Сиљановска-Давкова одговарајќи на ова прашање во интервју за државната агенција МИА, го повторува нејзиниот став дека во Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија нема одредба која вели дека треба да се смени Уставот и не може ниту да има бидејќи, како што вели, тоа „се врзува за фамозните историски комисии и нивните разговори и преговори“. Според неа, ако се тргне со почитување на темелните вредности и принципи на уставното право ...

Не можам точно да одговорам дали може да дојде до реализација на т.н. „француски предлог плус“, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова која е во Њујорк, каде што ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите нации. Сиљановска Давкова вели дека најповторуваната синтагма од сите е дека Македонија треба да ги почитува договорите. - Не би можела точно да одговорам, иако на маргините имав пријателска средба ...