Нема да се одржи закажаното рочиште на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини. Поради тоа, ќе се донесе решение за одлагање на расправата, а наредбите за спровод на Палевски и обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски ќе бидат отповикани од ...
Одложено е денешното рочиште на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски. Адвокатот Страшевски го известил Судот дека не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Поради тоа Судот ги отповикал наредбите за спровод од затвор на обвинетите Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и ...
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски се одложува за 23 април поради отсуство на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски. Судијата Ивица Стефановски, информираше дека денеска добил поднесок од бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски, со медицинска документација и барање за одложување. Судијата, посочи дека ова е прво вакво барање, но доколку се повтори во иднина ќе назначи адвокат по службена должност. Следното ...
Рочиштето на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо денеска требаше да продолжи со сведочењето се одложи. Судот, утринава добил известување од адвокатот на Палевски, дека од здравствени причини нема да може да присуствува на рочиштето. На минатото рочиште, Палевски одговарајќи на прашања од неговиот бранител Јовица Страшески негираше одговорност за двојното убиство, тврдејќи дека нема мотив за ...

