Најмалку три лица загинаа во експлозии во долината Бека во источен Либан, јави попладнево либанската државна новинска агенција, а безбедносни извори изјавија дека стотици луѓе се ранети во серија нови експлозии ширум земјата. Рачни радио апарати користени од членовите на Хезболах биле детонирани на југот на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут, изјавија безбедносни извори и очевидци. Најмалку една експлозија се случила во ...

Во престрелка во просториите на руската компанија „Вајлдберис“ во Москва денеска се убиени двајца обезбедувачи, а двајца полицајци се ранети, јавија руските медиуми. Медиумите објавија дека по инцидентот биле уапсени и речиси 30 лица. Основачот на Wildberrys и мнозински сопственик Татјана Бакалчук и нејзиниот сопруг Владислав, против кого таа покрена постапка за развод и кој имаше мал удел во компанијата, се обвинуваа меѓусебно за инцидентот. ...

Сириско семејство кое дошло во Германија во 2016 година од Алепо извршило вкупно 110 злосторства, објави Билд. Таткото Алмуди Х.(43) има 13 деца, а на полицијата и се познати вкупно девет членови на семејството. Синот Халил Х., кој има 17 години, извршил 34 кривични дела. Тој е во притвор по напад со нож, а во затвор се и неговите тројца браќа. Неговиот 21-годишен брат Муфед Х., пред два месеци излезе од затвор, откако отслужи тригодишна ...

Пред големиот скопски концерт кој бендот „Меморија“ го најави на 16-ти ноември годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно повторно отсвирена ретроспектива на најголемите досегашни хитови во живо, но и промовирани новите песни, групата го издаде и третиот сингл, како дел од материјалот кој ќе го комплетира албумот кој е во најава. Новите песни излегуваат една по една во етерот, и по рок баладата „За тебе“ ...

Заврши судењето на Сергеј Трифуновиќ во Сплит. Српскиот актер е осуден на шеесет дена затвор, кои нема да мора да ги помине доколку во рок од една година не го стори истото дело. Бидејќи вчера беше уапсен и однесен во Сплит, му е одредена условна затворска казна од 59 дена. Мора да плати и судски трошоци од 150 евра, а се откажа и од правото на жалба. Пресудата е правосилна. Му е вратен пасошот, а на Слободна Далмација и рекол дека сепак ќе ...

Одличен настап на нашите репрезентативци. Презадоволни сме од настапот како од машката така и од нашата женска репрезентација. После 6 кола се наоѓаме на 25 место, а бевме стартно рангирани како 65, изјави за „Рацин.мк“ претседателот на УО на Шаховската федерација на Северна Македонија – Саша Богдановиќ. „Исто така еден убав куриозитет е дека во вој момент имаме втор резултат на Олимпијадата по освоени поени 18,5 и тоа после водечката Индија ...

Кејт Мидлтон (42) ја одржа својата прва официјална средба по повеќе од девет месеци пауза поради здравствени проблеми, пишува Дејли Мејл. Принцезата од Велс им се врати на работните обврски. Во замокот Виндзор, Кејт организираше состанок за да разговара за нејзиниот проект за ран детски развој. Кејт во март објави дека и бил дијагностициран рак по операција на абдоменот и дека ќе мора да оди на превентивна хемотерапија. Таа неодамна ја сподели ...

Одбивањето на раководството на НАТО да ги земе предвид изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за последиците од можните напади врз Русија со западно оружје е опасен и кусоглед чекор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Со тие зборови тој ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој рече дека Алијансата нема да стане дел од конфликтот во Украина доколку дозволи Киев да изврши напади длабоко на ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утре во Брисел ќе одржи средба со лидерите на земјите од Западен Балкан. Главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер, неодамна објави дека шестмина лидери од Западен Балкан биле поканети на работен ручек во Берлаимон, седиштето на ЕК, пренесува Танјуг. Мамер не даде повеќе детали за планираната средба. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера го претстави ...

Стопанска банка АД Битола има уште четири дена, односно до 22 септември да се изјасни дали ја прифаќа понудата од нешто над 20 милиони евра на Комерцијална банка за превземање на акциите. Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции и вкупната цена за нив ќе биде 1,25 милијарди денари односно нешто над 20 милиони евра. Во Проспектот за преземање на банката објавени се сите акционери кои ги поседуваат горенаведените акции, ...

Пејџерите користени во нападите во Либан беа произведени од компанија со седиште во Будимпешта која беше овластена да ја користи трговската марка на тајванскиот Gold Apollo. Пејџерите се произведени од BAC Consulting KFT, со седиште во унгарската престолнина, соопшти Gold Apollo, истакнувајќи дека BAC е „исклучиво одговорна за производството“. Експертите веруваат дека експлозивен материјал бил поставен во пејџерите пред да бидат испратени и ...

Уште една експлозија се случи во текот на ноќта во Келн, на само неколку стотини метри од местото каде одекна експлозијата во понеделникот наутро. Во текот на ноќта се слушна тресок во продавница за облека со станови горе на Еренштрасе, објави Билд. „Итната помош била известена околу пет часот наутро“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата. Жителите биле шокирани од новата експлозија, а еден случаен минувач (40) е повреден. Полицијата е на ...

Ер Франс ги прекина летовите од парискиот аеродром Шарл де Гол до Бејрут и Тел Авив до утре, заклучно со 19 септември, поради ескалација на безбедносната ситуација на Блискиот Исток. „Летовите ќе продолжат по проценка на ситуацијата“, додаваат од авиокомпанијата, пренесува Ројтерс. Претходно во текот на денот, Луфтханза исто така објави дека ги прекинува летовите до и од Тел Авив и Техеран и дека ќе го заобиколи израелскиот и иранскиот воздушен ...

Австралиската полиција откри дека десетици луѓе биле уапсени во Австралија како дел од глобалната полициска акција против шифрираната криминална комуникациска мрежа, во која учествуваат девет земји и агенцијата за спроведување на законот на ЕУ, Европол. Мозокот на мрежата е 32-годишен маж од Нов Јужен Велс, соопшти австралиската Федерална полиција (AFP), додавајќи дека човекот е обвинет „за создавање и администрирање на Ghost, посветена ...

Во Прага утрово се судрија два патнички воза, при што полесно се повредени десетина лица, јавува чешката агенција ЦТК, повикувајќи се на извори од спасувачката служба. Zasahujeme společně s hasiči @Spravazeleznic @zzshmp a @PolicieCZ u srážky svou osobních vlaků v Praze Libni. pic.twitter.com/WFqzmPkxDk — Hasiči Praha 🚒 (@HasiciPraha) September 18, 2024 Возовите се судрија во близина на станицата Прага-Либен, на пругата меѓу станицата Височани ...

Тајванската компанија Gold Apollo не ги направи пејџерите што експлодираа вчера во Либан, при што загинаа најмалку девет лица, изјави за новинарите основачот на компанијата Хсу Чинг-Куанг. Најмалку девет лица загинаа, а речиси 3.000 се повредени кога пејџерите користени од членовите на Хезболах експлодираа истовремено низ Либан. Сликите на уништените пејџери, анализирани од Ројтерс, покажуваат формат и налепници на задната страна кои се во ...

Дoналд Трамп ја пофали „неверојатната“ реакција на една жена, за која рече дека го следела напаѓачот додека бегал по обидот за атентат. Во своето прво јавно појавување по инцидентот, републиканскиот претседателски кандидат им кажа на толпата дека неименуваната жена видела „нешто лошо“ во напаѓачот. Обраќајќи им се на поддржувачите во Флинт, Мичиген, Трамп рече дека да се биде претседател е „опасна работа“. „Мислите дека возењето тркачки ...

Вистинска драма се одвивала вчера на летот од Крит, кога дошло до експлозија во авионот. Како што пренесуваат тамошните медиуми, електронска цигара експлодирала на летот на EasyJet од Ираклион до Лондон додека била во полнач. Во авионот настанала паника откако одекнала експлозија и кабината почнала да се полни со чад. Како што изјавија патниците за DailyMail, се слушнала силна експлозија. „Потоа видовме чад, нешто црвено светна, а потоа видовме ...

Претседателот и потпретседателот на САД, Џозеф Бајден и Камала Харис денеска му се јавиле на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, откако бил извршен уште еден обид за атентат врз него. Харис, која како претставник на Демократската партија ќе биде противкандидат на републиканецот Трамп на претстојните претседателски избори во САД, за време на краткиот разговор му кажала на Трамп дека е „благодарна“ што тој е безбеден по очигледниот обид ...

Тинејџер на 14 години со секира го убил сопствениот брат во Австрија. Трагичниот настан се случил во Мирцхофен, во австриската провинција Штаерска. Момчето признало дека го убило својот 36-годишен брат, објавија австриските медиуми. Полицијата соопшти дека мажот бил убиен со секира. Неговото тело беше пронајдено вчера во куќа во Киндберг, во Штаерска. Откако го убил својот брат, 14-годишникот го напуштил местото на злосторството, но набрзо бил ...

Министерството за здравство во Газа денеска објави список со имиња, возраст, пол и матични броеви на 34.344 Палестинци убиени во израелските напади на територијата, вклучително и 169 бебиња родени по почетокот на израелската војна во енклавата на 7 октомври минатата година. Останатите 7.613 лица вклучени во бројот на загинати, кој сега надминува 41.000, се Палестинци чии тела се примени во болници и мртовечници, но чиј идентитет се уште не е ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна. – Сакам да ги предупредам нашите противници, нашите ривали. И оние кои сè уште не разбираат. Нема потреба да се прави ова. Напад на Белорусија е трета светска војна, предупреди Лукашенко. Лукашенко подвлече дека Белорусија има со што да одговори на надворешна агресија и дека нејзините интереси и вредности ќе се бранат. ...

Одиграни се првите два натпревари од новата ЛШ, во кои нема повеќе групи, туку сите 36 екипи играат во една лига. Честа да отворат нов систем на натпреварување ја имаа Јувентус и ПСВ односно Јанг Бојс и Астон Вила, а двата меча завршија со убедливи победи. Јувентус го победи ПСВ со 3:0. Кенан Јилдиз го доведе тимот на Тиаго Мота во водство со прекрасниот гол во 21. минута, а Вестон Мекени само шест минути подоцна зголеми на 2:0. Николас ...

Трагичен настан во срцето на Неапол ја шокираше јавноста кога 30-годишна туристка од Падова, Италија, го загуби животот поради повреди на главата со кои се здоби при пад на статуа од балкон на зграда во центарот на градот. Мртвата девојка е идентификувана како Кјара Јаконис. Според најавата на медицински извори, повредите биле фатални, а несреќната жена како последица од овој инцидент починала. Како што пренесува АНСА, трагичниот настан се ...

Најмалку 19 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена Жителите на неколку полски и чешки региони беа евакуирани во последниве денови, а други во централна Европа почнаа да ги расчистуваат своите населби по најголемите поплави во повеќе од две децении кои зад себе оставија пустош и се повеќе мртви. Невремето го напушти регионот, но вистинските проблеми во вид на поплави, порои и лизгање на земјиштето допрва ...

Средовечен Шпанец по име Ернесто тврди дека смислил генијален начин да заработи пари. Тој објави видео на TikTok кое предизвика големо внимание кај корисниците, во кое детално ја објаснува својата идеја. Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како „љубовник на невестата или младоженецот“ и на тој начин да ја откаже венчавката, односно да спречи „несакан брак“. Тој стана тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето ...

Русија ќе одговори во случај на напад врз руски градови, „моќното оружје е подготвено“, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин. – Денеска САД отворено ја разгледуваат можноста за напад на територијата на Руската Федерација. Што значи напад? Групата сателити припаѓа на САД, земјите на НАТО. Во овој случај, водењето и извршувањето на командите ќе го вршат војници на НАТО, користејќи високопрецизно оружје во комбинација со групи ...

Над 1.000 борци на либанската милитантна група Хезболах се повредени во координиран напад на Израел, кога им експлодирале нивните комуникациски пејџери, јавуваат светските медиуми. Тајмс оф Израел објави, цитирајќи либански медиуми, дека пејџерите со експлозив во Либан раниле најмалку 1.000 луѓе. Израел наводно хакирал комуникациски уреди што ги користел Хезболах, предизвикувајќи нивна експлозија. 🚨 Breaking: Tens of Hezbollah communication ...

Министерството за внатрешни работи го разреши Наим Рамука, началник на Регионалниот центар за гранични работи Север кого опозицијата го обвинуваше дека го пренел преку граница припадникот на ОВК, Блерим Рамадани кој избега на Косово од куќен притвор и дека без проверка ја пуштил свадбената поворка во која учествуваше собранискиот спикер Африм Гаши. Информацијата за неговото разрешување ни ја потврдија од МВР, а според нашите информации на негово ...

Јапонија има нов рекорд за долговечност со повеќе од 95.000 луѓе на возраст од 100 или повеќе години, од кои речиси 90 отсто се жени, покажуваат владините податоци. Тие укажуваат на демографска криза што ја погодува четвртата по големина економија во светот, чие население старее и опаѓа. На 1 септември, Јапонија имаше 95.119 стогодишници, 2.980 повеќе од пред една година, вклучувајќи 83.958 жени и 11.161 мажи, објави Министерството за здравство. ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $