Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Една до две недели е рокот што го дава министерот за здравство Азир Алиу да се стави во функција онколошката амбуланта во „8 Септември“. Штип е најдалеку од нудење онколошки услуги во споредба со Битола и Тетово – градовите каде треба да се дисперзираат услугите. На пациентите тоа ќе им го намали стресот, ќе им заштеди време и пари, но се надеваат дека конечно ќе стане и реалност. Нови ветувања, стари надежи – терапиите за онколошките пациенти ...
Моќта на градоначалниците е голема, но според законите, не може никој да бара од нив политичка одговорност и да ги разреши пред истек на мандатот. Направени се измени во Законот за локална самоуправа со кои треба да се дозволи отповикување градоначалник на референдум, но уште не се усвоени во Собранието. И ако се усвојат, ќе важат од следните локални избори. Новите градоначалници избрани на локалните избори на 19 октомври и 2 ноември нема да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постигна низа трговски, дипломатски и договори за минерали додека беше домаќин на самитот на петтемина лидери од Централна Азија со цел да го зајакне влијанието на Вашингтон во тој регион. Придружен од американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс на долга маса во Белата куќа, Трамп рече дека е посветен на тоа односите на САД со Централна Азија да бидат „посилни од кога било“, ...
Северна Македонија и Бугарија го потпишаа Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8, со што двете земји започнуваат со дефинирање на активности за изградба на клучниот дел од железничката врска меѓу Скопје и Софија. Новиот договор ги дефинира активностите и обврските на Северна Македонија и Бугарија за реализација на проектот, кој предвидува тунел долг околу 2,4 километри - половина на македонска, половина на ...
До Антикорупциска и ОЈО во пријава од група граѓани е наведено дека фирма на сестрата на Костадин Костадинов гради незаконски во Струмица. Обвинителството води предистражна постапка против поранешниот градоначалник на Струмица. И Костадинов и неговата сестра Тања ги отфрлаат обвинувањата. Јавното обвинителство во Струмица во предистражна постапка ги истражува наводите во кривичната пријава поднесена од група граѓани во јуни 2025 година, кои ...
Во јуни 2019 година, директорот на главната разузнавачка агенција на Пентагон изнесе обвинување кое предизвикува изненадување за Русија и нејзините нуклеарни програми: Москва го тестира своето атомско оружје. „Владата на САД, вклучително и Разузнавачката заедница, процени дека Русија спроведе тестови за нуклеарно оружје кои создадоа нуклеарен принос“, рече генерал-потполковник Роберт Ешли. Кина можеби спроведува и свои тестови, додаде Ешли, ...
На нашето здравство му недостигаат податоци, а без нив, не може да го трансформираме – предупредува министерот Алиу. Директорот на ФЗО, Клековски „алармира“ за популистичка политика, додека пациентите ја губат довербата во здравствените институции кои имаат отпор кон промени. „Кога зборуваме за херои во здравството, со сигурност не зборуваме само за доктори, туку за луѓе кои сакаат да направат некаква промена. Не е проблемот во поединците кои ...
Во буџетот на 2026 година за капитални инвестиции се предвидени речиси 10 отсто од парите. На хартија со години властите ветуваат развој на земјата со капитални инвестиции, но во пракса ретко кога годината ја завршуваат со максимум реализација од она што е планирано во државниот буџет. Така е и со новиот предлог буџет за следната година, во кој Владата најавува капитални инвестиции од 660 милиони евра, но реализацијата за оваа година засега не ...
Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Демократите победија во три клучни трки на 4 ноември на првите големи избори во САД откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата, давајќи ѝ на партијата многу потребен импулс пред среднорочните избори за Конгресот следната година. Триесет и четиригодишниот Мамдани е првиот муслиман, првиот јужноазиец и најмладиот човек ...
Европската Комисија даде осудувачка оценка за напредокот на Грузија кон приклучувањето кон Европската Унија, обвинувајќи ја за „сериозно демократско уназадување“ што ја остави кавкаската нација како кандидат за членство „само формално“. Во годишниот извештај за напредокот за 10 земји-кандидатки објавен на 4 ноември, комисијата забележува владини репресии врз политичките противници и промена на политиката што се чини дека е наклонета кон Москва, ...
Европската комисија ги објави извештаите за напредокот на Северна Македонија и другите земји кандидатки во процесот на пристапување во ЕУ. Во кусиот осврт на еврокомесарката за проширување Марта Кос за земјава беше истакнато дека уставните измени остануваат пречка на патот кон ЕУ. „Северна Македонија не презеде одлучни чекори да напредува во процесот на пристапните преговори во изминатата година. Таа мора да ги донесе уставните измени согласно ...
Во Владата ќе има промена најмалку поради тоа што еден министер заминува - на локалните избори, министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити беше избран за градоначалник на скопската општина Чаир. Премиерот Мицкоски уште летово најави смени во Владата за веднаш по локалните избори. Аналитичари очекуваат тоа да се случи веќе следниот месец. Реконструкција на Владата е неизбежна, а можно е и прекројување на силите во Собранието за ...
Српскиот парламент треба да одобри посебен закон за забрзување на планираниот проект во Белград од страна на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, игнорирајќи ги локалните загрижености во врска со проектот. Пратениците, на 4 ноември, ќе ги разгледаат предлозите, поддржани од владејачката Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ - кој со ентузијазам зборуваше за планот, велејќи дека тој ќе резултира ...
Може да се случи повторно. Во 2019 година, Соединетите Држави го поддржаа лидерот на опозицијата кој сакаше да го собори претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Русија се спротивстави на ова, обезбедувајќи дипломатска помош и мала воена поддршка на владата што може да биде најважниот партнер на Москва во Латинска Америка. Мадуро ја преживеа кризата кога повикот на Хуан Гваидо за воено востание не успеа и неговиот обид да дојде на власт беше ...
Неколку часа по прогласувањето на победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски со владина делегација заминаа во Брисел. Таму ќе се презентира извештајот за напредокот на земјава во кој е наведено дека сè уште не е исполнета обврската за уставни измени. Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, наведени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, кои ...
Владејачките партии извојуваа убедлив триумф на локалните избори во Северна Македонија, што им носи и огромна одговорност во наредниот период. Опозицијата, пред сè СДСМ, е десеткувана. Може ли да „забега“ власта со апсолутната моќ, на што предупреди и премиерот Христијан Мицкоски, но и како опозицијата да се врати по поразот? Дури 65 од вкупно 81 градоначалничко место во Северна Македонија завршија на контото на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ (ВЛЕН). Тука е ...
Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, наведени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, кои земјата се обврза да ги започне и постигне, се наведува во редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија (ЕУ). „Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната ...
„Лудо е да се испраќаат пораки до кој било странски граѓанин дека не е добредојден во нашата земја. Тоа е економско самоубиство“, изјави премиерот Милојко Спајиќ во парламентот во четврток поради антитурската хистерија што ја тресе Црна Гора. Неговата влада претходно воведе визи за турските граѓани по итна постапка. На одлуката ѝ претходеше масовна тепачка во која, како што се сомнева, еден турски и еден азербејџански државјанин му нанесоа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно посочи дека не размислува за обезбедување ракети „Томахавк“ за Киев - кој се залагаше за оружјето со долг дострел за кое вели дека е клучно за возврат на ударот врз Русија, бидејќи Кремљ ги интензивира воздушните напади врз украинските градови. На прашањето на новинар на „Ер Форс Уан“ на 2 ноември дали размислува за обезбедување софистицирани крстосувачки ракети за Украина, Трамп рече: „Не, не ...
Експертите стравуваат од „многу жртви“ откако земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро на 3 ноември. Само пред два месеци, смртоносен и разорен земјотрес го погоди источниот дел од земјата. Геолошкиот институт на Соединетите Држави соопшти дека неговите модели укажуваат дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е потенцијално широко распространета“ околу градот со околу ...
Голема победа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ прогласи лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски по вториот круг локални избори. Според досега објавените резултати, по двата круга, ВМРО-ДПМНЕ би имал 55 градоначалнички места, ВРЕДИ десет, шест се за СДСМ, НАИ четири, а ЗНАМ и Унијата на Роми би имале по еден градоначалник. Филипче и Ахмети најавија консолидација на партиите. Голема, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ...
Мирно и без проблеми поминува изборниот ден во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, каде што денеска, 2 ноември се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера, соопшти ...
Десет лица од кои за деветмина се проценува дека имаат повреди опасни по живот се хоспитализирани по нападот со нож во возот на линијата Донкастер-Лондон Кингс Крос на 1 ноември. Полицијата добила повици од патници во возот околу 19:40 часот, кои ги известиле за инцидентот, јавува Би-Би-Си. Околу 21:45 часот, градоначалникот на Кембриџшир објави дека две лица се уапсени и се во притвор. Полицијата на Кембриџшир подоцна го потврди ова. ...
Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Втор круг се одржува онаму каде што ниту еден од кандидатите не освои 50% ...
08:21 Втор круг локални избори за градоначалници во 33 општини Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Втор круг ...
Србија на 1 ноември ја одбележува годишнина од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица. Настанот, што ја потресе јавноста, предизвика најголеми антивладини протести во последните децении. Српскиот претседател Александар Вучиќ повика на мирна комеморација додека земјата го одбележува националниот ден на жалост на 1 ноември, првата годишнина од смртоносниот пад на настрешницата ...
На 18 октомври, Роман Сопин ја повикал мајка си и ја замолил да му донесе облека, пари и контактни леќи. Тој бил однесен од една улица во Киев од страна на офицери за регрутација и се подготвувал да биде примен во украинските вооружени сили за да се бори против напаѓачките руски трупи. Еден ден подоцна, Сопин бил во болница со тешка повреда на главата која се покажала како фатална: Починал на 23 октомври. Војската тврди дека Сопин се онесвестил, ...
Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници. Во вториот ...
Во шумските пожари во Северна Македонија летово е опожарена површина од 17.107 хектари. „Национални шуми“ проценија дека штетата е до 50 милиони евра. Според полицијата, многу пожари биле намерно подметнати што повторно го покренува прашањето за одговорност и превенција. Системски пристап и инвестиции во опрема и во кадар можат да спречат идни катастрофи и да ги заштитат вредните шумски ресурси. Како да изгоре речиси целата шума на Водно - толку ...
Македонските граѓани ќе гласаат на вториот круг за градоначалници во 33 општини, откако во првиот круг ниту еден од кандидатите таму не обезбеди мнозинство. Во Град Скопје силите ќе си ги одмерат канидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Вкупно 474 илјади Скопјани со право на глас в недела (2 ноември ) ќе имаат право со заокружување на бројче во избирачкото ливче да донесат одлука, кој ќе ја наследи актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Во игра за ...