Зеленортските Острови, или Републиката Зелен ‘Рт, или Кабо Верде како што самите ја нарекуваат својата земја, вечерва се пред историски пласман на Светското првенство во 2026 година. Островите кои имаат малку помалку од половина милион жители и се наоѓаат на западот од Африка се во пол-позиција и со победа над најслабата репрезентација во својата група, Есватини, на домашен терен и официјално ќе го потврдат местото на Мундијалот. Мечот се игра ...
На само 15 километри од брегот на јапонскиот град Нагасаки во морето се издигнува напуштениот остров кој на прв поглед наликува на огромен воен брод. Поради својот изглед, местото го носи прекарот Гунканџима, т.е „Боен брод“. Вистинското име е остров Хашима, а она што го прави посебен не е само неговата форма, туку и мрачната и сложена историја што ја носи. Кон крајот на 19 век откривањето на јагленот го претворило овој мал остров во еден од ...

