Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Околу 12.000 пензионери кои стекнало право на пензија во Северна Македонија но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, не добиваат повисоки пензии. Нема да ги добиваат ни идните зголемувања доколку повторно не се смени Законот за пензиско и инвалидско осигурување. За ова се поднесени три иницијативи пред Уставниот суд. Остаревме, во пензија сме, отидовме кај децата во Словенија - и ние да не сме сами и на нив да им помогнеме. Зошто ...
Откако прво летаа од Кина до Србија, а потоа патуваа со автобус до соседна Босна и Херцеговина, двајца млади Кинези се обидуваат да влезат во Европската Унија преку Хрватска. Јонг и Чен патуваа низ таканаречената балканска рута за мигранти, придружувајќи им се на илјадници баратели на азил од Блискиот Исток, Јужна Азија и Африка кои бегаат од војна, сиромаштија и репресија со надеж дека ќе започнат нов живот во ЕУ. Тие се исто така меѓу ...
Резиме „Сите се обединети против нас“, вели Албин Курти, опишувајќи ја политичката сцена во Косово така како што ја гледа неговата партија Движење Самоопределување. Според најголемата партија во земјата, секој потег на опозицијата претставува директен предизвик за неа. Сепак, според политичките аналитичари, таквиот поглед на ситуацијата е повеќе стратешки избор на Самоопределување отколку одраз на политичката реалност. Во ноќта на вториот круг ...
Русија ги продолжи своите смртоносни воздушни напади врз украинските градови, при што најмалку три лица загинале во регионот Харкив во текот на ноќта, соопштија локалните власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак се подготвува за следната станица од неговата турнеја низ европските престолнини за да ја зајакне поддршката кон својата земја. На 17 ноември, Службата за итни случаи на Украина објави дека три лица се убиени, а најмалку 13 ...
Резиме Тимур Миндич, истакнат бизнисмен и наводен мозокот на големиот корупциски скандал во енергетскиот сектор во Украина, користел луксузна такси-услуга за да ја напушти земјата и да избега во Полска во часовите пред властите да започнат претреси во рамки на истрагата, дознава Радио Слободна Европа (РСЕ). Истражувањето на „Шема“, истражната единица на украинската служба на РСЕ, покажува дека Миндич ја користел услугата на „Тајм Лукс“, ...
СДСМ не смее ни да го игнорира, ни да го заборави поразот, вели во интервју за РСЕ пратеничката Славјанка Петровска. На прашањето дали Филипче треба да остане лидер, одговара дека опстанокот на СДСМ не зависи од една личност, туку од способност на тимот да ја врати партијата на победничката патека. 126,000 гласови на локалните избори и шест освоени општини. Резултат за којшто координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Оливер ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски неодамна наговести дека Европската унија (ЕУ) работи на нов пакет санкции против Русија, по помалку од еден месец од договорениот нов сет мерки насочени кон тоа да го погодат Кремљ поради целосната инвазија врз неговиот сосед. Првото прашање е колку брзо би можел да се појави таков нов предлог. Дипломати на ЕУ со кои разговараше Радио Слободна Европа (РСЕ) под услов на анонимност велат дека се ...
Руските воздушни напади го погодија Киев и други градови низ Украина преку ноќ, при што загинаа неколку луѓе и беа повредени десетици други - вклучувајќи и една бремена жена - додека Москва продолжува да напаѓа цивилна инфраструктура. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека руските сили употребиле 430 дронови и 18 ракети во нападот на 14 ноември, што го прави еден од нивните најголеми напади во последните месеци. Тој додаде дека ...
Резиме Најмалку 1,8 милиони евра „легнале“ на изборните банкарски сметки на 10 поголеми политички коалиции и партии за локалните избори. Ова го покажуваат првите извештаи за финансирање на изборната кампања поднесени до Државната изборна комисија (ДИК). Конечниот извештај ќе биде објавен за два месеца. На овие избори легнале 400 илјади евра помалку од парите донирани во минатогодишната двојна изборна кампања за претседателските и парламентарните ...
За првите осум месеци во 2025 година Агенцијата за заштита на личните податоци поднела само 2 барања за поведување на прекршочна постапка. Но институции продолжуваат со откривање идентитети на граѓани - имиња и презимиња , банкарски сметки, матични броеви, телефонски броеви на сајтови на институции. Нема напредок во заштитата на личните податоци, констатира и Европската комисија. За осум месеци, во периодот од јануари до август 2025 година ...
Ирина Чишиќ го прослави својот прв роденден на 8 октомври 1993 година. Само четири дена подоцна, таа беше погодена од куршум од снајпер додека шеташе со мајка си по улиците на сараевската населба Циглане. „Бидејќи Ирина само што прооди, мојата сопруга Стана ја водеше за рака. И никогаш не разбравме зошто тој некој пукаше во мета од 50-60 сантиметри, со големина на едногодишно девојче, а не пукаше во голема мета, мојата сопруга, која беше многу ...
Поранешниот градоначалник и актуелен пратеник на ДУИ, се гони за имот на кој никнала зграда на пет ката. Тој и други функционери и службеници од Сарај и Град Скопје се сомничат дека издале одобрение за градба за парцела каде немало ДУП. Приватна фирма, како инвеститор, со дејност трговија со отпадоци, „заработила“ 1,7 милиони евра. Зграда на пет ката со 40 станови на парцела од речиси 2.400 квадратни метри во скопската општина Сарај. Ова е ...
Резиме Жителите на село Љубојно, на падините на планината Баба, веќе три месеци стојат на блокади решени да го одбранат селото, од како што велат, масовната сеча. Откако шумата над селото е оголена, тие велат дека дождот за само половина час ги поплавува дворовите и улиците во Љубојно. Причината според нив е очигледна: „Не треба да си генијалец за да сфатиш колку се важни дрвјата. Народот стои на блокади против ова масовно уништување“, ...
На 12 ноември, претседателот Доналд Трамп потпиша закон за финансирање со кој се стави крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД, кратко откако Претставничкиот дом гласаше за одобрување на мерката. Потписот на Трамп, кој се сметаше за формалност откако мерките беа усвоени во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот застој што остави стотици илјади федерални работници без плата и ги наруши јавните услуги. „Значи, со ...
Резиме Украина е потресена од корупциски скандал во кој осомничените наводно разговарале за мито во вредност од милиони долари за заштита на енергетските централи, дури и кога руските бомби што паѓаа врз нив ги потопија граѓаните во студ и темнина. Но, не се само обвинувањата експлозивни. Листата на обвинети вклучува луѓе на највисоките нивоа на владата, центрирани околу долгогодишен близок соработник на самиот претседател Володимир Зеленски. ...
Пратениците или уставните судии - некој од нив до крајот на годината ќе треба да направи потег за Кривичниот законик. Пратениците би требало да усвојат целосно нов, доколку не, тогаш Уставен би се произнел дали ќе ги укине односно поништи барем спорните измени од пред две години. Но одлуката на Уставен може да создаде правен вакум или различни толкувања. До крајот на 2025 година, Северна Македонија би можела да добие сосема нов Кривичен законик ...
Експлозии се случија во рафинериите што користат руска нафта во Романија и Унгарија. Локалните компании велат дека нема докази за саботажа. Во исто време, сепак, Бугарија ги испраќа службите, Министерството за внатрешни работи и претставници на Министерството за одбрана да ја чуваат рафинеријата Лукоил во Бургас. Како дојде до ова? Мажи во униформи во канцелариите. Најави за распоредување „системи против беспилотни летала“. Вонредни најави од ...
Сѐ повеќе жени трпат насилство, но капацитетите на шелтер центрите не се доволни да се засолнат. Дел од центрите не се функција, а нема ни доволно советувалишта-утврдија ревизорите. Властите нотирале 1260 жртви на семејно насилство во првите девет месеци, а невладиниот сектор 65 повици во октомври на СОС линијата за помош и поддршка. Малолетничка била сексуално злоставувана од својот очув, па немајќи кому друг, ѝ се доверила на својата другарка ...
Резиме Во извештај емитуван на 11 октомври 2020 година, новинар од руската државна телевизија возбудено им најавува на гледачите што ги очекува: клипови од неговото интервју со претседателот Владимир Путин и вести за хиперсоничниот ракетен тест на Москва, меѓу другото. „По интервјуто, уште работа“, вели новинарот, повторувајќи го наративот на Кремљ дека Путин работи нон-стоп за да ја одржи земјата безбедна и силна. На етикетата во аголот од ...
По суспензијата на ИПАРД средствата која не знае колку ќе трае, загриженост кај компаниите и земјоделците корисници. Владата ќе ги истражува детално исплатите кои се случувале преку Платежнта агенција години наназад, додека ЕУ најавува дополнителни превентивни мерки да ги заштити парите. Загриженост и неизвесност владее помеѓу потписниците на договори во рамки на ИПАРД 3 програмата со Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој ...
Доделувањето на српско државјанство на руски граѓани, а со тоа и српски пасош, со кој тие можат слободно да патуваат во земјите од Европската Унија, беше споменато како „можен безбедносен ризик“ од страна на ЕУ во најновиот извештај за напредокот на Србија како земја-кандидат. Од вкупно 121 одлука на Владата на Србија за доделување државјанство во 2025 година, речиси две третини се однесуваат на граѓани на Русија. Ова го покажува анализата на ...
Повеќе од итно е да се зголеми минималецот, сметаат дел од синдикатите, додека работодавците стравуваат дека тоа ќе доведе од „урамнување“ на платите и демотивација на добрите работници. За власта нема оправданост од вонредно зголемување на минималецот и очекува намалување на инфлацијата. Работам во индустрија во смени, за нешто повисока плата од минималната плата. Сопругата работи само една смена и е на минималец. Со две деца, со сметки и со ...
Годишниот извештај на Европската Комисија за проширувањето покажува дека извршната власт на Европската Унија е сериозна во врска со додавањето нови членки до крајот на својот петгодишен мандат, кој истекува на крајот од 2029 година. Комисијата идентификуваше четири земји-кандидатки за ова: Албанија, Молдавија, Црна Гора и Украина. Извештајот од 4 ноември, прв откако новата комисија ја презеде функцијата кон крајот на минатата година, е наменет ...
За 84 проценти од младите корупцијата е главната кочница на патот кон ЕУ, а речиси половина не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка. Според анкетата направена со илјада млади, нефункциналните институции и билатералните спорови дополнително ја поткопуваат европската перспектива на земјата. Корупцијата, билатералните спорови и ниската доверба во институции, според младите во земјава, се топ три пречки за интеграција на Северна Македонија ...
Наместо во училишните клупи, дел од девојчињата го минуваат детството во туѓ дом каде се присилени на брак. Детските бракови остануваат проблем затоа што институциите секогаш не го препознаваат детскиот брак како трговија со дете. Во последните пет години имало 17 случаи на трговија со дете, а годинава еден во кој жртвата имала само 11 години. Заглавени во сиромаштија, растргнати меѓу традицијата и ограниченото образование, тинејџерки влегуваат ...
Резиме Прелиминарните резултати, објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) за вториот круг избори во 18 општини во Косово, одржан на 9 ноември, создадоа нова локална рамнотежа меѓу политичките партии - со речиси еднаква распределба на моќта. Врз основа на двата круга гласање за градоначалници на 38 општини, Движењето Самоопределување (ЛВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) освоија по седум општини. Демократската партија на Косово (ПДК) ...
Сенатот на Соединетите Американски Држави започна постапка за мерка насочена кон повторно отворање на федералната влада и прекинување на сега веќе 40-дневното затворање кое ги остави федералните работници без работа, ја одложи помошта во храна и предизвика проблеми со воздушниот сообраќај. На процедурално гласање, сенаторите го поддржаа законот усвоен од Претставничкиот дом, кој ќе биде изменет за финансирање на владата до 30 јануари и ќе ...
Киев и многу украински региони се соочија со обемни прекини на електричната енергија, додека екипите за итна помош се мачат да ја поправат инфраструктурата погодена од последните руски воздушни напади. Струјата беше намалена во повеќето региони од 8 до 16 часа на 9 ноември, соопшти државниот енергетски снабдувач Укренерго, додавајќи дека ограничувањата на потрошувачката ќе има и во текот на денешниот ден (10 ноември). „Причината за воведување ...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повикува на зголемена воена помош за Украина со цел да се принуди рускиот претседател Владимир Путин на преговори. Тој предупреди на растечкото влијание на Кина како клучен поддржувач на Русија. Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека начинот да се промени мислењето на рускиот претседател Владимир Путин и да се донесе на преговарачка маса за да се стави крај ...
Три опции се во игра за нов Клинички центар во Скопје, посочува министерот за здравство Азир Алиу во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Дали тој ќе биде сменет во реконструкцијата на Владата, вели, ќе одлучи премиерот. Во меѓувреме, најавува дигитализација и реформи. Што ќе се менува во Мој термин и кога ќе има електронски рецепт и упат, како ќе го реши проблемот со недостатокот на лекари и термини за прегледи, се дел од темите за кои ...