Легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо почина на 58-годишна возраст по тешко боледување од тумор на мозокот. Кошаркарскиот гигант со потекло од Конго помина 18 сезони во НБА играјќи за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси Нетс, Њујорк и Хјустон. Тој беше осумкратен Ол-стар и четири пати одбранбен играч на годината. Секогаш ќе остане запаметен по тоа што мафташе со показалецот („Нема да поминеш“) секогаш кога ќе запре некого со „банана“. По ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на Иранците дека нема место на Блискиот Исток што е подалеку од дофатoт на Израел, два дена откако израелската војска го уби лидерот на либанската милитантна група Хезболах. Говорејќи на англиски јазик во 3-минутното видео објавено од неговата канцеларија, Нетанјаху рече дека му се обраќа на иранскиот народ и ја обвини иранската влада за туркање на Блискиот Исток „подлабоко во војна“ по цена на ...

Уредничкиот одбот на „Њујорк Тајмс“ ја поддржа Камала Харис, нарекувајќи ја единствениот патриотски избор за претседател. Наместо да ги наведе позитивните аспекти на Камала Харис, уводникот се фокусираше на набројување на она што го смета за дисквалификувачки аргументи против Трамп. „Тешко е да се замисли кандидат кој е понедостоен да ја извршува функцијата претседател на Соединетите држави“, пишува во едиторијалот за Трамп. „Оваа ...

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, во тешка здравствена состојба е префрлен на државната клиника. Неговиот адвокат Бојан Манев за ,,Фокус” вели дека Видевски се наоѓа во тешка здравствена состојба и подолго време се жалел на болки. Тој вчера бил однесен во ГОБ ,,8 Сепември”, но поради сериозноста на состојбата бил пренесен на државната клиника. ...

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, во тешка здравствена состојба е префрлен на државната клиника. Неговиот адвокат Бојан Манев за ,,Фокус” вели дека Видевски се наоѓа во тешка здравствена состојба и подолго време се жалел на болки. -Видевски од пред десет години има трансплантиран бубрег. Сега и тој откажал или е пред откажување, поради што состојбата ...

Членките на НАТО не треба да се откажат од испраќање поголема воена помош за Украина поради непромислената нуклеарна реторика на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска во интервју за Ројтерс генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг. Тој реагираше на изјавата на Путин минатата недела дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде погодена од конвенционални ракети и дека Москва ќе го смета секој напад ...

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се пресметува со францускиот претседател Емануел Макрон во мемоарите, чии извадоци беа објавени утрово во Дејли Мејл. На 10 октомври, поранешниот британски конзервативен лидер ги објавува „Unleashed“, мемоарите во кои го раскажува своето искуство во политиката, особено времето во Даунинг стрит од 2019 до 2022 година, обележано со преговорите со Европската унија за Брегзит и пандемијата „Ковид-19“. ...

Владимир Путин се плаши да користи нуклеарно оружје затоа што го сака својот живот и ги контролира животите на другите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Рускиот претседател на 25 септември изјави дека ја менува руската „нуклеарна доктрина“ и може да ги прошири околностите под кои може да се користи такво разорно оружје. Но, Зеленски рече дека не мисли дека Путин ќе ризикува да користи нуклеарно оружје. „Никој не знае што ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се повикуваат 133.000 Руси на задолжителна воена служба оваа есен, според веб-страницата за правни информации. Во уредбата се наведува дека граѓаните на возраст меѓу 18 и 30 години кои ги исполнуваат условите за воена служба и не се во резервни единици се поканети да бидат регрутирани од 1 октомври до 31 декември. Уредбата ги иззема војниците кои веќе ја отслужиле воената служба, пренесе ...

Во 2006 година, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, кои имаат 56 директори и 142 члена на управните одбори. До тоа дојде, откако „вмровците“ инспирирани од менаџирањето на банките, одлучија истиот систем да го применат во јавното здравство, така што болниците добија по двајца директори, еден стручен и еден економски директор. Според системот на врзани потписи, тие требаше да направат ефикасни ...

Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со пратеникот од Европскиот фронт Зијадин Села, кој води судска битка со поранешниот соработник Арбен Таравари за печатот на Алијанса за Албанците. Во интервјуто, Села раскажува како се одвивал процесот на разделба меѓу него и Таравари, при што открива досега непознати детали за јавноста. Влатко СТОЈАНОВСКИ Во врска со битката за брендот Алијанса за Албанците, Зијадин Села вели дека ...

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид синоќа одиграа одличен натпревар од 8. коло во Ла Лига. Натпреварот донесе многу возбудувања, прекин, израмнување на крајот и црвен картон. Натпреварот заврши со резултат 1:1, а стрелци беа Милитао за Реал во 64. минута и Кореа за Атлетико во судиското надополнување. Натпреварот беше прекинат по голот на гостите кога мета на навивачите беше голманот на Реал, Куртоа, но набрзо потоа мечот продолжи. 🚨 ¡Los jugadores ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им го честиташе на граѓаните на Русија Денот на обединувањето на Доњецката и Луганската народна република, регионите Херсон и Запорожје со Русија. „Ние работиме на тоа со години, низ тешки искушенија, знаевме во какви неподносливи услови на континуирано гранатирање и блокада живееше Донбас долги осум години, на какво угнетување беа изложени жителите на Новорусија. Се одмаздивме на неонацистичката ...

Ефектите од намалувањето на цените на прехранбените и земјоделските производи ќе се видат до крајот на октомври или почетокот на ноември со спроведувањето на Законот за нефер трговски практики. Законот беше донесен кон крајот на месец март и изготвен од претходната Влада на СДСМ и на ДУИ, но се остави простор на добавувачите да се адаптираат на новите правила кои произлегуваат од него. Со Законот за нефер трговски практики, рабатот ќе биде ...

Возач на автомобил удрил во камион со брзина од 300 километри на час на 83-от километар од автопатот М12 во областа Орехово-Зуевски во Москва, ноќта на 25 септември. Пожарникарите имале потешкотии да го извадат она што останало од Audi RS5 од под камионот. Според информации, починатиот е претприемач од Татарстан. Повеќепати бил казнуван поради пребрзо возење. Кобната грешка, очигледно, била што младиот човек гледал во брзиномерот сакајќи да ја ...

Хамас соопшти дека во денешен израелски напад е убиен нивниот водач во Либан – Фатех Шериф Абу ел-Амин. Тој бил убиен заедно со неговата сопруга, син и ќерка, во нападот што бил насочен кон нивната куќа во палестинскиот бегалски камп во јужниот град Тир, пренесува Ројтерс. Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП), милитантна група која учествува во борбата против Израел, пак, соопшти дека тројца негови водачи биле убиени во напад што ...

Лидерот на АБК – Рамуш Харадинај на митинг во Берн изјави дека дијаспората ќе биде раката што ќе донесе промени на 9 февруари, пишува Косово онлајн. Харадинај на Фејсбук напиша дека визијата на АБК и нејзините партнери во коалицијата го враќа Косово на перспективата за членство во НАТО, економски развој и да биде место за живеење, а не заминување. „На големата средба во Берн, меѓу нашите браќа и сестри, отворено разговаравме за предизвиците што ...

Во Москва, ноќеска избувна пожар во станбениот комплекс Селигер Сити. Се запалија неколку станови од петтиот до осмиот кат, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. За еден час од првата пријава за пожарот, од одделението известија дека пожарот е изгаснат. Површината на пожарот е 100 квадратни метри, изјавија за ТАСС оперативните служби. Пет лица се спасени. Повредени се двајца жители на зградата, меѓу кои и едно дете. При ...

Рускиот портал „Инсајдер“ објави дека добил пристап до официјални документи поврзани со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Порталот пишува дека има две верзии на документот потпишани од рускиот истражител Александар Варапаев. Тие се однесуваат на одлуката на рускиот истражен комитет да не отвора кривична постапка по смртта на Навални. Порталот пишува дека руските власти постојано ги отстранувале информациите за симптоми кои не ...

По масовното израелско бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштаат своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа ноќта на тротоарите, на брегот на морето и во малите паркови во центарот на градот. Бејрут веќе беше совладан од претходниот бран раселени луѓе кои бегаа од интензивната израелска воздушна кампања во јужен Либан, која започна минатиот понеделник и уби околу 700 луѓе. Училиштата, ...

Пожар во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако две лица беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба. Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини. Жителите на неколку загрозени села добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со ...

На југоистокот на САД вчера започнаа големи активности за чистење и обнова на штетите од силните ветрови, дождови и надојдената вода и песок предизвикани од ураганот Хелена што остави милиони луѓе без струја, разурна патишта и мостови и предизвикаа катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија. Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 ...

Украинската војска извести дека тешките борби продолжиле на 29 септември по ноќните воздушни напади кои вклучиле подлабока пенетрација во Русија. Во меѓувреме американскиот претседател Џо Бајден на социјалните мрежи напиша дека „Украина ќе победи во оваа војна“. „Руските напаѓачи продолжуваат да ги напаѓаат позициите на украинските бранители со окупаторите кои активно напаѓаат во стратешки важните правци Покровск и Курахов“, соопшти украинскиот ...

Андреа Капоне, поранешен фудбалер на Каљари, е пронајден мртов во хотел во Каљари. Капоне (43) наводно имал повреда на вратот, а се претпоставува дека ова е последица на пад. „Газета“ објавува дека Капоне претходно ја поминал вечерта со своите пријатели на забава, а следното утро бил пронајден во бессознание. Иако брзата помош реагирала брзо, лекарите не успеале да го реанимираат. Истрагата е во тек, а властите ја разгледуваат можноста смртта ...

Во изминатите триесет и три години, трите статус кво клана СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ градеа систем Мафијадонија, со цел да владее хаос и народот да биде беден духом и телом. Таквата општествена состојба овозможуваше, на актуелниот владејачки клан да демонстрира способност за „надминување на хаосот“ и „обезбедување стабилност“ во беспоредокот, кој сам го генерираше. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Пропадна повикот на премиерот Мицкоски за заедништво ...

Министерството за здравство на Хутите во Јемен штотуку објави четири смртни случаи по денешните израелски напади. Уште 29 лица се повредени, се вели во соопштението,објави Скај Њуз. Израелската војска претходно соопшти дека користела десетици авиони, вклучително и борбени авиони, за да ги нападне електраните и пристаништата Рас Иса и Ходеида. Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка ...

Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) победи на општите избори одржани денеска, со освоени 29,1 отсто од гласовите, што и дава можност да формира владејачка коалиција за прв пат по Втората светска војна, покажаа проекциите, пренесе Ројтерс. На второ место е Австриската народна партија на австрискиот канцелар Карл Нехамер, која освои 26,2 отсто од гласовите, додека социјалдемократите добија 20,4 отсто од гласовите, според ...

Израелската војска потврди дека нападнала цели на хутите во Јемен. „Во воздушна операција од голем обем, десетици авиони на израелските воздушни сили нападнаа воени цели на хутскиот терористички режим во областите Рас Иса и Ходеидах во Јемен. Израелските одбранбени сили нападнаа електрична централа и пристаниште што се користеше за извоз на нафта“, објави ИДФ. Дополнително се вели дека е нападната инфраструктура што се користеше за транспорт на ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 125 украински беспилотни летала во текот на ноќта, додека локалниот гувернер изјави дека бил погоден станбен комплекс во западниот град Воронеж. Одделно, Вјачеслав Гладков, гувернер на западниот регион Белгород, рече дека еден маж е убиен во пограничниот град Шебекинo, а осум цивили се повредени во поширокиот регион во напади со беспилотни летала и ракетни истрели во ...

Вооружен Сириец (41) влетал со комбе во неколку продавници во германскиот град Есен, заканувајќи се со оружје и запалил две станбени згради, при што повредил 31 лице, меѓу кои две деца, чии животи се во опасност, јавуваат германските медиуми. Според Противпожарната служба и полицијата, тој во саботата нешто по 17 часот запалил станбена зграда, а потоа запалил и куќа во друга улица. После тоа, со комбето влетал во излогот и фасадата на ...

Скопје

12ᴼ/12ᴼ
7.2
50%
1019

Белград

10ᴼ/8ᴼ
3.6
74%
1021

Софија

9ᴼ/9ᴼ
6.17
60%
1019

Сараево

14ᴼ/14ᴼ
8.4
41%
1016

Љубљана

10ᴼ/7ᴼ
1.03
91%
1022

Атина

22ᴼ/17ᴼ
1.34
52%
1014

Тирана

12ᴼ/12ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/10ᴼ
2.57
71%
1018
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.5194

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $