Во пресрет на утрешниот дуел, воедно последен од тековното ПМФЛ коло, тимот на Пелистер ќе одигра дуел во Струга против тимот на Шкупи. Тренерот на битолчани, Милан Стојановски како најава за дуелот вели дека тимот во изминатиов период добро работел, дека има мали провлеми со замор и повреди, но дека сето тоа не треба да биде пречка за добар меч утре. „Многу ни е полесно по победата во претходното коло. Дадовме и одмор, имаме и мали проблеми со ...
Екипата на Шкупи загуби уште еден натпревар во ПМФЛ. Денеска чаирската екипа загуби од Пелистер со 3-0, и така остана само со еден бод „закована“ на дното на табелата во ПМФЛ. Воедно, чаирската екипа е најлошиот тим во Европа. Со само еден освоен бод е само екипата на Енозис од Кипар, но овој тим има нешто подобра гол разлика од „сините“ од Чаир. Во првенството на Сан Марино, тимот на Мурата има -2 бодови, но на оваа екипа и беа одземени девет ...

