Според податоците на платформата за мерење на загаденост на воздухот „Ај-кју ер“, Скопје и денес е најзагаден град во Европа и петти во светот. Утрово околу 10 часот и 31 минута, главниот град се искачи веднаш по Лахор, Делхи, Ханои и Чонгкинг. Со индекс од 165, воздухот во Скопје влезе во категоријата на „нездрав воздух“, означена со црвена боја. Веднаш по него, на шестото место во светот е Приштина со индекс од 160. Изминатиот период Скопје ...

Главниот град прв во Европа, трет во Светот по загаденоста на воздухот, кој апликацијата „IqAir“ го карактеризира како нездрав. Според официјалните податоци од мерните станици на Министерството за животна средина, најзагадено е во Центар, но ништо подобро не е ниту во Аеродром и Карпош. Но не се гушат само скопјани. Мерните станици се во „црвено“ и во Струмица и во Куманово. Надлежните проблем гледаат во загревањето. Премиерот Мицкоски вели, ...