Македонските ракометари одиграа нерешени 29-29 на стартот на главната фаза на Светското првенство против Австрија. Натпреварот во „Арена Вараждин“ веројатно заврши со најреалниот исход, бидејќи двете селекции имаа свои моменти. На прес-конференцијата по натпреварот своите очекувања ги изнесе селекторот Кирил Лазаров. „Австрија беше фаворит пред натпреварот. Последниот пат нè победија, а во последните две години имаа подобри резултати од нас. Им ...

Лазаров е задоволен поради голот на Кузмановски, но разочаран од промашениот пенал со кој можеби и ќе победевме. „Првите импресии се поделени, може да бидеме среќни затоа што постигнавме гол, но може да бидеме незадоволни затоа што промашивме пенал за водство. Ако постигнавме гол, ќе бевме во предност, но тоа е во моментов, не нè следи среќата. Велат дека среќата ги следи тие што ја заслужиле, најверојатно не сме ја заслужиле сè уште. Горд сум ...