Бразилскиот претседател, 79-годишниот Луис Инасио Лула да Силва ќе биде подложен на нова операција на главата, чија цел е „да го намали ризикот“ од ново крварење во близина на мозокот, објави болницата во која е згрижен. На бразилскиот претседател му беше извршена итна операција во вторникот, откако магнетната резонанца откри крварење во неговиот мозок, изјави за новинарите во средата докторот на Лула, Роберто Калил Фиљо. Лекарите го оперирале ...

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва е буден и добро се опоравува по двете операции, вклучително и дренажа на хематом во главата, соопшти денеска неговиот кабинет. Како што се додава, тој зборува нормално и може да јаде, додека се очекува во текот на денот да биде пуштен од одделот за интензивна нега на болницата во Сао Паоло, каде што беше опериран, пренесува „Ројтерс“. Неговиот лекар Роберто Калила рано утринава објави дека Лула ...