Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Општина Ресен. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и со членовите на Советот на општината, ќе се сретне и ќе разговара со жители на Ресен. Предвидено е да ги посети Спомен музејот на Татарчеви и Домот на култура „Драги Тозија“. Во рамки на посетата, претседателката ќе го ...
Грижата за Преспанското Езеро е основната причина поради која претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска ја посети општина Ресен од каде најави дека во наредниот период ќе посети голем број општини и населени места низ државата. Изрази задоволство што е во Ресен, град, кој според неа, од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само, како што рече, заради убавината, историјата, ...
Изрази задоволство што е во Ресен, град, кој според неа, од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само, како што рече, заради убавината, историјата, соживотот, езерото, ретките птици, Сарајот, музејот на Татарчев, Наде Проева… „Неслучајно почнав од Ресен, бидејќи основната причина беше грижата за Преспанското Езеро. Добив темелни податоци, меѓу кои и оној дека не е основната причина во ...

