Бројот на загинати во денешните напади на Израел во Либан се искачи на најмалку 492, соопшти либанското Министерство за здравство. Меѓу загинатите има 35 деца и 58 жени. Најмалку 1 645 лица се повредени. Израелската војска соопшти дека денеска ги извршила најинтензивните воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан од 2006 година, при што загинаа стотици луѓе. Според израелската војска, погодени се повеќе од 1 000 цели на либанската милитантна ...

Во делови од Велика Британија наврнаа големи количества дожд. Агенцијата за животна средина ги предупреди сите внимателно да го планираат своето патување. Во сила се жолтите и портокаловите временски предупредувања. Поплави поради обилните дождови зафатија делови од Велика Британија. Многу патишта и училишта беа затворени по обилните дождови кои паднаа во текот на ноќта од неделата кон понеделникот. Временските прогнози предвидуваат нови врнежи ...

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан. Деновите оттогаш беа серија катастрофални неуспеси за страшната шиитска милитантна група поддржана од Иран. Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање. Хезболах се соочува со најголемата ...

Текстот е објавен на 21 октомври 2021 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.359. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го доврши споменикот „Мајка Тереза“ во строгиот центар на Скопје, откако претходната гарнитура на СДСМ ниту го догради, ниту го урна. Дека станува збор за класична дивоградба која треба да се демонтира, утврди работната група за „Скопје 2014“, пишуваше „Фокус“ пред 3 години. Но, во меѓувреме, изведувачот ...

Подолг период наназад, актуелниот премиер, други претставници на власта, како и владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН говорат за индиции за криминал во многу институции, додека тие биле раководени од претставници на СДСМ и ДУИ. Дури, властодршците често ја употребуваат фразата „епски криминал“, алудирајќи дека има сомневања за незаконско постапување од енормни размери, пишува најновиот број на неделникот „Фокус“. Дали за „епскиот криминал“ ќе ...

Сирискиот претседател Башар ал Асад најави формирање на нова влада под премиерот Мохамед Гази ал Џалали, а за потпретседател на Сирија е именуван Фајсал Мекдад, јави сириската државна новинска агенција САНА. Предвидено е, меѓу другото, именување на нови министри за надворешни работи, финансии и електрична енергија. Новиот кабинет ја заменува привремената влада која беше на функција од парламентарните избори одржани во средината на јули. Друг ...

Илјадници семејства побегнаа денеска од јужен Либан во областите кон главниот град Бејрут и планината Либан по денешните израелски воздушни напади во кои, според последните податоци, загинаа најмалку 274 луѓе, а повеќе од илјада се ранети. Најмалку 274 лица, од кои 21 дете и 31 жена, загинаа, а 1.024 се ранети во израелските напади врз јужен Либан во понеделникот, изјави министерот за здравство на земјата на прес-конференција, пренесе Ројтерс. ...

Светот се претвори во многу опасно место, а претседателскиот кандидат на Демократската партија Камала Харис нема да може да спречи нова светска војна, смета кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп. – Светот сега е многу опасно место. Камала не може да одговори ниту на наједноставните прашања. Лудило! Ако не може да го направи тоа, тогаш како може да не претставува во спречувањето на Третата светска војна. Одговорот е едноставен: не ...

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган, нагласувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија. ...

Вистинска драма утрово се случила во градинка во градот Острава во Чешка, кога родител (40) наводно ја зел воспитувачката како заложник, и се заканил со нож и побарал да пристигне полиција. Инцидентот се случил утрово нешто пред 8 часот. „Диспечерот добил повик од градинката дека маж ја земал воспитувачката како заложник и барал да се повика полиција“, изјави портпаролката на полицијата Ева Михаликова. Тој ја напуштил градинката веднаш штом ...

Владината одлука за пониски маржи од 10 проценти за дел од основните прехранбени производи стартува од денес, а со неа треба да се намалат цените на 100 продукти меѓу кои ориз, леб, зејтин, сите видови на зеленчук и овошје, месо и месни производи и млеко и млечни производи. Мерката, која ќе трае до 31 октомври, е речиси идентична како мерката за ограничување на маржите која ја донесе претходната влада, а за која сегашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ ...

Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал вчера одиграа нерешено (2:2) во дербито од петтото коло на Премиер лигата. Сити најпрво поведе на „Етихад“, кога Халанд ја затресе мрежата, само Арсенал направи пресврт, а стрелци беа Калафиори и Габриел. Стоунс му донесе бод на Сити во 98. минута. „Во текот на сезоната може да се каже дека ова е „лоша сезона“. Сепак, сметам дека е неприфатливо кога некој ќе напише „ова е срам, катастрофа“ за една игра. ...

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10 до 22 септември во Будимпешта. Лазов, кој го почна турнирот со рејтинг 2360, освои 7,5 поени од осум партии и со рејтинг-перформанс 2763 заврши втор на втората табла, зад олимпискиот првак, велемајсторот Таи Даи Ван Нгујен од Чешка со 2783, а бронзата му припадна на Едиз Ѓурел од Турција со 2755. Пред 24-годишниот ...

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски пристигна во САД, а како што наведе во објава на мрежата Х, главната цел на неговата посета е зајакнување на Украина. „Оваа војна може да заврши само со праведен мир преку глобални напори… Планот за победа на Украина ќе биде на масата на сите наши сојузници“, рече Зеленски. Тој ја посети фабриката за муниција „Scranton Army“ во американската сојузна држава Пенсилванија, која произведува компоненти ...

Израелските одбранбени сили (ИД) во неделата објавија дека го нападнале командниот центар на палестинската милитантна организација Хамас, сместен во зграда во центарот на Газа, која претходно служела како училиште. – Центарот за команда и контрола, кој беше изграден во внатрешноста на комплексот кој претходно служеше како училиште „Калед ибн ал-Валид“, терористите на Хамас го користеа за планирање и извршување терористички напади против ...

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах и Израел може да доведе до поширок регионален конфликт. „Ќе направиме се што можеме за да спречиме избувнување на поширок конфликт. И работиме многу напорно за да го сториме тоа“, им рече Бајден на новинарите, според Си-Ен-Ен. Тој додаде дека во текот на викендот во Делавер имал многу ...

Израелската војска во понеделникот започна уште една рунда големи напади врз цели на Хезболах поддржани од Иран во Либан и навести дека можеби е потребна копнена инвазија за да ги обезбеди своите воени цели. Нападите го претставуваа географски најраспространето бомбардирање што Израел го изврши истовремено од почетокот на неговиот конфликт со Хезболах пред речиси една година, паралелно со војната во Газа. Нападите се случија во време на некои ...

Маж рани две лица денеска додека пукал со автоматска пушка во продавница во Киев. На видеото се гледа како млад човек влегува во продавницата со вперена пушка и како клиентите и вработените по неколку секунди истрчуваат за да си го спасат животот. – На 22 септември околу 14 часот во полиција било пријавено дека непознато машко лице влегло во продавница за обувки и по случаен избор почнало да пука – соопштија од полицијата. Украинскиот портал ...

Францускиот премиер Мишел Барние изјави во неделата дека нема да ги зголеми даноците на повеќето даночни обврзници, иако најбогатите ќе треба да помогнат да се запре дупката во буџетот. Во саботата беше претставена новата француска влада под водство на Мишел Барние. Неговата најрана и најпребирлива задача ќе биде да го подготви буџетот за 2025 година, во време кога Франција се бори да го задржи растечкиот буџетски дефицит. „Нема да продолжам да ...

Израел истражува дали лидерот на Хамас – Јахја Синвар бил убиен во неодамнешните напади на израелската армија (ИДФ) во Газа, пренесува јавниот сервис КАН. Во моментов нема потврдени информации за да го поддржат ова тврдење, а безбедносните служби се поделени околу тоа дали Синвар едноставно не е во контакт или всушност е елиминиран. Отсуството на конкретни докази доведе до мешани оценки во заедницата за одбрана на Израел, што ја одразува ...

Фудбалерите на Манчестер Сити попладнево ремизираа 2:2 против Арсенал во петтото коло од Премиерлигата. Сити поведе во деветтата минута преку Ерлинг Халанд и тоа беше негов 100-ти гол за клубот откако дојде од Борусија Дортмунд пред 2 години. На тој начин го израмни рекордот на Кристијано Роналдо кој постигна 100 гола на 105 натпревари за Реал Мадрид, откако дојде од Манчестер Јунајтед. Арсенал израмни со голот на Рикардо Калафиори во 22. ...

Во бугарската ДАР (Државна агенција за разузнавање), кодното име за Договорот меѓу Бугарија и Македонија е „Пазителите“. Договорот се засновувал на принципот „Ти мене пари, јас тебе трговија“, во кој потписникот од првата страна бил мозокот, а од втората „красивия образ“. Разбира се, со голема поддршка од САД и ЕУ. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Во неделата, на 8 септември, се одбележа 33-годишнината од добивањето независност. Официјално, од ...

Косово ќе биде главна тема – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по пристигнувањето во Њујорк во пресрет на претстојната седница на Генералното собрание на ОН. Тој најавува интересен говор, но и дека ќе трае до 25 минути, доколку американскиот претседател исто толку зборува. Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк денеска почна Самитот за иднината, во рамки на 79. заседание на Генералното собрание на ОН, што е вовед во генералната ...

Црногорскиот фудбалер Милутин Осмајиќ беше главен актер на натпреварот помеѓу Престон и Блекбурн. Во дуел каде немаше голови, беа забележани многу груби прекршоци кои беа санкционирани со два црвени картони. И покрај се, потегот на Осмајиќ го одбележа натпреварот. Preston’s Milutin Osmajic going all Luis Suarez as he appears to bite Blackburn’s Owen Beck today. Get got a yellow card.pic.twitter.com/ZTmpsNqox4 — Kyama (@ElijahKyama_) September ...

Во Германија на крајот на првата половина од оваа година имало 3,48 милиони бегалци, што е за околу 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година и најмногу од 1950-тите, пишува „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, повикувајќи се на податоци на германската Влада. Ова ги вклучува сите луѓе, без разлика на нивниот статус на престој, кои во моментов бараат заштита во Германија од хуманитарни причини – од баратели на азил, признати бегалци, до лица чиј ...

Украина направи се што е можно за да не ја вовлече Америка во војна, но ако и се дозволи на Русија да победи, тоа ќе има катастрофални последици за самата Америка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неговата посета на САД. Како што рече во интервјуто за „Њујоркер“, доколку Украина не се спротивставеше, Путин ќе продолжи понатаму. „Прво, околу 40 милиони имигранти би дошле во Европа, Америка и Канада. Второ, би ја изгубиле ...

Некои политички сили на Запад дозволуваат опција за задржување на руската контрола врз дел од територијата што Украина ја загуби за време на решавањето на конфликтот, напиша политикологот Марк Галеоти во напис за британскиот неделник „Сандеј тајмс“. Според него, во Европа почнува да се чувствува „замор од Украина“, што може да значи неминовен почеток на преговори за прекин на конфликтот, „дури и ако тоа значи ужасен мир“. Експертот истакна дека ...

„Едвај ме извлекоа од колата. Бев под камионот повеќе од еден час. Камо среќа да не ме извлекоа“. Вака низ солзи зборува Мирјана Лазовиќ, сопругата на Данијел Лазовиќ, кој вчера со трите деца и сосетката загинаа во тешката сообраќајна несреќа кај Рашка, во Србија. – Бев совозач, сите се изненадени како останав жива. Ах мајко, има ли Господ?! Сигурно нема кога ги зема Данијел и децата. Каков ќе ми биде сега животот без нив, сега не ми треба ...

Две деца, на возраст од четири и шест години, трагично загинаа по уривањето на зграда во Неапол, што најверојатно е предизвикано од експлозија на гас во еден од становите. Под урнатините останале уште шест лица, а на местото на несреќата се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи. Уривањето се случило нешто по 8 часот утрово, а експлозијата се претпоставува дека била резултат на проблем со плинска боца во станот на вториот кат, каде живеела бабата на ...

Над 130 претседатели, премиери и монарси ќе зборуваат заедно со десетици министри на дводневниот Самит за иднината во Њујорк, во рамки на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН. Една од главните теми се очекува да бидат војните во Газа, Украина и Судан и зголемената можност за ескалација на војната на Блискиот Исток. Генералниот секретар на Обединетите нации – Антонио Гутереш минатата недела изјави за Ројтерс дека решение за војните во Газа ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $