Македонскиот центарфор Илија Несторовски доби нов договор од екипата на Славен Белупо и останува во клубот во следните година и пол. 34-годишниот прилепчанец се врати во ХНЛ-лигата по авантурата во Италија, на осум натпревари постигна три гола, а добро ги стартува и подготовките. Тоа беше знак за управата да му даде нов договор до јуни 2026 година. „Среќен сум што се договоривме за нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. ...
Искусниот македонски напаѓач, Илија Несторовски ја продолжи соработката со хрватскиот прволигаш Славен Белупо. Тој во клубот од Копривница пристигна по епизодата во италијански Асколи и во првиот дел од оваа сезона на осум натпревари во сите конкуренции забележа три погодоци и една асистенција. -Среќен сум што се договоривме за нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера и кога клупските ...