Голема крводарителска акциј, традиционално пред божикните пости, утре организира Брегалничката епархија во храмот „Св. Никола“ во Штип. Акцијата стартува во 9 часот, кога свештеници и верници ќе даруваат крв со цел да се спаси нечиј живот. Протојереј Добрица Јанев упатува силен апел до сите граѓани што се во можност да се приклучат. Во просториите на храмот ќе бидат присутни екипите на Црвениот крст и трансфузиологија за брзо и безбедно ...
Голем број верници, свештеници и граѓани денес даруваа дел од својата скапоцена крв во храмот „Св. Никола“ во Штип, со цел да спасат човечки животи. Акцијата започна во 9 часот и за кратко време црквата беше исполнета со луѓе подготвени да помогнат. Храмот се претвори во тивко, но моќно место преполно со хуманост, каде секој дарител даваше надеж за нечиј нов живот. Организаторите наведоа дека акцијата поминала организирано и со стабилен одѕив. ...

