Столе Димитриевски уште еднаш покажа зошто треба да биде прв голман на Валенсија. Се играше 119.минута од второто продолжение на средбата од 1/32 коло во “Копа дел Реј“ меѓу Картагена и Валенсија, кога домашниот тим, инаку третолигаш, доби пенал. Шутираше од белата точка Санчез, а Македонецот со фантастична одбрана го спаси својот гол. Останаа тие 1:1, а во 120+1.минута Васкез успеа да реализира за победа од 1:2 и за пласман во следната рунда ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е херојот на Валенсија во 1/32-финалето од Купот на Шпанија. Димитриевски ја спаси Валенсија од бламажа откако во 119. минута од мечот на гостувањето против нисколигашот Картагена во „Копа дел реј“ успеа да одбрани пенал, по што му овозможи на својот тим да дојде до победа од 1-2 и пласман во 1/16-финалето на Купот. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1, па следеа продолженија на дуелот. ...

