение на Куртоа, резултатот на полувремето беше 0-0. Имаше и еден спорен момент, ама Ливерпул ...

Францускиот играч за врска на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, има повреда на мускулот во левата нога и ќе паузира три недели. Чуамени е незаменлив за тренерот Чаби Алонсо, беше стартер на 15 од 16-те натпревари на Реал сезонава. Против Ливерпул одигра цел меч без знаци на повреда. Оваа повреда доаѓа непосредно пред репрезентативната пауза, па за Кралскиот клуб и нема некоја преголема штета бидејќи во следните три недели ќе одигра само два меча во ...