Белград
12ᴼ /
11ᴼ
На денот кога Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги објави предвремените претседателски избори во Република Српска (РС) од редовите на српскиот народ, не е познато кои партии ќе учествуваат и кои ќе се нивните кандидати. Познато е дека опозицијата се обидува да има еден кандидат кој, како што стојат работите во моментов, ќе го предложи најсилната меѓу нив - Српската демократска партија. Тоа ќе биде објавено на 7 септември на ...
Европските лидери ги осудија ноќните напади со ракети и дронови врз Киев од страна на Русија, при што Велика Британија и Европската унија повикаа руски дипломати за да изразат негодување. Најмалку 18 лица загинаа во Киев, откако руските ракети уништија станбени згради и домови во главниот град во текот на ноќта. Десетици се повредени, а спасувачите пребаруваа низ купишта чадливи урнатини во потрага по преживеани. Овој напад беше најголемиот што ...
Свиткан покрај тротоар на паркинг, додека нервозно пушеше цигара, Маџеделдин Абдулхаи собираше сила за следниот дел од патувањето кое речиси го чинеше живот. Беше август 2015 година и со недели, стотици илјади луѓе патуваа од Турција, низ Балканот, кон Западна Европа барајќи азил. Во тоа време, тоа беше најголемото движење на луѓе во Европа од Втората светска војна. За земјите долж целиот синџир, кризата предизвика големи нарушувања кои и ...
Германскиот концерн „Рајнметал“ ќе учествува во изградбата на два погони во Бугарија, објави неговиот директор Армин Папергер. Едниот ќе биде за производство на барут, а другиот за гранати. Веста ја објави Папергер за време на средбата со лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов во Дизелдорф и неколку дена пред посетата на претседателот Румен Радев на Германија. Погоните ќе бидат заеднички проект на „Рајнметал“ и бугарската државна ...
Општините во првите шест месеци од изборната 2025 година издале дозвола за изградба на 4105 станови, што е за околу илјада нови станови повеќе од истиот период лани, покажуваат статистичките податоци. Од вкупниот број предвидени нови станови само 1771 ќе никнат во скопскиот регион. Фекалии ни се враќаат во домот, откако градежниците во соседството при изградбата на нова зграда ја затнаа канализацијата, сведочи 45 годишната Емилија од скопската ...
Во голем руски воздушен напад врз главниот град на Украина, убиени се најмалку осум лица - соопштија властите во Киев, додека високи украински претставници преземаат дипломатски активности за да обезбедат поддршка пред разговорите со американски претставници во Њујорк оваа недела. Рускиот напад со дронови и ракети погоди неколку локации во украинската престолнина, а сирените за воздушна опасност се слушаа низ цела Украина, вклучително и на ...
Ниту еден македонски универзитет и годинава не се најде на Шангајската листа. На врвот и понатаму се американските - Харвард, Стенфорд и МИТ, но на листата се и универзитети од регионот како белградскиот кој е подобро рангиран од универзитетите во Љубљана и Загреб. „Веќе долги години, Харвард е на првото место на Шангајската листа, имајќи ги предвид и неговите финансии. Но прашањето не е секогаш колку пари се даваат, туку и како тие се трошат. ...
По олеснетиот пристап за независни кандидати со два потписа и можни предолги гласачки ливчиња премиерот Мицкоски најави можност владата да именува повереници ако не успеат изборите во некои општини. Политички аналитичари велат дека неисполнет цензус е можен во помали општини погодени од иселувањето. Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК, предупредува на „злоупотреби од недобронамерници“. Ако и по вториот круг на локалните избори не ...
На изведувачите во државно контролираниот културниот сектор во западен Туркменистан им е даден рок да ослабат и да „изгледаат претставително“ за време за Денот на независноста на нацијата, изјавија неколкумина вработени за РСЕ. Актери, пејачи, танчери и други тврдат дека властите во покраината Балкан им рекле на оние кои имаат прекумерна тежина да ослабат пред јавните прослави на 27 септември или ќе се соочат со последици. Службениците наводно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја намали веројатноста за брза средба на рускиот и украинскиот лидер и ја покрена можноста за нови санкции врз Москва, иако рече дека и украинската страна не е без вина. „Сакам да видам како таа војна завршува. Многу, многу сериозно е она што го имам на ум, ако морам да го направам тоа. Но, сакам прво да видам како ќе заврши ова“, им рече Трамп на новинарите на 26 август во Белата куќа додавајќи: ...
Додека МОН исплаќа блок дотации на општински основни училишта, примери во Шуто Оризари и Струга откриваат длабоки проблеми, злоупотреби и немање контрола за трошењето на парите. Од 1 јануари 2026 година, МОН најавува примена на нова формула за пресметка на блок дотации. Минатата недела, два случаја во две различни општини во државата - Шуто Оризари и Струга го отворија прашањето дали Министерството за образование и наука има контролен механизам ...
Полицијата регистрирала 75 случаи на насилство и недостојно однесување на младински спортски натпревари за кои поднесени се 7 кривични пријави, а 15-мина биле повредени. Инцидентот во Штип заврши со две момчиња во болница, притвор на напаѓачот, татко на 15- годишен фудбалер кој доби суспензија. Во изминативе осум месеци од годинава, дестките спортски терени во земјава станаа арена на 75 инциденти поврзани со насилство и недостојно однесување, ...
За осум месеци, политичка парализа од државно ниво во Босна и Херцеговина, се префрли во Република Српска откако овој ентитет остана без претседател, а потоа и без функционална влада поради судската пресуда против Милорад Додик. Народното собрание на Република Српска објави референдум на кој гласачите треба да одлучат дали да ги прифатат одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, Кристијан Шмит, на Судот и на Централната изборна ...
Септември ќе биде последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори, до кога треба да се заокружат сите закони што пристигнале во процедура. Нема да има нов обид за измени на Изборниот законик, а до изборите нема да се избере нов претседател на ДКСК и Народен правобранител. Собранието во септември ќе заседава двапати - на 2 и на 12 септември, за да се донесат сите закони кои пристигнале во процедура пред почетокот на ...
Во иницијатива до Уставен суд, Дениз Мустафаоглу од заедницата Инженери бара судиите да ја оценат уставноста на „паушалните фактури“ - тие што не се засноваат на реално измерени вредности од струјомерите. Уставниот суд формираше предмет. Од ЕВН велат дека редовно се отчитани 95 отсто од броилата. Од почетокот на 2025 година до 20 август до РКЕ пристигнале 770 жалби за сметки за струја, речиси девет пати повеќе отколку лани. Уставен суд формира ...
Велика Британија, Франција и Германија, таканаречената група Е3, предупредија дека ќе активираат механизам во ОН што би можел повторно да воведе глобални санкции врз Иран, кои честопати биле заканувачки, но никогаш не биле искористени. Нивниот рок е: крајот на август, освен ако Техеран не постигне опиплив напредок во нуклеарните разговори со САД. Таканаречениот механизам „snapback“ е посебен процес создаден со нуклеарниот договор со Иран од 2015 ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го одбележа Денот на независноста на Украина со порака дека неговата земја „нема да ја изгуби“ борбата против Москва, во услови на нови напредувања на боиштето и интензивна дипломатија за ставање крај на војната што трае повеќе од три години. „Украина сè уште не победила, но сигурно нема да изгуби“, изјави Зеленски во телевизиското обраќање до нацијата на 24 август. Украинскиот претседател додаде ...
Кога еден татко во Таџикистан го обвинил својот 15-годишен син за кражба на пари во вредност од 50 евра, тој не го однел во полиција, ниту пак го искарал. Наместо тоа, му ги врзал нозете на момчето со јаже, го влечел со автомобил и сето тоа го снимил. Тинејџерот починал од повредите. Убиството во јули предизвика шок во таџикистантското општество, каде физичкото казнување е забрането од 2024 година. Сепак, во многу семејства во централна Азија, ...
И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко уверува дека има механизми да се обезбеди непречено спроведување на изборите. Можно е изборниот процес да поскапи, но, како што вели, правото на учество во изборите е загарантирано. Се подготвувате за осмите по ред локални избори во земјава, кои се најголемите предизвици со коишто очекувате да се соочите во текот на подготовките? Веќе ...
Русија во текот на ноќта лансираше десетици дронови кон украинските цели. Ова е најновиот во низата воздушни напади кои ги намалија надежите за прекин на војната во Украина по минатонеделниот самит на Алјаска. Украинската војска соопшти дека соборила или пресретнала речиси триесет од повеќе од 50 дронови кои Русија ги истрела рано на 23-ти август. Сè уште не е познато дали има жртви или штета на теренот. Вкупниот број дронови беше помал во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе донесе одлука за својот став за руската сеопфатна војна против Украина во рок од две недели и повторно предупреди дека тоа може да вклучува санкции против Русија. Говорејќи со новинарите во Овалната соба на 22 август, рече дека прво сака да види дали рускиот претседател, Владимир Путин и украинскиот претседател, Володимир Зеленски ќе се сретнат. „Мислам дека ќе знам. Мислам дека ќе знам каков е ...
Тоа е најпознатата уметничка куќа во Русија, каде што Чајковски премиерно ја изведе „Лебедово езеро“, каде што водечките балетски танчери и симфониски музичари на Русија се оценуваат за нивната техничка извонредност и се почитуваат за нивната уметност. Сега вработените во Бољшој театарот ќе бидат оценувани, и следени, и според друг критериум: нивниот интерес и ставови за тоталната војна на Русија против Украина. Реномираниот московски театар ...
Град Скопје ги повика граѓаните на јавна дискусија за новиот ГУП на градот. Малку граѓани учествуваат, а меѓу оние кои доаѓаат има и надеж дека може да биде подобро, но и скептици дека може тие да влијаат. Според архитектот Марко Пановски вака се дава лажна надеж дека идеите на граѓаните ќе бидат имплементирани. „Секои избори слушам - ќе ја шириме улицата „Цветан Димов“ на шест коловозни ленти, ама уште е 'тесно грло' за возила, ќе има катна ...
Речиси половина од младите во Северна Македонија, која според Евростат е на трето место по иселување во Европа, позитивно гледаат на Европската Унија, но 46 отсто не веруваат дека земјата ќе стане дел од неа, покажува новото истражување. Властите промовираат реформи, а бранот на емиграции не запира „Се трудам да придонесам за подобрување на состојбите овде, но тоа не значи дека не сум размислувал за иселување. Голем дел од луѓето од мојата ...
Удари со палки, штитови, раце, лакти, туркање, шлаканици, прскање со хемиски средства, пцуење и закани доживеале новинарите и фоторепортерите од полицијата кои известуваат од граѓанските протести во изминатите месеци, покажуваат податоците од Независното здружение на новинари на Србија (НУНС). И покрај пријавите до властите, обвинителството и полицијата, засега не е познато дали некој од случаите на употреба на полициска сила против новинари е ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека однесувањето на Русија по самитот меѓу САД и Русија минатата недела и разговорите со висок профил во Вашингтон со европските лидери е знак дека Москва нема намера да преговара за мировен договор за завршување на војната во Украина. „Сега, сигналите што доаѓаат од Русија се едноставно скандалозни“, напиша Зеленски доцна на 21 август, откако Русија масовно го засили своето воздушно бомбардирање. ...
Посебна комисија на Министерството за здравство ќе ги „чешла“ кардиолошките интервенции во приватните и државните клиники, откако кардиохирургот Сашко Кедев обвини дека вакви операции се вршат исклучиво за профит. Фондот за здравство лани исплатил 16 милиони евра за операции во две приватни болници. Министерството за здравство ќе формира тричлена Комисија за стручен надзор, составена исклучиво од странски кардиохирурзи со цел да ја анализира ...
Државниот завод за ревизија констатира дека мерките и активностите за заштита на жените-жртви на родово базирано и семејно насилство не се доволно ефективни за превенција, поддршка, заштита и целосна реинтеграција на жртвите. Центрите за социјална работа се соочуваат со недостиг на кадар, а дел од нив не ги исполнуваат условите за обезбедување ефикасна заштита на жртвите. Системот за заштита на жените-жртви на семејно насилство е сè уште ...
Руските сили извршија масовен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта на 21 август, со комбинација од беспилотни летала и ракети врз повеќе региони во земјата, сопштија украинските власти. Властите пријавија цивилни жртви и значителна штета на станбени области и инфраструктура. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 574 беспилотни летала и 40 ракети во ноќен напад. Во Лвов, град во западна Украина, руски ракетен и ...
Откако завршил воена служба во родниот Казахстан во есента 2023 година, Кирил Нисанбаев заминал на работа во Русија. Родниот град на Нисанбаев, Рудни, се наоѓа на нешто помалку од 100 километри од Русија и не е невообичаено локалното население да бара работа во соседната земја. Само неколку месеци подоцна, Нисанбаев се јавил на своето семејство од центарот за притвор на мигранти во рускиот град Чељабинск, каде што работел во фабрика. „Тој рече ...