Новоизбраните судии од редот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, денеска во Судскиот совет дадоа свечена изјава со што официјално станаа судии. Како што истакна претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, станува збор за 49 нови судии, со кои се очекува да се ублажи проблемот со недостатокот на судии ширум земјава. Ова е доста битен ден за македонското правосудство, за Судскиот совет, но и за нашата држава, ...

Владата ја започна постапката за избор на нов судија во Европскиот суд за човекови права, кој треба да дојде на местото на Јован Илиевски, баџанакот на екс шефо на УБК, Сашо Мијалков. Од друга страна, само тројца вработени во Бирото за застапување на Северна Македонија пред Европскиот суд работат десетици предмети поднесени од граѓани против државата до судот во Стразбур. На 25 март, Владата донесе одлука за основање на Комисија за избор на ...