Резиме Прашањето дали Босна и Херцеговина влегува во мрежата на долгови и политичко влијание на официјален Пекинг се поставува откако Кина презентираше нов петгодишен план, ветувајќи ѝ на БиХ партнерство „win-win“ и можности за инвестирање - од инфраструктура и енергија, преку земјоделство, до високи технологии, како што е вештачката интелигенција. Додека официјален Пекинг вели дека „држењето чекор со Кина е исто како држењето чекор со ...

Невладините кои ја следеа фазата на интервјуа на кандидатите за македонски судија во судот во Стразбур нотираат слабости во методологијата и транспарентноста на процесот, конфликт на интереси и силни сомнежи за усогласеноста со стандардите на Советот на Европа за транспарентен и непристрасен избор. Претседателот на Комисијата, Дарко Костадиновски само делумно се согласува со извештајот. Кандидат за судија на Северна Македонија во Европскиот суд ...

Младите лекари реагираат за неправичност при вработувањата во јавното здравство и бараат укинување на дискреционото право како архаична алатка која на директорот му дава ексклузивно право да одбере кој ќе биде вработен. Властите најавуваат законски измени за нова постапка на вработување. Дури ни по 100 пополнети апликации на огласи за вработување, по кои следувале десетина интервјуа, млада докторка од Скопје не успеала да добие постојано работно ...

Белата куќа потврди дека на 4 декември во Мајами, специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе се сретне со шефот на украинскиот Совет за национална безбедност, Рустем Умеров. Напорите за наоѓање решение за запирање на речиси 4-годишната војна на Русија против Украина се чини дека наидоа на пречка по состанокот во Москва меѓу американските преговарачи и претседателот Владимир Путин, бидејќи Кремљ и руските претставници сигнализираа мала ...

СДСМ ќе добие ново раководство додека лидерот Венко Филипче останува. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе им дадат уште по еден мандат на Христијан Мицкоски и Али Ахмети, додека ВРЕДИ конечно најавува спојување во една партија. Промените по изборниот пораз се логични за опозицијата, сметаат дел од аналитичарите. Но, дали се доволни? Од кадровски освежувања до нови стратегии и формални обединувања, се дел од промените кои веќе се случуваат или ќе следуваат во ...

Резиме По речиси една година истрага, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ги казни четирите големи маркети и Сојузот на стопански комори за кои уште во февруари отвори истрага за договарање на цени зад затворени врати. КЗК соопшти дека одлучила да ги казни маркетии по 50 илјади евра, а Сојузот на стопански комори со 18,6 илјади евра „поради забрането договарање и усогласено однесување во однос на цените“. Кога КЗК ја започна во ...

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Софија и други бугарски градови за да се приклучат на протестите доцна на 1 декември против буџетските планови на владејачката коалиција, принудувајќи ја владата да ги повлече следниот ден наутро. Но, толпите, исто така, скандираа „оставка“ по продлабочениот гнев поради корупцијата и економските проблеми, додека Плоштадот на независноста беше исполнет со луѓе во најголемите демонстрации од 1990-тите. ...

Учесниците во дискусијата во Комитетот за надворешна политика на Претставничкиот дом на САД ја повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се ангажира повеќе во Западен Балкан со цел да се стабилизира тој регион, со оценки дека е најмногу го дестабилизира Русија преку Србија. Отворајќи го сослушувањето во Поткомитетот за Европа, републиканскиот претседател Кит Селф оцени дека Западен Балкан, освен Украина, која е под руска ...

Резиме Американската делегација, предводена од специјалниот претставник Стив Виткоф, на 2 декември во Кремљ разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и неговите помошници речиси пет часа за предлогот насочен кон ставање крај на инвазијата на Москва во Украина. Во еден ден на интензивни дипломатски напори за ставање крај на најголемиот и најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна, украинскиот претседател Володимир Зеленски ...

Следната недела во Собранието треба да почне да заседава анкетна комисија на која ќе се дискутира за пожарот во Кочани. Неа ја бараа и родителите на загинатите деца, кои преку овој инструмент ќе се соочат и со пратениците во парламентот. Што може да донесе анкетната комисија додека паралелно тече судскиот процес во кој сите обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни за трагедијата што одзеде 63 животи, а над 200 лица беа повредени? Одговори ...

Ученик од основно за да се запише во посакуваното средно училиште и потоа на факултет, потребни му се високи оценки. Трката по просек прави притисок врз родителите, врз наставниците и врз учениците, кои иако одлични на хартија, на тестови покажуваат дека немаат реално знаење. Во нашиот систем целиот фокус е ставен само на високите оценки, тој концепт треба да се менува, вели професорот Кирил Барбареев. Проблемот во образованието е многу подлабок ...

Резиме Ако постои еден начин на кој претставниците на Европската Унија сметаат дека можат да добијат место на масата кога станува збор за решавање на војната во Украина, тоа се 176 милијарди евра (204 милијарди долари) замрзнати руски средства што моментално се чуваат во рамките на Унијата и како тие можат да се користат и политички и економски. Минатиот месец, ЕУ во голема мера беше настрана кога Соединетите Држави презентираа мировен план кој ...

По речиси 20 министри се смениле некои ресори во македонските влади досега. Честите смени носат заморена и мрзелива администрација и ги намалуваат шансите за спроведување крупни реформи, сметаат дел од експертите. Сепак, континуитет може да има со професионализација на државните секретари и службеници во министерските кабинети, смета Неда Малеска-Сачмароска од Центарот за управување со промени. Беким Сали и Мухамед Хоџа извесно е дека ќе бидат ...

Во Северна Македонија не се проблем законите, туку тоа што државата го толерира загадувањето на големите постројки, особено во енергетскиот сектор, вели во разговор за РСЕ Давор Пехчевски. Тој е координатор за енергетика во граѓанската мрежа (Bankwatch) од 17 организации во 14 земји од Централна и Источна Европа и Кавказот кои следат проекти финансирани со јавни пари. Собранието го донесе Законот за контрола на индустриски емисии за да се ...

Високи американски и украински претставници ги завршија разговорите во Флорида, а државниот секретар Марко Рубио ја опиша сесијата како „многу продуктивна“, но нагласи дека е потребно уште работа за да се изготви план за прекин на војната на Русија против Украина. „Имавме уште една многу продуктивна сесија, надоградувајќи се на разговорите во Женева и настаните од оваа недела, но има уште работа што треба да се направи“, изјави Рубио за ...

Резиме Украинскиот претседател, Володимир Зеленски ги засилува глобалните напори за постигнување мировен договор, испраќајќи преговарачки тим во Соединетите Држави и планирајќи посета на Париз, додека неговата влада се соочува со корупциски скандал и засилени руски воздушни напади. Зеленски на 29 ноември изјави дека го испратил преговарачкиот тим во САД како дел од напорите за постигнување „достоинствен мир“ и крај на војната што Русија ја ...

Линеарното зголемување е за усогласување со животниот стандард, вели директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој смета дека тоа е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите. Мемов вели дека исплатата на пензиите ќе биде редовна и уверува дека не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Како портпарол на ЗНАМ одговара и дали ќе има смена не некој од двајцата ...

Резиме Советот на Европската Унија на самитот до декември уште еднаш ќе ја повика Северна Македонија да ја исполни обврската и да ги направи уставните измени со цел да продолжи со преговарачкиот процес, покажуваат нацрт-заклучоците за проширувањето, во кои Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше увид. Во нив, е наведено дека Советот ја поздравува посветеноста на земјата на евроинтеграциите и ја „охрабрува да ги интензивира напорите за унапредување на ...

Андриј Јермак, влијателниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка неколку часа откако Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) извршија претрес во неговата канцеларија. Зеленски ја потврди оставката во своето редовно видео обраќање до украинскиот народ на 28 ноември. Зеленски рече дека е „благодарен“ на Јермак, кој минатата ...

Кампањата на Украина со дронови за длабински удар, насочена кон руските капацитети за производство на нафта и гас, веќе ја чинеше Русија 10 проценти од нејзиниот капацитет за рафинирање, според експертите од индустријата. „Десет проценти, не е многу“, вели Татјана Митрова од Центарот за глобална енергетска политика на Универзитетот Колумбија. „Но, тоа е сепак нешто што почнува да се чувствува со руската домашна криза со горивото, со намален ...

Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САПО) во петокот објавија дека спровеле претреси во просториите на Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на претседателот на Украина. Јермак се смета за близок соработник на претседателот Володимир Зеленски дури и пред да влезе во политиката, а исто така игра клучна улога во надворешната политика и донесувањето одлуки. Сè уште ...

Вработените во АД „Пошта“ овој месец два дена ја бојкотираа работата. Задоцнетите плати кои беа причина за бојкотот се само дел од напластените проблеми во Поштата чиј доспеан, а неплатен долг заклучно со септември е скоро 3 милиони евра. Претходната влада планираше приватизација, а актуелната ќе ја подобрува состојбата со законски измени. Со стари униформи, торби и свои возила, поштарите ги разнесуваат пратките до граѓаните, од кои дел ...

Резиме Јавниот долг на Северна Македонија расте континуирано од 2008 година наваму и во моментов достигнува 9.7 милијарди евра, додека државниот долг, односно задолжувањето на централната власт, изнесува 8.5 милијарди евра, што претставува 50.3 проценти од Бруто домашниот производ, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 ...

Соединетите Американски Држави соопштија дека ги запираат сите барања за имиграција поврзани со Авганистан откако Авганистанец застрела двајца припадници на Националната гарда, од кои едниот почина еден ден по пукањето во близина на Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп на 27 ноември изјави дека 20 годишната Сара Бекстром починала од повредите откако била застрелана еден ден претходно од осомничниот 29-годишен Рахманула Лаканвал кој беше ...

По труењето на ученици со храна од основното училиште „Димо Хаџи Димов“, се уште се утврдуваат причините. Инспектори од Агенцијата за храна спроведуваат вонредни контроли во девет други основни училишта во општина Карпош, каде што снабдувач со храна е иста компанија. Меѓународната организација ФАО посочува системски пропусти во контролата на храна во македонските училишта. Пет деца се задржани за болничко лекување, а неколку се пратени на ...

Резиме Обидот за нелегален транзит низ македонските патишта минатата недела заврши трагично за двајца мигранти од Кина. 41-годишна Кинеска почина на местото на несреќата, кога камион со српски регистарски ознаки излета од коловозот на патот Валандово - Дојран и се преврте во четири часот изутрината на 20 ноември. Нејзиниот сопатник во „патот на смртта“ беше и 41-годишниот Л.Ш., кој почина еден ден подоцна откако беше примен со тешки повреди на ...

Дезертерствата, избегнувањето на регрутација и минималната возраст за регрутација од 25 години придонесоа за проблемот што ја попречува одбраната на Украина од целосна руска инвазија, која ќе ја достигне четиригодишна граница во февруари, доколку не се постигне мир. Но, потребата на Киев да ги однесе луѓето на фронтот, исто така, создава проблем со работната сила во заднината, при што недостигот на работна сила ги погодува многу индустрии и ...

Рударската, текстилната, автомобилската и тешката индустрија се исправени пред нов бран на отпуштања на работници. Според досегашните објавени податоци годинава над илјада луѓе ги загубија работните места. Статистиката покажува сериозен пад на рударската и металната индустрија. Од почетокот на годинава се затворени десетина текстилни фабрики, а најавија заминување и две странски инвестиции кои броеја околу илјада вработени, како и намалено ...

Граѓани во редици чекаат бесплатните прегледи по повод „Мовембер“, што е побрзо отколку да чекаат термин во јавното здравство. Оливер Станков, претседател на Балканското здружение на уролози смета дека стотината уролози во државата се доволни според бројот на население. Кристијан Станковски - Бомбакис, познат како момчето со картоните, за РСЕ го споделува своето искуството. На 29 години добил канцер на тестиси. По една операција, две хемотерапии ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го испраќа специјалниот претставник Стив Виткоф во Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во врска со мировниот договор со Украина, за кој Киев вели дека е подготвен „да продолжи напред“ додека се средуваат некои последни „чувствителни“ точки. По еден ден бурна дипломатија, кога се одржаа средби меѓу делегации во неколку земји низ Блискиот Исток и Европа, се чини дека се ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
77%
1009
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1011
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.42
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1009
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
93%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
87%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Рутениум

29192.88

Злато

135322.28

Иридиум

145787.60

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76

Сребро

1837.41

Никел

471972.96

Платина

53106.37