Денеска (13 август) се одбележуваат 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во земјава во 2001 година. По тој повод Владата ќе одржи свечена седница на која како што е најавено ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. На синоќешниот прием по повод одбележувањето на годишнината од Охридскиот рамковен договор, првиот вицепремиер во Владата Изет Меџити порача дека ...

И покрај предупредувањата од ЕУ и противењето од домашната јавност, Србија продолжува да развива напреден систем за надзор произведен во Кина, покажуваат доверливи документи до кои дојде Радио Слободна Европа (РСЕ). Документите до кои дојде РСЕ содржат детали за купување на компоненти за проширување на заштитената eLTE мрежа, која е базирана на кинеската технологија на Хуавеи (Huawei) и ги поврзува камерите за видео надзор, полициските терминали ...

Владата зголемувањето на инфлацијата го припишува на услугите и засилената домашна побарувачка, но најавува претпазливост со носење мерки. Дел економисти, пак, предупредуваат дека досегашните потези се недоволни и дека нема друго решение освен повторно замрзнување на цените. Инфлацијата расте, а Владата причините ги гледа во поскапувањата во рестораните, транспортот и услугите, засилени од повисоките плати и пензии. И додека премиерот Христијан ...

Вештачката интелигенција е глобален приоритет, но во државата сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена. Ниту еден од кофинансираните 48 проекти од 2018 до 2023 година не е имплементиран во јавниот сектор, открива во својот извештај Државниот завод за ревизија. За пет години се потрошени над шест милиони евра за 48 проекти кои користат вештачка интелигенција (ВИ) за да решат некој ...

Кога американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе се сретнат оваа недела во Алјаска на разговори за ставање крај на војната во Украина, многумина ќе очекуваат пробив, иако Украинците со кои неодамна разговараше репортерот на Радио Слободна Европа немаат такви надежи. По повеќе од три години војна, мировни преговори кои постојано се прекинуваат, пропуштени рокови и илјадници мртви додека Украина се бори да ги ...

Во 150 училишта веќе има едносменска настава – информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска (11 август). Ваквата настава е воведена во оние училишта во кои, според Јаневска, немало или имало многу малку градежни интервенции за да може да биде воведена. Ресорната министерка очекува овој процес да продолжи во 25 училишта во кои, како што рече, ќе има потреба од градежни зафати т.е. доградба на училници за да може да ги ...

И покрај најавата од претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, дека на независните не им требаат потписи за да учествуваат на изборите, граѓанските иницијативи продолжуваат да собираат потписи за да формираат партии. Ставот на премиерот Христијан Мицкоски е дека одлуката е кај ДИК која има механизам да донесе нов правилник, а каков ќе биде тоа, зависи од самата Комисија. Наместо решение, прават уште поголем хаос - вака ...

Додека роднините на жртвите продолжија со протестите во очекување на правдата за пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 62 ца, судот ги собира приговорите и ќе го оценува обвинението. Обвинителството пак се уште работи на истрагата за полицајците. Дел од обвинетите од слобода чекаат судење, дел од притвор. Обвинението напишано на повеќе од 160 страници со огромен број доказен материјал се уште чека оценка од Кривичниот суд Скопје. ...

Европската Унија е „на плажа“ поголемиот дел од август. Нема пленарни седници на Европскиот парламент, состаноци на советите или состаноци на комисиите. Накратко, ништо многу не се дискутира, а не пак нешто да се одлучува во овие недели. Но, штом дипломатите и службениците се вратат во своите канцеларии во септември, постојат потенцијални тешки одлуки што треба да се донесат и дилеми со кои треба да се соочиме оваа есен. Радио Слободна Европа ...

Се чини дека Вашингтон ги подготвува и Киев и Москва за големи компромиси за да се стави крај на долгата, крвава војна пред најавената средба на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предупреди дека секој мировен договор веројатно ќе ги остави двете страни „незадоволни“. „Тоа нема да направи никого супер среќен. И Русите и Украинците, веројатно, на крајот на краиштата, ќе бидат ...

Новата ера не се потпира на неколку елитни и скапи системи, туку на милиони мали и евтини дронови за еднократна употреба. САД се борат да го стигнат овој тренд со оглед дека беспилотните летала се новата линија на фронтот на бојните полиња. Кога американски дрон MQ-9 Reaper леташе над аеродромот во Багдад во раните утрински часови на 3 јануари 2020 година и ја испука ракета Hellfire што го уби моќниот ирански генерал-мајор Касем Солејмани, се ...

Во Софија има антички амфитеатар. Археолозите велат дека е меѓу најголемите откриени на Балканот. Но, тој со години изгледа напуштен. Сега, едно од местата каде што беа пронајдени остатоци е ставено на список на државен имот за продажба. Што ќе се случи со амфитеатарот во Софија? Марио Иванов го познава античкиот амфитеатар Сердика одвнатре – буквално! Тој е меѓу археолозите кои учествуваа во ископувањата во центарот на денешна Софија под ...

Во заедничка изјава европските лидери порачаа дека се потребни безбедносни гаранции за Украина ефикасно да го брани својот суверенитет и територијален интегритет. Пораката доаѓа откако беше најавена средба на Трамп и Путин, а американскиот претседател спомена и потенцијална размена на територии. Европските лидери на 9 август „силно“ ја повторија поддршката за Украина откако Киев ги отфрли американските сугестии дека ќе треба да отстапи дел од ...

По ланскиот упадот, во М-НАВ е ангажирана полицијата, но веќе неколку месеци нема чувари од агенција за обезбедување. Безбедноста не е на потребното ниво, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контроли на летање во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој открива дека инспекторатот влегол во М-НАВ за да ги провери последните вработувања, откако нивната пријава од Скопје заврши кај инспектори од Кавадарци, а потоа била ...

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тел Авив во саботата навечер за да повикаат на прекин на војната во Појасот Газа, еден ден откако израелската влада објави дека ќе го прошири конфликтот и ќе го окупира градот Газа, во услови на растечка меѓународна осуда на Израел за овој потег. Демонстрантите мавтаа со транспаренти и носеа слики од заложниците што сè уште се држат на палестинските територии, повикувајќи ја владата да обезбеди нивно ...

На осмите по ред локални избори во Северна Македонија, ќе се бираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Градот Скопје. Државата за овие избори предвиде 9,7 милиони евра. Голем дел од кандидатите веќе се познати. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска (9 август) ги распиша локалните избори во Северна Македонија на кои треба да се изберат градоначалници и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин ќе се сретнат во Алјаска кон крајот на следната недела за да разговараат за иднината на војната во Украина. Средба што треба да се одржи на 15 август, Трамп ја најави на социјалните мрежи, а подоцна ја потврди и портпаролот на Кремљ велејќи дека локацијата е логична со оглед на релативната близина на северозападната американска држава до Русија. Портпаролот на Кремљ додаде ...

Се започна со реакцијата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, продолжи со невообичаено остра изјава од руската амбасада во Сараево, а досега резултираше со итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации. Сето ова е дел од руската „офанзива“ во обид да се спаси позицијата на прорускиот лидер на водечката српска партија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој беше осуден на затвор и му ...

Во Белата куќа беше потпишан мировен договор меѓу Азербејџан и Ерменија, со посредство на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Лидерите на двете земји - азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан - доцна синоќа (8.8.2025) по европско време, потпишаа заедничка декларација со која се обврзуваат на траен прекин на непријателствата, воспоставување трговски и дипломатски односи и меѓусебно ...

Сеизмолошката опсерваторија може да остане без 13 станици за мерење земјотреси бидејќи завршува меѓународен проект. Таа е единствена која е овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа во Северна Македонија. Што значи овој проблем за државата и што треба да стори власта? Овде секој ден ни е различен, не знаеме што нѐ чека кога ќе дојдеме на работа – дали ќе има земјотрес или не, дали ќе ни се смени тоа што сме планирале да го работиме дента или ...

Се очекува лидерите на Ерменија и Азербејџан да потпишат мировен договор постигнат со посредство на САД, кој би можел да стави крај на деценискиот конфликт, кога нивните лидери ќе му бидат домаќини на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа на 8 август. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, исто така, ќе потпишат договори со Соединетите Држави за „заедно да ги искористат економските можности, ...

На 8 август, израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање на контролата врз градот Газа, објави канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху претходно изјави дека сака да го преземе целиот Појас Газа - одобрениот план конкретно се фокусира на градот Газа, најголемиот град во енклавата. Порано, ОН предупреди дека проширувањето на воените операции на Израел ризикува „катастрофални последици“ за палестинските цивили и ...

Пракса станува пред избори спортските трибини да се користат за политички битки со етнички предзнак, велат аналитичари за РСЕ. Според нив, на политичките партии полесно им е да дебатираат за говор на омраза отколку за спроведени локални проекти. Во само една недела, на два различни спортски меѓународни натпревара, еден кошаркарски и еден фудбалски, на кои присуствуваа високи политички функционери одекнаа етнички скандирања од трибините исполнети ...

Трите големи банки и една средна банка ќе ги намалат надоместоците за платежни услуги за граѓаните и компаниите, соопшти денеска (7 август), гувернерот Трајко Славески. До ова доаѓа токму на негова иницијатива со која побара од банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите. Првиот човек на Народната Банка очекува ова да го направат и другите средни и помали банки. Според Славески, ...

Царините на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија во сила, ставајќи ја на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит. Царините значат дека компаниите што внесуваат странска стока во САД ќе мора да плаќаат даноци на владата, а експертите велат дека тие компании би можеле да ги префрлат трошоците на потрошувачите. „Полноќ е!!! ...

Ажурираниот трговски договор меѓу ЕУ и Украина е лоша вест за Киев, ја сигнализира моќта на земјоделското лоби на ЕУ и е злокобен знак за тоа колку ќе биде тешко за земјата, разурната од војна, конечно да се приклучи на ЕУ. Договорот, кој беше прелиминарно договорен од Брисел и Киев на крајот на јуни, сега е потврден со конкретен предлог од Европската комисија, во кој Радио Слободна Европа имаше увид. Се очекува членките на ЕУ да го одобрат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу специјалниот претставник на САД и рускиот претседател Владимир Путин во Москва во среда (6 август) „донела голем напредок“ и дека наскоро би можел да се сретне со Путин. „Постои голема веројатност средбата да се одржи многу наскоро“, рече Трамп откако неговата портпаролка потврди дека американскиот претседател е отворен за средба со Владимир Путин за да разговара за руската ...

Македонските туристички водичи кои плаќаат данок на државата, бараат да ги заштити од нелојална конкуренција - странските водичи кои ги водат странските туристи низ државата. Инспекците ги проверуваат само домашните водичи. Бројот на странски туристи расте, а властите формираа работна група да ги детектира проблемите. „Земјата ви е преубава, чувајте ја“. Со овие зборови, туристи од Шпанија, ја поздравиле на заминување од овде, Лиде Стојановска ...

Пакистан почна со депортирање на авганистански бегалци пред официјалниот рок за нивно заминување, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), предупредувајќи дека овој потег може да доведе до присилно враќање на повеќе од милион луѓе. „УНХЦР ги повика властите веднаш да ги запрат присилните враќања и да усвојат хуман пристап кој поздразбира доброволно, постепено и достоинствено враќање“, се наведува во соопштението на ...

На 25 август ќе се договара терминот за нов оглас за избор на судија во Европскиот суд во Стразбур. Како член на новата Комисија, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски верува дека се ќе заврши на време. Тројцата кандидати кои „не беа по мерка на Владата“ имаат право пак да се кандидираат. Следната недела новоформираната петчлена комисија при Министерството за надворешни работи би требало да го отпочне процесот за избор на тројца ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
70%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.5
88%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
82%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
92%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1837.41

Бакар

10.76

Рутениум

29192.88

Платина

53106.37

Иридиум

145787.60

Кобалт

55.67

Никел

471972.96

Калај

40.11

Злато

135322.28

Паладиум

45879.12

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24