Кошаркарите на Винеам од Виница ја продолжуваат својата импресивна форма со трета победа во низа откако со убедливи 55:98 славеше на гостувањето кај Дибра Еаглс во Дебар, во рамки на 3. коло на Аматерската кошаркарска лига, која е трета лига по ранг на натпреварување. Тимот од Виница игра допадлива кошарка и се наметнува како главен фаворит за првото место, а со тоа и секако ќе растат амбициите на тимот кој сигурно е дека ќе сака влез во Првата ...

Кошаркарите на Винеам утре на домашен терен ќе се соочат со Конзули во рамки на 4. коло на Аматерската кошаркарска лига, во кое лидерот од Виница ќе бара продолжување на својот максимален скор односно ќе бараат четири од четири. Винеам е фаворит против гостинот од Битола, кој ќе сака на тешкиот терен во Виница да биде првиот тим кој ќе ја запре победничката низа на лидерот. Натпреварот меѓу Винеам и Конзули се игра утре, сабота во Виница со ...