Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Жени на листите за градоначалници има само во 24 општини. Дури 57 актуелни градоначалници бараат нов мандат, а во трка се и десетина министри и пратеници. Новаци, со само 2.600 жители е меѓу општините со најмногу кандидати – дури шест. Што покажува анализата на кандидатурите за локалните избори? Вкупно 309 кандидати се во трка за 81 градоначалничко место – 80 општини плус Градот Скопје за претстојните локални избори, покажува анализата на ...
Што имаат заедничко руската ГРУ, неонацистички ветеран од украинската војна, и поранешните ултрадесничарски фудбалски навивачи? Тие се поврзани со тековна кампања за регрутирање саботери во САД и Европа. Истражната единица на РСЕ, Система, ги документира тие врски за прв пат. Видеото почна да циркулира на почетокот на август, главно на каналите на Телеграм, кои беа познати по руските националистички и провоени чувства. Женски глас со ехо ...
Во ненадејна промена, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина, со помош на своите европски поддржувачи, може да ја врати целата територија окупирана од Русија. Неговата изјава на социјалните мрежи на 23 септември, по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, брзо предизвика возбуда. Претходно, Трамп и други американски претставници силно сугерираа дека ...
Пожарот кој избувна во објект за електронски отпад им создаде проблеми во дишењето на жителите во Трубарево за кои денеска (24 септември) таму почнува дводневен скрининг. Пожарот ја „разгори“ и дилемата – дали да се јаде храната која тие ја произведуваат. И покрај загриженоста, анализите покажаа дека нема радиоактивност во почвата, ниту тешки метали во водата. Експерти, за РСЕ, сугерираат дека доволно е храната убаво да се измие, но потребна е ...
Северна Македонија се обврза да го промени Уставот. Чекаме наскоро да одржат локални избори. Веројатно нема да биде порано, но очекуваме тоа да се случи што е можно поскоро, порачува Марта Кос, европската комесарка за проширување, во интервју за Радио Слободна Европа. Таа исто така смета дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е услов за двете земји да се приближат до европското семејство. Кос е во Босна и Херцеговина, на тридневна ...
Кристина Круду ги разгледува своите јаболкници и се жали дека нејзиниот бизнис наскоро може да банкротира поради економските стресови што ги претрпе Молдавија по општата инвазија на Русија врз соседна Украина. Молдавија е сè уште цврсто поврзана со земјоделството, со повеќе од една четвртина од населението вработено во полиња, лозја и овоштарници. Додека се подготвува за парламентарните избори на 28 септември, таа е исто така плодна почва за ...
Резиме Американскиот претседател Доналд Трамп склучи трговски договори во вредност од над 12 милијарди долари со Узбекистан и Казахстан, во рамките на напорите на Белата куќа за продлабочување на економските врски со стратешкиот централноазиски регион. Узбекистан се согласи да купи до 22 авиони од „Боинг“ со седиште во Вирџинија, соопшти компанијата. Државната авиокомпанија „Узбекистан ерлајнс“ ќе купи 14 со опција за купување уште осум, соопшти ...
Директна продолжена дискриминација врз душевно болните пациенти прават трите психијатриски болници и Министерството за здравство, утврди Комисијата за заштита од дискриминација. Граѓански организации и Народниот правобранител и минатите години укажуваа на нехумани услови и недостиг на персонал во овие болници, на засега нема најави дека состојбите ќе се подобрат. Трите психијатриски болници и Министерството за здравство вршат директна продолжена ...
Претставници на НАТО се собираат на состанок на Северноатлантскиот совет (NAC) на 23 септември, свикан од Естонија како одговор на упадот на руски воени авиони во нејзиниот воздушен простор минатата недела. Тој инцидент и претходните упади на руски беспилотни летала во други членки на НАТО, особено во Полска на 10 септември, ја оставија алијансата во потрага по вистински одговор. Чешкиот претседател Петр Павел, професионален војник кој служеше ...
Концентрациите на PM10 честички во зоната на Трубарево се безбедни и не ја надминуваат законската граница – информираше Министерството за животна средина по пожарот кој на 13 септември изби во складиштето за електронски отпад. Испитувањата и на воздухот и на почвата продолжуваат Според резултатите од Индикативните мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 во зоната на Трубарево, во периодот 14-18 септември 2025 година, што ги изврши ...
По признавањето вина од онкологот Пешевска и изрекувањето на пресудата за неа, судењето за несовесно лекување пациенти ќе продолжи за поранешниот директор и двајца доктори од Онкологија. Во судска постапка е уште и предмет против поранешните директори на Клиниката – медицински и економски. И тие и докторите, ги отфрлаат обвиненијата што им се ставаат на товар. Алтернативна мерка - условна казна доби докторката, онколог, Мери Пешевска, во ...
Резиме Украинците во градот Костјантинивка, во близина на источната линија на фронтот во војната на Русија против Украина, се во постојана опасност. Руските сили во регионот Донецк се обидуваат да напредуваат од неколку насоки, истражувајќи слаби точки во одбраната. Кремљ сака да го прекине пристапот на украинските сили до патиштата за снабдување, што го прави овој град главна цел. И покрај постојаното гранатирање и прекините во снабдувањето со ...
Два дена по упадот на руските беспилотни летала на полска територија на 10 септември (настан без преседан) НАТО го откри својот одговор – Операција „Источна стража“. Мисијата започна веднаш на 12 септември, но ќе биде дополнително развиена во наредните недели. Целата идеја, според алијансата, е да ја зајакне својата позиција, поврзаност и флексибилност по целото источно крило. Иако фокусот моментално е на руските беспилотни летала и географски ...
Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзела лиценците на најмалку пет геодоски фирми во државата. Причината за тоа се неприкажување на реална фактичка состојба на терен, вели директорот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа Господине Живковски, зошто досега не беше ставен во функција регистарот на цени и закупнини на недвижности, кој што требаше да им oвозможи на граѓаните приближно точна информација ...
Резиме Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се закани на Авганистан со неодредени „лоши работи“ доколку не ја врати големата воздухопловна база Баграм, надвор од Кабул, на Соединетите Држави — барање што претходно беше одбиено од страна на талибанските власти во земјата. „Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, Соединетите Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ,“ напиша Трамп на 20 септември на Truth Social. ...
Откако Русија изведе нов масовен напад со дронови и ракети врз Украина, полски и други НАТО авиони итно полетаа. Нападот следеше по вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор и инцидентите со руски дронови во Полска и Романија. Полски и други авиони на НАТО итно полетаа на 20 септември, кога Русија започна уште еден масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Украина. Бранот ноќни напади дојде кратко откако земјите на НАТО изразија ...
Резиме Сојузниците на НАТО го осудија нарушувањето на воздушниот простор на Естонија од страна на Русија, што е трето провокативно упаѓање од страна на Кремљ во последните денови, а западната воена алијанса закажа состанок на својот Северноатлантски совет за да разговара за продлабочувањето на кризата. „Денес разговарав со естонскиот премиер Кристен Михал за нарушувањето на воздушниот простор од страна на Русија“, рече шефот на НАТО Марк Руте на ...
Најголем дел од лицата кои се најдоа на Американската црна листа главно за сомневања за корупција и влијанија врз судството, се уште се активни во политиката и бизнисот. Санкциите се чини дека се одразија на падот на кредибилитетот, но ретко е судско расчистување на корупциските афери. Пред повеќе од четири години, струшкиот Црн Дрим во вечерните часови наеднаш стана колоритен, менувајќи го течението на реката во сина, зелена и црвена боја. ...
Резиме Вкупно 265,2 милиони евра биле потрошени на македонскиот пазар со недвижности во период од април до јуни годинава, од кои 112 милиони евра се само за купување станови, покажува регистарот за цени и недвижности што повторно почна да го објавува Агенцијата за катастар на недвижности по пауза од пет години. Овој регистар каде просечната цена се добива врз база на склучените договори и преддоговори за продажба на станови е законска обврска на ...
За прв пат се пронајдени докази дека киднапираните украински деца биле користени од Русија за склопување воена опрема, според раководителот на тим од Универзитетот Јеил, кој ја истражува судбината на речиси 20.000 малолетници, за кои се вели дека биле киднапирани или насилно раселени. „Ова е прв пат да видиме таков опис на деца вклучени во изработка на уреди за воени операции“, изјави за РСЕ Натаниел Рејмонд, раководител на Лабораторијата за ...
Ново истражување споделено со Радио Слободна Европа (РСЕ) покажува дека водечките кинески универзитети поврзани со одбранбениот сектор на земјата значително ги зголемиле своите истражувачки партнерства со руските институции, обезбедувајќи ѝ на Москва пристап до нова технологија и експертиза што можат да помогнат во спротивставувањето на западните санкции што се применуваат по целосната инвазија на Кремљ врз Украина. Прелиминарните наоди собрани ...
Во Министерството за транспорт и врски се одржала стручна расправа за можни измени на Правилникот за урбанистичко планирање на кој дел од граѓанските организации реагирале дека предлог-измените се штетни. Министерството за транспорт и врски објаснува дека измените сè уште се разгледуваат, додека министерот Николоски за РСЕ изјави дека се откажал од идејата. Министерството за транспорт и врски покрена дебата за нови измени на Правилникот за ...
Фемицидот во Велес повторно го отвори проблемот за способноста на системот да ги заштити жртвите на насилство. Доволна ли е условна осуда за насилникот, имаат ли центрите за социјална работа доволно пари, располага ли државата со доволно засолништа и советувалишта, се дел од прашањата што се покренуваат откако пред три дена беше убиена 31-годишната Росица. На 10 септември, скопјанецот Илија Стефановски од Основниот суд во Велес бил прогласен за ...
Руските музичари не беа добредојдени на сцената на натпреварот за песна на Евровизија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, но Русија се осигурува дека тие имаат место каде што ќе го покажат својот талент во програма проткаена со носталгија по Студената војна. Русија го оживува „Интервижн“, натпревар за песни од советската ера, некогаш наменет да и се спротистави на Евровизија. Организаторите велат дека најмалку 22 ...
Резиме Со децении, повеќето големи американски технолошки компании и инвеститори го избегнуваа Пентагон. Некои беа одвратени од лавиринтот на договорните правила, оставајќи го поголемиот дел од работата на гиганти како „Локид Мартин“ и „РТИКС“. Други имаа проблеми со етичките прашања за производство на оружје и системи за надзор. Сепак, целосната инвазија на Русија во Украина, конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за ...
Резиме Од 2019 до 2025 година, ЕУ потроши 1,5 милиони евра за да го реформира секторот шумарство во Северна Македонија. Трите проекти завршија, но, спроведување на реформите не се одвива на начинот на кој претходно било планирано. Два претходни проекти чинеа 250.000 евра, а последниот „Поддршка на реформите во шумарството во Северна Македонија“, со буџет од 1.255.100 евра беше финализиран на почетокот на јули годинава по 28 месеци од неговото ...
Обвинувања на Кремљ против Европската Унија (ЕУ), но без докази. Ова е главната порака на руското разузнавање, кое ги обвинува Унијата и нејзините земји-членки дека стојат зад антивладините демонстрации во Србија. Додека на 1 ноември се одбележува годишнината од смртта на 16 лица во несреќа што предизвика масовни протести, Кремљ ги смета илјадниците демонстранти кои бараат одговорност од властите за „испрани мозоци“. Во соопштението на Руската ...
Резиме „Тешко ми е да сфатам како плодно земјиште може да се претвори во депонија, наместо да се користи за садење или рекреација.“ Ова се зборовите на Ангела Тасевска - биолог од Струга, која во разговоро за Радио Слободна Европа ни раскажа дека во детството се гордееле со чистотата на околината на градот и Охридското Езеро. Денес состојбата во Струга е сосема поинаква, вели таа - депонијата лоцирана на неколку стотина метри од домовите во ...
Нема закажано судско рочиште во Кривичниот суд за пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе. Се уште се чека проценката на обвинителниот акт во Судот. Роднините на загинатите и повредените одбележуваат шест месеци од трагедијата и барат правда, а на социјалните мрежи повици за мирен собир и на скопскиот плоштад. Проценката на обвинителниот акт за обвинетите за пожарот во кочанската дискотека Пулс кој настана пред шест месеци ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјите од НАТО треба да престанат да купуваат руска нафта ако сакаат Вашингтон да ги заостри санкциите кон Москва, но тоа може трае многу време и е предизвик. Само три земји од НАТО во моментов увезуваат руска сурова нафта: Унгарија, Словачка и Турција. Од трите, Турција е најголемата. „Според нашите податоци, (Турција) е трет најголем увозник на руска нафта во светот“, изјави Петрас Канитас, ...