Даниел Дубоа (27) го нокаутираше предизвикувачот Ентони Џошуа (34) во петтата рунда пред 96.000 гледачи на „Вембли“ во англиска борба и на тој начин го одбрани појасот на светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ. Дубоа ја контролираше целата борба и неколкупати го собори противникот, чија кариера британските медиуми ја прогласија буквално за завршена по „најубедливиот пораз во неговата кариера“. Ова беше негов четврти пораз во 32 борби, ...

Американскиот Стејт департмент ги повика Американците во Либан да ја напуштат земјата поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, додека комерцијалните летови остануваат достапни. „Поради непредвидливата природа на тековниот конфликт меѓу Хезболах и Израел и неодамнешните експлозии низ Либан, вклучително и Бејрут, Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијалните ...

На девизните пазари, курсот на доларот во однос на еврото падна минатата недела, бидејќи американската централна банка ги намали каматните стапки поагресивно од очекуваното. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,4 отсто, на 100,74 поени, блиску до најниското ниво во една година. Истовремено, курсот на доларот во однос на еврото падна за 0,8 отсто, па цената ...

Хезболах утрово од либанска територија истрела 85 ракети врз северен Израел, при што беа повредени три лица, додека израелските сили вршат нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан и се закануваат со интензивирање на нападите, соопшти израелската армија (ИД). Некои од 85-те ракети на Хезболах беа пресретнати, додека некои го погодија Кирјат Биалик во близина на Хаифа и Морешет, заедници во Долна Галилеја, пишува „Тајмс оф Израел“. ...

Најмалку четири лица загинаа во пукање пред популарен ноќен клуб во Бирмингем, Алабама, доцна синоќа Престрелката се случила нешто по 23 часот, а според првичните информации напаѓачот од возило во движење пукал кон луѓето кои чекале да влезат во клубот „Хуш“. Очевидци велат дека по звукот изгледало дека истрелите се испукани од автоматско оружје. Двајца мажи и една жена починале на лице место, додека четвртото лице починало во болница. Според ...

Две лица загинаа, а шест се повредени откако гром удри во дрво под кое членови на три семејства се засолниле во лозје во Турција. Имено, поради силниот дожд, членовите на семејствата Аџет, Ердоган и Белдек, кои береле грозје во лозје во квартот Чешме, побарале засолниште под круната на блиското дрво, пишува Хаберлер. Селим, Рамазан и Ебубекир Аџет, Лале, Лејла и Азизе Ердоган, Емин и Селахатин Белдек се повредени кога гром удрил во дрво под кое ...

Истекување на метан предизвика експлозија во рудник за јаглен во источен Иран, при што загинаа најмалку 30 луѓе, а 17 беа повредени, јавија денеска иранските државни медиуми. Се верува дека уште 24 рудари се заробени во урнатините на рудничката јама. Во извештајот се вели дека смртните случаи се случиле во рудник за јаглен во Табас, на околу 540 километри југоисточно од главниот град Техеран. Властите испратија персонал за итни случаи во ...

Провалникот Стивен Вилсон доби отштета од 5 милиони фунти откако беше избоден со нож во затворската кујна во Челмсфорд, Англија. Тој бил нападнат од осуден убиец кому поради лоша проценка на ризикот му било дозволено да работи во кујната каде што имал лесен пристап до ножеви, објави Гардијан. Вилсон претрпе расекотини на стомакот, повреда на црниот дроб и се здоби со нецелосна повреда на ‘рбетниот мозок откако беше избоден неколкупати со нож од ...

Избрана е фирмата што треба во рок од четири месеци да ги инсталира и монтира компресорските станици во хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје. Оваа денеска го соопштија од Министерството за здравство (МЗ) посочувајќи дека „Винора“ ДООЛ Скопје, како единствена пријавена фирма е избрана како најповолен понудувач на вториот тендер за набавка, монтажа и пуштање во употреба на системот на компресорските станици. Министерот за здравство Арбен ...

Текстот е објавен во неделникот ,,Фокус”, на 16 мај 2019 година, во број 1232. (Појаснување) Текстот беше објавен со наслов: ФОКУС ДОЗНАВА: ЗОШТО СЈО НЕ ЈА ОТКРИВА МАФИЈАТА ШТО РЕКЕТИРАЛА БИЗНИСМЕНИ И ПОЛИТИЧАРИ СО НОВИ „БОМБИ“ Висок функционер ја кочи истрагата за „Никола Тесла“!? Пишувала: Валентина ВУРМО И по пет години од откривањето на аферата за нелегалното масовно прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), ...

Јавниот радиодифузен сервис МРТ го објави извештајот за финансиско работење на институцијата во периодот од први април до 30-ти јуни 2024 година. Според Законот за јавни претпријатија, МРТ објавува тримесечни извештаи со показатели за финансиското работење, а на последниот е наведено дека трошоците за пренос на проектот Евросонг 2024, иако Македонија веќе две години не учествува на настанот, биле во износ од 456.158 денари, односно над 7.417 ...

Владата реши да го раскине долгогодишниот милионски договор за закуп на административно-деловен простор што Државната лотарија го склучи со фирмата „Хеј“ во Визбегово, за што отворена е предистрага и надлежните институции испитуваат дали има нерегуларности. „Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно-деловен простор склучен помеѓу Хеј ДООЕЛ Скопје и aкционерското ...

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, повторно сака да застане на чело на Државното обвинителство, бидејќи конкурирал на огласот кој го распиша Владата, неофицијално дознава,,Фокус”. Од Владата ниту ја потврдија, ниту ја демантираа информацијата на ,,Фокус”, а ниту лично Стафа не одговори на нашата порака. Според Законот за државното правобранителство, државниот правобранител го именува Владата по предлог на министерот за правда. ...

Продолжува размената на обвинувања меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и ДУИ, која започна откако Николоски во интервју за „Фокус“ истакна дека автопатската траса кон Блаце била прецртана во планински дел, каде, според него, земјиштето преминало во сопственост на функционери од врвот на „интегративците“. –Трасата се поместува низ планината и од 13 километри испаѓа 6 километри да се тунели. И проектираната цена, за ...

Веќе девет месеци Управата за финансиска полиција истражува дали скопската градоначалничка, Данела Арсовска, сторила кривично дело при новогодишното украсување на градот. На крајот на минатата година, финансиската полиција влезе во Град Скопје и одзеде документација со цел да истражат како се потрошени 30.000 евра. Градоначалничката Арсовска никогаш јавно не го објави договорот за украсување, ако воопшто постои, по што следуваше реакција од ...

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во саботата го отфрли предлогот за нова дебата со неговата демократска противкандидатка Камала Харис. „Проблемот со друга дебата е што едноставно е доцна. Гласањето веќе започна“, рече поранешниот претседател за време на предизборниот митинг во Северна Каролина, мислејќи на почетокот на предвременото гласање во одредени држави. Кампањата на американскиот потпретседател Харис објави дека ...

Израелските авиони извршиле вкупно 111 воздушни напади за еден час, јавија либанските медиуми Нападите биле извршени помеѓу 13:30 часот. и 14:30 часот локално време. „Авиони на израелскиот непријател извршија серија насилни воздушни напади врз областите во Набатиех, Иклим ал-Туфах и Западна Бекаа“, јавија локалните медиуми. Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека денеска биле погодени околу 180 цели во јужен Либан. Според ИДФ, ...

Формирањето на првата влада на Република Македонија по стекнувањето (поточно во процесот на стекнување) на независноста на државата, на чело со академик Никола Кљусев (1927-2008) беше добар почеток и израз на национално и граѓанско помирување. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Ние, Македонците навистина сме терсене народ! Триесет и три години се одбележува и „слави“ Денот на независноста, а притоа голем дел од граѓаните сѐ уште не знаат зошто се слави и ...

Претворањето на обичните, лични телекомуникациски уреди во бомби и таргетирањето на илјадници Либанци кои користат пејџери, воки-токи и друга електронска опрема е кршење на меѓународните прописи за човекови права, изјави високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк. Тирк на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН рече дека мора да има независна и транспарентна истрага за нападите во Либан во вторникот и средата, кога уредите ...

Либанската шиитска група Хезболах утринава соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут. Хезболах ги објави имињата на 14 нејзини членови кои беа убиени во нападот. Израелската армија синоќа објави дека го убила главниот командант на Хезболах, Ибрахим Акил и другите ...

Израел изврши воздушен напад во јужните предградија на Бејрут во петокот, во кој загинаа најмалку 12 лица, а беа ранети 66, во, како што рече, целното убиство на висок лидер на Хезболах. Израелската војска соопшти дека во нападот бил убиен Ибрахим Акил, личност од највисокиот воен совет на групата, кого САД го бараат поради неговата наводна поврзаност со бомбардирањето на американската амбасада во Бејрут во 1983 година. Немаше непосредна ...

Измислица. Чиста измислица која и денес стои во документите, енциклопедиите и изјавите од тоа време, со гордиот наслов : ,,Пакет Пињеиро“. А, никаков пакет немаше. Тоа што тој го рече беше истата порака која Грците ни ја праќаа од разни страни, а се сведуваше на пари и економска помош за името. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Паралелно со американската, ја теравме и европската приказна. На почетокот од 1992 година ...

Откако Владата одлучи да го раскине милионскиот договор на „Државна лотарија“ за закуп склучен со фирма на син на опозициски пратеник, најавува заокружување на процесот за одземање на лиценците на приредувачите на онлајн игри на среќа или популарно кажано – онлајн казина. Според информации на „Фокус“, оваа одлука треба да се донесе на владина седница во вторник, следната недела. Инаку, основа за ваквата одлука е автентичното толкување на Законот ...

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на малолетното девојче, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес. – Овој родител наместо да го плачи своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви некоја лажен мотив и врска. Јас него не го познавам, рече Палчо за таткото на Вања. Таткото на Вања кажа дека на располагање се става на судот да се открие вистината за овој случај. Тој ...

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски предложи решение за статусот на Крим. Сепак, неговиот предлог не беше добро прифатен ниту во Украина ниту во Русија. Според Сикорски, Украина и Русија не можат да се договорат за статусот на Крим, па затоа е потребна интервенција на меѓународната заедница. „Ние би можеле да го ставиме Крим под мандат на ОН со мисија да подготви фер референдум откако ќе провери кои се легалните жители и ...

Потпретседателката на САД, Камала Харис, изјави дека е подготвена да употреби пиштол доколку натрапник упадне во нејзиниот дом. „Ако некој упадне во мојата куќа, ќе биде застрелан“, рече Харис, гостинка на Опра Винфри. „Веројатно не требаше да го кажам тоа, но мојот персонал подоцна ќе се справи со тоа“, додаде таа и се насмеа. Харис, која потврди дека поседува пиштол за време на неодамнешната претседателска дебата, ја повтори својата поддршка ...

На поранешниот генерален секретар во владата на СДСМ, Мухамед Зекири, повторно ќе му се суди, бидејќи Апелација ја укина првостепената пресуда на Кривичниот суд, со која беше осуден на затворска казна од две и пол години. -Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05.06.2024 година, на ден 06.09.2024 година, донесе одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Европската унија „го изгубила умот“ и дека со доделувањето дополнителни средства за воена помош за Украина, тргнала на „патот кон пропаст“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во Брисел изјави дека ЕК дополнително ќе одвои околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, што вклучува 60 милиони за ...

Љупчо Палевски Палчо и останатите обвинети за убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски – Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски рекоа дека не се чувствуваат виновни. – Не се чувствувам виновен. Се ставам на располагање, наместо молчење, рече таткото на Вања. Полномошникот на мајката предјави оштетно побарување и се приклучи на кривичниот прогон против обвинетите. Обвинителството во ...

Со пиштол калибар од 9 милиметри и преку перниче обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска, се наведува во обвинението за убиството на 14-годишната девојка за кое судскиот процес почна денеска. Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот пршлен. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за двојното ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $