Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го испраќа специјалниот претставник Стив Виткоф во Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во врска со мировниот договор со Украина, за кој Киев вели дека е подготвен „да продолжи напред“ додека се средуваат некои последни „чувствителни“ точки. По еден ден бурна дипломатија, кога се одржаа средби меѓу делегации во неколку земји низ Блискиот Исток и Европа, се чини дека се ...
Како креативно решение, Сиљановска Давкова предложи нов протокол за одблокирање на евроинтеграциите, што за дел од аналитичарите е добра опција, но треба да е прифатлива и за Скопје и за Софија. Власта, пак, не коментира дали се разгледува оваа опција, додека опозицијата критикува дека се бараат изговори да не продолжи по европскиот пат. Дали може нов протокол меѓу Скопје и Софија да го надмине застојот во преговарачкиот процес на Северна ...
Новиот Закон за индустриски емисии дозволува фабрики до шест месеци или 500 часови да работат над утврдените гранични вредности на емисии на штетни материи. Државата сè уште ја толерира зависноста од јаглен, а истовремено усвојува закони за усогласување со европските стандарди и за постепено затворање на најголемите индустриски загадувачи. Откако РСЕ веќе објави дека новиот Закон за индустриски емисии ѝ овозможува на индустријата да сокрива што ...
Платформата за социјални медиуми X воведе нова функција наречена „За овој профил“ која прикажува основни, но клучни информации, како што се на пример, каде се наоѓа профилот и како се поврзува со апликацијата X. Но, не е непогрешливо да се утврди каде се наоѓа корисникот, бидејќи виртуелните приватни мрежи (VPN) ја менуваат локацијата на корисникот. И со оглед на тоа што X е блокиран во Иран од 2009 година, повеќето Иранци се принудени да ...
Резиме Американскиот мировен предлог помогнал да се доближат ставовите на Киев и Вашингтон за начинот на кој би можело да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, најголемиот и најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во интервју за Радио Слободна Европа(РСЕ). Зборувајќи од седиштето на воената алијанса во Брисел на 24 ноември, Руте ги опиша викенд-преговорите во Женева меѓу ...
Резиме Млада мајка на мали деца е една од триесетината вработени кои со спогодбени договори останаа без работа во малиот рударски град на истокот во земјава, Македонска Каменица. Таа во градот зависен од рударството, по неколку години поминати во служба на рудникот Саса, минатата недела остана без работа. „Ни рекоа, фирмата е во загуба, бројот на вработени бил зголемен и затоа мора да отпуштат луѓе“, вели таа. За неа, и неколкумина млади како ...
Кога 25-годишен кинески градежен работник почина на локацијата каде што се наоѓа огромна соларна електрана во Босна и Херцеговина ова лето, малкумина очекуваа инцидентот да се претвори во еден од најзначајните правни удари против проектите поддржани од Кина во земјата. Несреќата на локацијата на „Аурора Солар“ во близина на јужниот босански град Столац предизвика инспекција што откри 71 нелегален кинески работник во октомври. Властите брзо ги ...
Во руралните средини има помалку од половината потребни матични лекари - од планирани 96, функционираат 44, а недостасуваат 52. Лекарот Томче Додевски за РСЕ сведочи за неговата 20 годишна работа во село Герман и дава предлози што да се направи за младите доктори да работат во селата. Фондот почна да менува правилници за да им овозможи подобри услови. Ако има добра плата, верувам дека доктори ќе се вратат во селата. Примањата се важни бидејќи ...
Синиша Каран, кандидатот на владејачката Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), е победник на предвремените избори за претседател на Република Српска, според првите прелиминарни резултати објавени од Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина. Каран освои 200.116 гласови, или 50,89 проценти, додека кандидатот на опозицијата Бранко Блануша од Српската демократска партија (СДС) освои 188.010 гласови, или 47,81 проценти, објави ЦИК ...
Украински претставници на разговори со своите американски колеги во Женева на 23 ноември за мировниот план на претседателот Доналд Трамп од 28 точки - план за кој сојузниците на Киев велат дека е во голема мера проруски. Европските сојузници на Украина - предводени од Велика Британија, Франција и Германија, таканаречената Е3 - изразија загриженост во врска со предлогот, кој сè уште не е официјално објавен, иако клучните елементи се познати. ...
Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се движат со 10 км/ч и драматичниот пад на бројот на вработени - тоа ја открива длабочината на децениското занемарување на ова претпријатие, вели директорот на Македоснки железници - Транспорт Синиша Ивановски во интервју за РСЕ. Г-не Ивановски, зошто во време на дигитална трансформација и вештачката интелигенција, на ...
Чеченија воведе нови правила за женска мода со кои се забранува традиционална облека со „машки елементи“. Иако ова не е прв пат властите на руската република да воведат ограничувања за изгледот на жените, набљудувачите велат дека образложението зад најновите правила е за контрола - а не за традиција, како што се тврди. Чеченското Министерство за култура соопшти дека на дизајнерите на облека сега им е забрането да користат одредени стилови што ...
Разговорите во Вашингтон меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски не донесоа големи дипломатски пробиви, но и не „пропаднаа во огорченост“, а дипломатскиот процес е продолжен, следната станица е Будимпешта. Пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, многу се зборуваше за тоа дека тој ќе бара од САД ракети „Томахавки“ или друго оружје за да ѝ помогне на својата земја ...
Со најавениот британски кредит Северна Македонија ќе тргне кон модернизација на железницата, меѓу другото проектот север-југ тежок 1,9 милијарди евра. Тој предвидува изградба на целосно нова пруга. Но, додека Владата најавува „брзи возови“, дел од експертите предупредуваат на сериозни економски ризици и долгови. Со инвестиција од 1,9 милијарди евра преку кредит што се најавува од Велика Британија, Владата поставува амбициозна цел: во рок од пет ...
Парламентот на Црна Гора се обидува да ја „демонизира Русија“ со своите „антируски активности“, а црногорското раководство ги зголемува тензиите и го зајакнува статусот на „непријателска држава кон Москва“, објави рускиот амбасадор во Подгорица, Александар Лукашик. Ваквите обвинувања, кои по својата острина потсетуваат на реториката од времето на заладување на односите меѓу Подгорица и Москва пред десет години, се сслушнаа на 14 ноември. Во ...
Анкетните собраниски комисии не беа ефикасни во вршењето на контролната функција врз извршната власт, покажа праксата, велат поранешни пратеници за РСЕ. Често не ја постигнуваат уставната цел - утврдување на политичка одговорност, додаваат тие. Анкетна комисија за трагедијата во Кочани е задоцнета затоа што судскиот процес започна, смета јавниот обвинител. Осум месеци по трагедијата во кочананската дискотека Пулс, во која загинаа 63 млади луѓе, ...
Резиме Индустријата ќе може да сокрива какви хемикалии, суровини и материјали согорува и сето тоа да биде под превезот на „деловна тајна“, ако државата тоа го одобри. Ова го предвидува новиот Закон за контрола на индустриските емисии, кој ѝ дозволува на големата индустрија да бара од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) одредени нејзини информации да станат недостапни за јавноста, иако токму тие податоци можат да ...
Резиме Родена една година по договорот со кој заврши војната во Босна и Херцеговина, Ела Љубиќ од Мостар припаѓа на генерацијата што ги наследи нејзините последици, поделени училишта, постојани политички тензии и товари од родителската траума. Растејќи во Мостар, град кој беше сцена на жестоки конфликти во текот на 1990-тите, Ела посетуваше училишта кои сè уште ги делат децата по етнички линии. „Беше принудена да се одлучиш, за едната или за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сретне со високи претставници на Министерството за одбрана на САД во Киев на 20 ноември, поради извештаите дека Москва и Вашингтон изготвиле мировен план кој предвидува големи отстапки од Украина. Според новите предлози, за кои се вели дека се изготвени од Соединетите Американски Држави со цел да се запре војната во Украина, Киев треба да се откаже од дел од својата територија и оружје, беше ...
Кибер актерите со седиште во Кина постојано ги компромитираат мрежите на големите американски и глобални телекомуникациски провајдери за да спроведуваат широки кампањи за кибер шпионажа, соопшти американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа. „Со оглед на значителната големина и обем на злонамерните кибер активности на Кина, Владата на Соединетите Држави работи со сојузниците и другите за проширување на капацитетите за кибер безбедност ...
Резиме И Министерството за одбрана и приватните компании од областа на воената наменска индустрија се на иста линија дека треба да се зајакне сопственото производство на воена опрема и оружје во Северна Македонија. Европскиот план за ревооружување и зајакнување на одбранбената подготвеност на европските земји до 2030 година го отвори прашањето за нивото на наменската индустрија во земјава, при што и домашните малкубројни компании и државата ...
Серија руски напади со беспилотни летала и ракети погодија повеќе региони на Украина утрото на 19 ноември, предизвикувајќи експлозии и прекини на електричната енергија, соопштија украинските власти. Украинските медиуми објавија дека експлозии се слушнале низ регионите Хмелницки, Ивано-Франкивск, Ривно, Лвов и Дњепропетровск, додека нападите биле насочени кон источна и западна Украина. Градоначалникот на западноукраинскиот град Лвов, Андриј ...
Обвинети, адвокати, обвинители, роднини на загинатите, новинари, утрото на 19 ноември ја преполнија судницата во Идризово за првото рочиште од судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во судница дојдоа и дел од повредените, а некои од роднините носат маици со фотографии од загинатите. Стартот на судењето го следат и бројни новинарски екипи, меѓу кои и медиуми од странство. Обвинети се 34 физички лица и три фирми. Станува збор ...
Обвинети, адвокати, обвинители, роднини на загинатите, новинари, утрото на 19 ноември ја преполнија судницата во Идризово за првото рочиште од судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во судница дојдоа и дел од повредените, а некои од роднините носат маици со фотографии од загинатите. Стартот на судењето го следат и бројни новинарски екипи, меѓу кои и медиуми од странство. Обвинети се 34 физички лица и три фирми. Станува збор ...
Европската Унија разгледува три опции за задоволување на финансиските потреби на Украина, вклучувајќи заем со користење на замрзнати руски средства, за следната година и годината потоа, додека блокот се обидува да помогне во ублажувањето на ефектите од намалувањето на поддршката на САД за Киев. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 17 ноември ги наведе трите опции со кои се соочува блокот за да обезбеди финансирање за ...
Хартиените свидетелства ќе заминат во историјата. Постепено, од идната година ќе добиваат електронска верзија во рамките на е-дневникот. Дел од родителите скептични, се жалат дека е-дневникот не функционира. Образовни експерти предупредуваат - внимателно да се воведувада, да не се експериментира. Учениците од прво до трето одделение, во јуни идната година ќе добијат само дигитални свидетелства. Останатите ученици до деветто одделение ќе ги ...
Нафтената индустрија на Србија (НИС) и нејзината рафинерија мора да работат, велат српските власти, бидејќи се ближи рокот на САД за излез од руската сопственост од националната нафтена компанија. НИС е под санкции на САД поради мнозинскиот руски удел во сопственоста, бидејќи Вашингтон сака да ја спречи Русија да ги користи приходите од енергија за војната во Украина. Едно од решенијата за националната нафтена компанија би можела да биде ...
Резиме 19 ноември 2025 година. Судница во затворот „Идризово“ на периферијата на Скопје. Ова се датумот и местото за кога е закажан почетокот на судскиот процес за една од најголемите трагедии во поновата историја на Северна Македонија - пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 63 жртви, а над 200 лица беа повредени. На обвинителна клупа треба да седнат вкупно 34 лица и застапници на три фирми опфатени со обвинителниот акт. Меѓу нив, ...
Европа ги зголемува трошоците за одбрана. Сепак, едно прашање е во голема мера занемарено - како да се премести воената опрема од една земја во друга што е можно побрзо во случај на конфликт? Со години се зборува за „воен Шенген“, област во зоната без пасоши на Европската Унија каде што оружјето и војниците би можеле да се движат слободно како и цивилите. Сепак, таков систем останува нереализиран и за ЕУ и за НАТО, и покрај зголемените ...
Од мафијашки мрежи за трговија со дрога, перење пари, финансиски криминал и инвестициски измами до институционална слабост и висока корупција. Ова е сликата за криминалот во Северна Македонија на скалата на Глобален индекс на организиран криминал за 2025 година. „Не е страшно, ама не е ни добро“ – со оваа реплика од култната серија „Чернобил“ може да се опише состојбата со организираниот криминал во Северна Македонија. Земјата доби оценка пет од ...