Криминалните мрежи низ Европа на нов и шокантно брутален начин ги злоупотребуваат децата, претворајќи ги во извршители на насилни злосторства, од тортура до убиство, предупреди директорката на Европол, Катрин де Бол, во интервју за „Политико“. Таа истакна дека станува збор за најголемата актуелна криминална закана за Европската Унија, бидејќи овие мрежи „уништуваат семејства и го уриваат општеството“ преку целни напади и регрутирање малолетници. ...
Регрутирањето започнува со безопасни разговори и завршува со уцени, понуди за пари и брутален притисок што ги уништува семејствата и ја изложува Европа на нов, опасен вид криминал. Криминалните мрежи сè повеќе ги „наоружуваат децата“ и ги користат за извршување тортура и убиства, регрутирајќи ги преку популарни видео игри и паметни телефони, предупреди директорот на Европол. Како што наведува, овие групи денес претставуваат најголема поединечна ...

