Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјите од НАТО треба да престанат да купуваат руска нафта ако сакаат Вашингтон да ги заостри санкциите кон Москва, но тоа може трае многу време и е предизвик. Само три земји од НАТО во моментов увезуваат руска сурова нафта: Унгарија, Словачка и Турција. Од трите, Турција е најголемата. „Според нашите податоци, (Турција) е трет најголем увозник на руска нафта во светот“, изјави Петрас Канитас, ...
Смртоносна војна која повеќето Руси сакаат да заврши беснее без знаци за мир на повидок. Инфлацијата е висока, а економијата забавува, што го натера шефот на најголемата државна банка да предупреди на ризикот од „стагнација“. Но, се чини дека владејачката партија „Единствена Русија“, инструмент на моќ на претседателот Владимир Путин низ целата земја, победи во поголемиот дел од регионалните и локалните избори одржани од 12 до 14 септември, ...
Израел започна ново масовно бомбардирање на градот Газа, откако американскиот државен секретар Марко Рубио, кој беше во посета, ја поддржа целта на сојузникот за искоренување на Хамас и предупреди дека можеби остануваат само неколку дена за дипломатско решение. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска (16 септември)изјави дека градот Газа-главниот урбан центар на територијата, е „во пламен“. „Нема да попуштиме и нема да се повлечеме ...
Пожарите може да бидат дел од содржината на хибридни напади, но безбедносните експерти се претпазливи околу тоа дали во конретниот случај во земјава тие се случуваат. Министерот за внатрешни работи Тошковски вели има индиции во тврдењата на премиерот, но детали не открива. Опозицијата, пак, обвинува дека Мицкоски не може да се справи со ситуацијата и прави ПР драма. За хибридни напади и подметнувања пожари организирани од домашни, но и странски ...
Возењето такси во руската престолнина никогаш не било многу профитабилно за Саид, таџикистански мигрант кој живее во Московскиот регион, но тоа ги плаќало сметките. Сега, вели тој, бензинот скокнал за повеќе од 30 проценти во последните недели - од 45 рубли за литар на 60. Сè на сè, неговата дневна плата е само три четвртини од она што го заработувал порано, вели тој и додава дека едвај може да ги покрие трошоците за живот. „Работиш, плаќаш ...
Иако Србија е една од земјите што ќе имаат свои претставници на 20 септември на музичкиот натпревар „Интервизија“ во Русија, основан како руски пандан на Евровизија, присуството на Србија на овој натпревар е придружено со голем број непознати. На веб-страницата на „Интервизија“ беше објавено дека претставник на Србија е пејачот и композитор Слободан Тркуља, но учесниците на натпреварот и државните власти во Србија не одговараат на прашањата на ...
СДСМ очекува да ја задржи локалната власт во општините каде ја има и досега, но се надева и на победа во други општини. Дали ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, што очекува во Кочани, дали раководството ќе си даде оставка при неуспех на изборите, но и аферата со прислушувањето и резолуцијата со црвените линии за ЕУ се дел од темите за кои разговараме со генералниот секретар Александар Саша Димитриевиќ во неделното интервју на РСЕ. ...
Пожарот во Трубарево е под целосна контрола, информира изутрината 14.09, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина“, вели Ангелов. Тој, изутрината објави и видео од местото на пожарот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција што ...
Дистанцирање од од вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, и предупредување до неговата Влада дека меѓународната поддршка слабее. Така Тоби Фогел од Советот за политика за демократизација во Берлин и Гзим Висока, професор на Одделот за студии за мир и конфликти на Правниот факултет на Универзитетот во Даблин, го гледаат прекинувањето на стратешкиот дијалог на САД со Косово. Во објава на Фејсбук профилот, Амбасадата на Соединетите ...
НАТО, предводен од европските членки, соопшти дека ја зајакнува одбраната на својот источен дел по упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што ги зголеми тензиите. НАТО на 12 септември соопшти дека започнал нова „активност“, наречена „Источна стража“, со која ќе се распореди дополнителна воена опрема од Велика Британија, Данска, Франција и Германија за да се одврати потенцијална руска агресија. „Активноста во повеќе ...
На последната пленарна седница откако мнозинството пратеници изгласаа декларација за фер избори, влегоа во жестока дебата за национални прашања и обвинувањата за незаконско следење на политичари. Афера за незаконско следење на политичари и новинари и враќање на претходното име на државата, животниот стандард и балансерот, беа дел од темите на кои пратениците жестоко дебатираа на последната собраниска седница во пресрет на локалните избори. Оваа ...
Summary Три тинејџерки нападнале 15-годишно девојче во скопски Карпош. Десегодишник бил физички нападнат од двајца соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон. Ова се дел од последните инциденти поврзани со врсничко насилство, а регистирани во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР). Секоја ваква вест одново ги вознемирува родителите на малолетници, кои како ...
Ихар Лосик, новинар на Радио Слободна Европа (РСЕ), е ослободен по повеќе од пет години брутален затвор во Белорусија по измислени обвиненија, во рамки на најновото ослободување политички затвореници во услови на затоплени односите меѓу Минск и Соединетите Американски Држави (САД). Лосик пристигна во соседна Литванија на 11 септември заедно со уште 51 лице, неколку часа откако го напушти затворот во северна Белорусија. „Неизмерно сме му ...
Русија и Белорусија започнаа големи заеднички воени вежби додека тензиите во регионот се зголемија откако руски беспилотни летала влегоа на полска територија. Тоа пак ги натера Варшава и сојузниците на НАТО да ја лансираат својата одбрана. Вежбите „Запад-2025“, кои започнаа на 12 септември, се одржуваат во Белорусија и Русија до 16 септември. Руските претставници изјавија дека вежбите ќе симулираат одбивање на непријателски напад, а ...
Чадот од депониите може да предизвика здравствени проблеми најмногу кај децата, хронично болните и трудниците, предупредуваат лекарите со препорака да не се останува на отворено. Граѓаните бараат итни мерки. Најавена забрана за движење на Вардариште, а премиерот обвинува за намерно потпалување во предизборието. Мирис на изгорено, гребење во грлото, кашлање, печење на очите… Ова се последиците кои граѓаните од повеќе населби во Скопје ги ...
ЕУ од следниот месец го стартува новиот систем за влез – биометрија наместо печати. Очекувањата се патувањето да биде олеснето на аеродромите, но предизвици се можни на границите со Грција и Бугарија поради простор и технички услови за земање податоци. Системот ETIAS или електронската регистрација ќе стартува на крајот на 2026. На 12 октомври 2025 година за сите патници од земји надвор од Европската Унија и Шенген-зоната, меѓу кои е и Северна ...
Балканот покажа дека национализмот не е само реторика, туку честопати претходник на војна. Во 1990-тите, идеологијата на Слободан Милошевиќ разгоре конфликти што оставија длабоки рани во регионот. Денес, слични сенки се враќаат преку сегашните лидери. Во нивниот центар, многу набљудувачи го ставаат претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На власт од 2014 година, прво како премиер, а потоа и како претседател, тој спроведе стратегија што го ...
Негативен однос на дел од политичарите кон новинарите, политички пристисоци, економска несигурност, празнини во законите и присуството на дезинформации, се дел од причините за намалената доверба на јавноста во медиумите гласи заклучокот во извештајот „Во сенка на слободата на медиумите“. Медиумите во земјава не се финансиски самоодржливи, особено со финансиски проблеми се соочуваат истражувачките медиуми, новинарските плати се под нивото на ...
Summary Скопјанецот, 37 годишниот Љупчо Бојчевски, единствениот затвореник во Северна Македонија кој е осуден за „Учество во странска војска“ затоа што се борел на руска страна во војната во Украина. Тој се кае за тоа што го сторил, како што пишува во пресудата на Кривичниот суд и се согласи за Радио Слободна Европа да раскаже низ што поминал. Во првите моменти во затворот „Идризово“, соговорникот на РСЕ изгледаше рамнодушно – со прекрстени раце ...
Во тек се градежни работи на локација во Белорусија, за која експертите велат дека изгледа како воен објект на кој потенцијално би можеле да се сместат руски стратешки ракети, според сателитските снимки анализирани од РСЕ со други партнери. Снимките од Планет Лабс покажуваат обемна изградба на пространа локација во областа Слук, 60 километри јужно од Минск, каде што на телевизиските снимки од мај 2024 година, се гледа дека претходно биле ...
Полска соопшти дека активирала борбени авиони и соборила неодреден број руски беспилотни летала што влегле во нејзиниот воздушен простор, нарекувајќи го тоа „чин на агресија“. Беспилотните летала постојано го нарушувале полскиот воздушен простор во раните утрински часови на 10 септември, соопшти армијата, откако Русија започна бран напади врз цели во Украина, вклучително и оние во близина на полската граница. Немаше непосредни извештаи за жртви ...
Пратениците од парламентарната надзорна Комисија ќе одат во АНБ, но без првите луѓе на комисијата, кои ги немаат потребните безбедносни сертификатите. Во меѓувреме партиските обвинувања за прислушувањето за кое обвини Премиерот - не престануваат. Десетина пратениците, кои се членови на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање се договориле утре, на 10 септември да ги посетат ...
Жители на Лагадин обвинуваат дека сопственикот на спорниот хотел на крајбрежето сака да ја узурпира плажата и бараат итна реакција од институциите. Министерството за транспорт и врски уверува дека ќе спречи самоволие, а Општина Охрид дека ќе реагира со инспекции. Инвеститорот демантира. Хотелот во населбата Лагадин на охридското крајбрежје, за кој жителите со години алармираат дека е дивоградба, повторно ја бранува јавноста, овојпат дека ...
Украинските сили започнаа напади со беспилотни летала и ракети врз два града во окупираните делови од источниот украински регион Донецк, додека американските и европските претставници се состанаа во Вашингтон за да разговараат за повеќе економски санкции врз Русија за да ја принудат да преговара за крај на војната. „Во нападите загинаа две лица, а 16 беа повредени“, рече Денис Пушилин, шефот на регионот Донецк, поставен од Русија. Украинските ...
Северна Македонија денеска го слави Денот на независноста 8 Септември – 34 години од историскиот референдум на кој граѓаните во 1991 година со убедливо мнозинство се изјаснија за суверена и самостојна држава. Оттогаш земјата го започна патот како независна парламентарна демократија, а 8 Септември стана еден од најважните државни празници. Честитки денеска пристигнаа од македонскиот државен врв, амбасадата на САД и претставници на ЕУ. ...
Русија за време на викендот го изведе својот најголем воздушен напад врз Украина од почетокот на целосната инвазија во 2022 година, продолжувајќи да врши притисок врз украинските сили на фронтот. Иднината на директните мировни преговори е неизвесна, при што надежите за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски исчезнуваат во несогласувањата меѓу двајцата лидери. Дискусијата за безбедносни ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на „силен“ одговор од САД на најновиот масовен руски напад со беспилотни летала врз Киев, кој за прв пат погоди владина зграда откако започна инвазијата во февруари 2022 година. „Важно е нашите партнери да дадат широк одговор на денешниот напад“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Сметаме на силен одговор од Америка. Тоа е она што е потребно.“ „Јасно е дека Русија се обидува да ѝ ...
Во текот на летото имаше многу шпекулации и назнаки од страна на официјални лица од Брисел дека Украина и Молдавија би можеле да бидат разделени на нивниот пат кон членство во ЕУ. Двете источноевропски земји се поврзани откако двете поднесоа барање за членство во Унијата по руската инвазија врз Украина на почетокот од 2022 година. И двете истовремено го добија статусот на кандидати, во текот на летото истата година, а кон крајот на 2023 година ...
Со 850 милиони денари, или скоро 14 милиони евра, државата финансиски ќе ги поддржи студентите за да си набават компјутери. Мерката за која има голем интерес, сепак според дел од малите и средни компании таа е дискриминаторска. Од Владата, за РСЕ, велат дека нема да ги преиспитуваат условите. Секој студент до 29 години кој запишал студии во академската 2025/2026 на некој од државните или приватните универзитети, ќе може да добие ваучер за да си ...
Коалицијата на подготвените, групација од повеќе од 20 западни земји, се приближува кон финализирање на плановите за некаков вид „мировни сили“ за Украина. Службеници запознаени со разговорите велат дека „дискусиите се интензивирале“ во европските престолнини во последните недели. Накратко објаснувајќи ја позадината на последните разговори во Париз на 4 септември, висок европски дипломат забележува дека има „зголемен ентузијазам“ за ...