Резиме Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека алијансата „ја изневерила Украина“ со тоа што не обезбедила доволна поддршка во 2023 и 2024 година, опишувајќи го „дефетистичкото“ расположение во Вашингтон и европските земји кои не успеале да ги исполнат ветувањата за испорака на оружје. Столтенберг, кој ја предводеше западната воена алијанса од октомври 2014 до октомври 2024 година, ги изнесува овие критики во својата ...

Белгија ја разгледува можноста за изградба или изнајмување затвор надвор од нејзината територија, а белгиските медиуми го споменаа Косово како една од можните опции. На 6 октомври, белгиската министерка за правда, Анелис Верлинден, и министерката за азил и миграција, Анелин Ван Босујт, го посетија Косово, каде што се сретнаа со претседателката Вјоса Османи и в.д. министерот за правда Блерим Салаху. Тие ја посетија и Албанија. Во официјалните ...

Според бројот на освоени општини и мандати во советите, најголемите партии добија помалку гласови отколку на парламентарните избори. Резултатите од првиот круг на локалните избори ја покажуваат доминацијата на ВМРО-ДПМНЕ, победа на ВЛЕН во албанскиот блок и умерен подем на Левица, коментираат аналитичари за РСЕ. Исходот од изборите е потврда дека граѓаните ги поддржуваат досегашните владини политики, ја покажува промената во албанскиот блок и ја ...

На Северна Македонија ќе ѝ биде потребен половина век за да го достигне животниот стандард на Европската унија. Здружението ЗМАИ нотира најлошо рангирање во образованието и животната средина. Платата треба да расте заедно со продуктивноста, која кај македонскиот работник е поголема од онаа на европскиот, покажа истражувањето. На македонската просечна бруто плата ќе ѝ требаат околу 40 години за да ја достигне европската. Платите во Северна ...

Европската Унија (ЕУ) планира обука на украински војници во самата земја и проширување на други форми на поддршка, вклучително и надгледување на границите, помагање на воените ветерани и зајакнување на кибербезбедноста на Украина. Брисел, исто така, размислува за воспоставување напредни позиции во Украина во случај на иден прекин на огнот. Ова е според стратешките прегледи на двете мисии на ЕУ што се занимаваат со Украина, во кои Радио Слободна ...

Резиме Убедлива победа прогласи владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од локалните избори во Северна Македонија. Партијата освои градоначалници во 30 од вкупно 80 општини, а очекува во вториот круг да победи уште во 20-тина и во градот Скопје каде во голема предност е нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски. „Ветивме победа, имаме победа“, изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека е задоволен затоа што вкупниот ...

Со очекувања за почисти и пофункционални општини, но и подобар живот во локалната самоуправа, граѓаните на Северна Македонија гласаат на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Бранко Сотировски е жител на општина Центар. Од дома излезе рано, за да го оствари своето право на глас. Екипата на Радио Слободна Европа го пресретна откако гласаше на избирачкото место 2857 во гимназијата „Јосип Брзо Тито“. Сотировски очекува вреден и ...

08:58 Отворени сите гласачки места Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на Македонија. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени. Државната изборна комисија првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од ...

За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати. Граѓаните на Северна Македонија денеска, 19 октомври, гласаат во првиот круг од локалните избориза градоначалници и членови на советите во сите 80 општини плус Градот Скопје. Ова се осми локални избори од ...

Резиме Украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде во Вашингтон со надеж дека ќе добие обврска за ново оружје, но наместо тоа се сретна со американски претседател кој неодамна имаше намера да посредува во постигнување мировен договор за ставање крај на повеќе од тригодишната војна во Украина. Зеленски го напушти состанокот на 17 октомври со американскиот претседател Доналд Трамп без да ги добие многу бараните крстосувачки ракети ...

На ден пред изборите, гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија, од утрово гласањето тече мирно и непречено. Според Избирачкиот список, во казнено – поправните домови, денеска треба да гласаат 2162 затвореници од кои во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите ...

Додека општата инвазија се приближува кон четвртата годишнина, Украина бара ракети „томахавк“ произведени во САД за да ги ослаби воените напори на Русија. Трамп се надева дека ќе може да заврши војната без да мора да размислува за „томахавките“. Тој рече дека на САД можеби ќе им бидат потребни вакви ракети за сопствена употреба. Американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на 17 ...

Четириесет проценти од малолетниците пушат цигари, а дел од нив првата ја пробале на 13 години – покажа истражувањето на „Аналитика тинк тенк“. Продажбата на електронски цигари не е регулирана. Законот за заштита од пушење ретко функционира, но ќе биде еден од 12-те кои ќе се менуваат на иницијатива на Министерството за здравство. На автобуски постојки, за време на прошетки, па и во близина на училиштата – младите под 18 години сѐ повеќе пушат ...

Над 225 милиони евра од унгарскиот кредит ќе бидат потрошени за 828 проекти што општините ги добија во вториот повик од Владата, откако во првиот им беа одобрени 74,5 милиони евра за 288 проекти. Најголем дел од парите ќе се потрошат за улици и локални патишта. Какви други проекти добија општините што ќе треба да ги реализираат градоначалниците во новите мандати? Стотици проекти, финансирани од заемот што Северна Македонија го зема од Унгарија, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака ракети „Томахавк“ за борба против руската инвазија. Американскиот претседател Доналд Трамп привлекувајќи внимание кон рускиот напад врз Украина по успешната дипломатска иницијатива на Блискиот Исток, вели дека САД би можеле да ги обезбедат. А рускиот претседател Владимир Путин, кој ги отфрли напорите за прекин на конфликтот што го започна во 2022 година, предупредува на ескалација. Еве на што треба ...

Додека забрзано шета низ улиците на Северна Митровица, еден локален жител на околу 60 години луто мавта со раката кога екипата на Радио Слободна Европа го праша како го коментира фактот дека локалната самоуправа повторно ќе ја водат Срби, кои го сочинуваат мнозинското население на север. Потоа застанува, се враќа и вели: „Ние сме веќе уништена нација, сите нè уништија, а Белград нè продаде. Разбирате ли?“. Не сака јавно да зборува за своето ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд - Скопје. Веднаш оваа вест, родителите на загинатите во пожарот во Кочани објавија дека ќе ги стават во мирување секојдневните едночасовни блокади на една од сообраќајниците во градот, но и понатаму ќе продолжат со „Маршот за ангелите“ што се одржува секоја сабота. Родителите и семејствата на загинатите ...

Резиме Животот за македонските граѓани останува неподносливо скап. Инфлацијата е висока и без нови енергетски шокови, а сè повеќе луѓе се принудени да бараат дополнителна заработка само за да го поминат месецот. Еден од нив е 43-годишниот Никола Ф. од Скопје, кој ни раскажа дека неодамна почнал да работи и втора работа за да може да ги покрие основните трошоци на своето семејство. „Живеачката не поскапе, туку поскапува постојано со брзо темпо. ...

Резиме Поранешен руски дипломат поврзан со скандал со избегнување санкции во кој е вклучен еден од врвните поранешни контраразузнавачки агенти на ФБИ и озлогласен руски олигарх треба да биде осуден по обвинение за лажење на американските органи за спроведување на законот. Пресудата на Сергеј Шестаков, закажана за 16 октомври во федералниот суд на Менхетен, затвора поглавје во случајот што го засрами ФБИ, а исто така фрли нов фокус на Олег ...

Четири од вкупно 78 сообраќајни несреќи биле предизвикани од пешаци, во 72 виновни биле возачи, а останатите две се случиле поради други фактори, покажува статистиката од МВР од 1 јануари до 31 август. Во Северна Македонија, годишниот број на загинати во сообраќајни несреќи е над европскиот просек. Вкупно 91 граѓанин загинале во сообраќајни несреќи за осум месеци, покажува статистиката што Радио Слободна Европа(РСЕ) ја доби од Министерството за ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Горан Марковски поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“ во интервју за РСЕ вели дека ќе стави крај на урбанистичкиот хаос во Скопје преку спречување на „нарачаните дупови“ од инвеститорите. Тој најавува и болни, но како што вели, неопходни промени во сообраќајот, вклучително стеснување на широките булевари. Господине Марковски, доколку станете градоначалник, кој е клучниот проблем на кој ќе ...

Русија се бори со недостиг на гориво и зголемување на цените по низата украински напади врз нејзините рафинерии за нафта. За да ги заштити залихите во Русија, каде што се пријавени долги редици на бензинските пумпи во некои региони, Москва го забрани или ограничи извозот на бензин и дизел. Овој потег предизвика недостиг на гориво и зголемување на цените во некои од поранешните советски републики во Централна Азија, кои се многу зависни од ...

Резиме Додека српскиот претседател Александар Вучиќ се соочува со антивладини протести во Белград, формирањето на нови институции во Приштина се одложува со месеци. Но, надвор од внатрешните кризи во двете земји, реториката за безбедноста станува сè поостра, што покренува прашања за реалниот ризик, но и за тоа кој би можел да има корист во таква ситуација. Што му рече Османи на командантот на НАТО? Косовската претседателка Вјоса Османи минатата ...

Словачка е голем поддржувач на македонските евроинтеграции, а ЕУ не може да си игра со довербата на луѓето во оваа земја, порача од Скопје, словачкиот претседател Петер Пелегрини кој денеска (14 октомври) престојува во официјална посета на земјава. Пелегрини не штедеше критики кон Европската Унија, која како што рече, применува двојни стандарди во процесот на проширување. „Сфаќам дека минавте тежок пат кон ЕУ, знам колку беше тешко да се реши ...

Освен отворено проруската партија „Единствена Македонија“, која бара збратимување на Скопје со Москва, неколку други политички актери со врски со Русија се активни на локалните избори. Загриженост на ОБСЕ/ОДИХР за странско манипулирање со информации. Локалните избори во Северна Македонија, откриваат знаци на руско влијание преку реториката и активностите на одредени политичари. Иако сите тие имаат маргинална поддршка, тоа покажува дека Москва ...

Најновите ограничувања на извозот на ретки земни минерали од страна на Кина ризикуваат не само повторно да разгорат трговска војна со Соединетите Држави, туку би можеле да имаат и далекусежни импликации за напорите за вооружување на Украина и развојот на инфраструктурата во Централна Азија. Тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон повторно се разгореа околу ретките земни минерали (суштинска група од 17 елементи кои се наоѓаат во сè, од батерии за ...

Конфликт меѓу авганистанските Талибанци и соседниот Пакистан изгледаше незамислив кога радикалната исламистичка група, долгогодишен сојузник на Исламабад, ја презеде власта во Авганистан во 2021 година, по повлекувањето на меѓународните сили и падот на владата што ја поддржуваа. Сепак, стравувањата од тотална војна се зголемија откако викендот се случи најсмртоносниот судир меѓу талибанските борци и пакистанските трупи. „Оваа конфронтација е ...

Уште една група од 13 израелски заложници беше ослободена од заробеништвото на Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација. „На пат сме кон израелската армија“, изјави висок функционер на Црвениот крст за „Тајмс оф Израел“. Израелската армија потврди, како што објавија медиумите, дека Црвениот крст ја информирал армијата дека пред некое време зела 13 заложници од Хамас во јужниот дел на Газа. Претходно, седум заложници, меѓу кои ...

Ги бараат гласовите од целиот електорат, но сите граѓани не можат да стигнат до избирачките места. За политичарите, граѓаните со попреченост се граѓани од втор ред – коментираат нивните здруженија. Тие нотираа дека во 2020 година, 76 проценти од избирачките места не биле пристапни, но и во пресрет на овие избори, ситуацијата велат не е променета. Пред неколку дена, Методи Митев од Кочани добил телефонски повик од свој сограѓанин, член на една од ...

Резиме Пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток означува нешто што може да биде пресвртница во дипломатијата во регионот. Но, дали тој успех ќе го обнови притисокот за прекин на војната на Русија против Украина? Се очекува Трамп да биде пречекан со емотивни сцени во Ерусалим, додека се среќава со семејствата на заложниците ослободени од Хамас, кој е означен како терористичка организација од страна на САД, ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1008
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
91%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Бакар

10.76

Никел

471972.96

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Родиум

255598.44

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Злато

135322.28

Сребро

1837.41

Рутениум

29192.88

Паладиум

45879.12

Цинк

3.24