Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
На крајот од Студената војна, Германија постојано и недвосмислено го уверуваше советското, а подоцна и руското раководство дека НАТО нема да се шири кон исток. Овие гаранции беа дадени во контекст на обединувањето на Германија, која имаше голема полза од нив. Брзото обединување на Германија - во рамките на НАТО - не би било можно без советското одобрение врз основа на овие ветувања, потсетува американскиот професор Џефри Сакс, врвен економски ...
САД станаа голем пазар за богати Кинези што сакаат да си ги прошират семејствата со наследници, бидејќи сурогат мајчинството е законски забрането во нивната земја. Ова може да си го дозволат само мал број бизнисмени. Процедурата чини по околу 200.000 долари од дете, од испораката и чувањето на генетскиот материјал, преку лабораториското оплодување до бременоста и раѓањето. Сју Бо, повлечен кинески милијардер кој се збогатил со програмирање ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез ветува „крај на анонимноста“ на социјалните медиуми! Британскиот премиер Стармер предупредува: „Нема да можете да работите во Обединетото Кралство ако немате дигитална лична карта“. Кралицата Максима од Холандија изјави на Светскиот економски форум дека дигиталните лични карти се „добри за да се знае кој всушност се вакцинирал“. Многу американски технолошки лидери исто така ги сакаат дигиталните лични карти. ...
Во обид да го намалат користењето на фосилни горива многу енергетските гиганти инвестираа во капацитети за производство на водород, како алтернативен извор на енергија во транспортот и тешката индустрија, затоа што при согорувањето испушта само водена пареа. Но, истражување објавено во списанието Nature покажува дека водородот всушност придонесол за зголемувањето на глобалните температури, затоа што ги апсорбира природни прочистувачи кои го ...
Покрај уникатната понуда, широките коридори, современиот ентериер и внимателно дизајнираните зони за посетители, East Gate Mall се издвојува и по начинот на кој го одржува целиот комплекс – според светски стандарди, со технологија што ја користат големите молови во Сингапур, Милано, Лондон и Скандинавија. За одржување на хигиена и чистота, значајна улога има Asura Group, компанија која ја воведе најсовремената генерација на автономни уредни ...
По маратонски дискусии од 16 часа лидерите на Европската Унија договорија заем за Украина од 90 милијарди долари од неискористените трошоци во заедничкиот буџет, но само од 24 членки, а не од сите 27. Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина за 2026-27 година е одобрена. Ветивме, исполнивме, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта. Договорот значи финансиски опстанок на Киев, но не ѝ помогна ...
Лоша е и општата ситуацијата со образованието во Австрија. Во 2025 година имало 46.385 ученици кои не се во можност да следат часови поради непознавање на германскиот јазик. Ова се надоврзува на извештаите од минатата година дека над 75% од средношколците во Виена не зборуваат германски дома. Десничарската Народната партија ја префрла одговорноста врз владејачката коалиција. Времето брзо изминува за нашиот град. Децата што не го познаваат ...
За разлика од вообичаените микророботи, на овој помалиот со димензии од 200 х 300 х 50 микрометри, не му се потребни надворешни контролни системи со магнети и ласери за управување и носење одлуки. Експерти од Универзитетот во Мичиген користеле специјален полупроводник со низок напон за да изработат мал компјутерски процесор што троши 1.000 пати помалку струја од вообичаен чип. Најголемиот дел од микророботот всушност се соларните плочи што го ...
Генералот Залужни при крајот на ноември се заложи за мир со Русија без Киев да прогласи целосна победа. Трајниот мир би ѝ дал можност за нужните политички промени, длабоки реформи, реконструкција и економски раст. За жал, војната сè уште не е завршена, а некој веќе нè направи непријатели. Ова е реалноста, вели Залужни, кој сега е амбасадор во Британија. Кога Украина ќе постигне мировен договор со Русија, приближно еден милион војници со борбено ...
Според веб-страницата BleepingComputer, која прва го објави инцидентот, хакерите му претставиле на Порнхаб докази за упадот во системот и ја уценуваат компанијата со седиште во Канада да исплати неодредена сума во биткоини за да спречи бришење на податоците или, уште полошо, да бидат објавени на интернет. Украдени се податоци тешки 94 гигабајти за вкупно 201,2 милиони целосни истории, вклучувајќи URL-адреси имиња на видеа, клучни зборови и ...
Во тужбата Асанж го цитира тестаментот на Алфред Нобел, кој своето богатство го оставил за награда за мир за лица што придонеле најмногу за човештвото и кои „направиле најмногу за братство меѓу народите, за укинување или намалување на постојаните армии и за одржување и промоција на мировни конгреси“. Ако Нобеловата фондација ѝ ја исплати наградата од 1,18 милиони долари на нобеловката Мачадо, ќе го претвори наследството на Нобел од инструмент за ...
Сателит од мрежата Старлинк на Спејс Икс неодамна со маневар во последен момент избегнал удар на новолансиран кинески сателит. Според компанијата на Илон Маск, моторите биле активирани кога сателитите се приближиле на само 200 метри еден од друг, на височина од 563 километри. Главниот ризик од операциите во вселената доаѓа од лошата координација на операторите. Кога не разменуваат орбитални податоци за своите сателити, можни се опасни ...
Оваа „дигитализирана“ визија ѝ прилега на Блез Метревели, новата шефица на британската разузнавачка служба. Таа досега беше генерална директорка за технологија и иновации во МИ6 – попозната како Q во филмскиот серијал за Џемс Бонд. Во своето прво јавно обраќање од новата функција, таа предупреди дека напредните технологии ги зголемуваат и заканите за безбедноста и капацитетите за подобра заштита. Напредокот во вештачката интелигенција, ...
Неврологот Клинт Стил објави строго предупредување дека диеталните газирани пијалоци тројно го зголемуваат ризикот од трајни штети и на мозокот и на телото, особено на кардио-васкуларниот систем. Ризикот драматично повисок за луѓето што пијат газирано секој ден. Тој се повикува на студија што ги следела навиките за јадење и пиење на луѓе во тек од седум години, а потоа и ефектите во следните седум години. Оние што вообичаено пијат диетални ...
Евреите во светот имаат причини да бидат загрижени и од десницата (подемот на ликови како Ник Фуентес) и од левицата (како оној Елија Родригез кој извикувајќи „Слобода за Палестина!“ уби двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон) но за најголем непријател го сметаат исламистичкиот терор. Не грешат многу. Долга е листата на напади на исламски екстремисти врз нив. Еврејското училиште во Тулуз. Еврејскиот музеј во Брисел. Кошер ...
Истрагата во Австралија потврди дека напаѓачите од Сиднеј, таткото Саџид и синот Навид Акрам, пред само еден месец престојувале во Давао, најголемиот град на јужниот филипински остров Минданао на кој исламистички бунтовници со децении наназад настојуваат да ја преземат власта и да воспостават калифат. Во 2017 година групата Исламска држава пет месеци го држеше под опсада градот Марави и принудија 350.000 жители да избегаат. Во голема воена ...
Платинестите гаранции што САД ѝ ги понудиле на Украина се слични на билатералните договори за одбрана со Јужна Кореја и со Јапонија. Би требало да бидат ратификувани од Сенатот за да бидат обврзувачки во иднина, без оглед на промените во Белата куќа. Според планот што американските посредници го претставиле на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери во Берлин, во првата фаза би била воспоставена мисија ...
Среде написите за војната и корупцијата во Киев незабележано помина веста дека Врховната Рада ја укина заштитата на рускиот јазик според Европската повелба, кој погодува милиони Украинци кои зборуваат руски. Поранешниот украински комесар за јазик, Тарас Кремин, неодамна изјави дека „државниот јазик е врвен приоритет“ и дека „граѓаните фундаментално го отфрлија јазикот на окупаторот“. Гледано од страна, тоа може да личи на чин на ...
Со развојот на „смарт“ технологијата, производителите почнаа да воведуваат строги механизми за користење на нивните производи. Вградуваат чипови што спречуваат неовластени поправки или замена на делови, ако не се нарачани од истата компанија, па дури и пуштаат реклами на екраните, без согласност од купувачите. Непрофитната група Слобода од неетички ограничувања на корисниците (Фулу) понуди награда од најмалку 10.000 долари за секој хакер што ќе ...
Користејќи ја платформата Dronewatch, холандскиот портал Троув анализирал вкупно 61 инцидент со дронови во 11 европски земји во изминатите три месеци и открил општа конфузија, чести лажни аларми и малку цврсти докази за руска вмешаност. По инцидентите во Данска, Белгија и во Германија веднаш беше посочено на вмешаност на „државен актер“ или директно Русија, уште додека траела истрагата. Данската премиерка Мете Фредериксен, кратко по тревогата за ...
Според податоците од 59 студии, со кои биле опфатени речиси 50.000 деца во 18 земји, оние што не јадат месо биле во просек до 4 сантиметри пониски од нивните врсници. Веганските деца, исто така, имале и понизок индекс на телесна маса. Анализата покажала дека дека веганските деца консумирале повеќе растителни влакна, железо, фолна киселина, витамин Ц и магнезиум, но имале помал внес на енергија, протеини, масти, витамин Б12 и цинк. Витаминот Б12 ...
Креирани да отворат брз пристап до хумор и трендови, кратките видеа на интернет не се само непотребно одвлекување на вниманието на децата, туку стануваат основа на нивното однесување, создаваат здравствени проблеми и штетни навики. Спакувани се во бесконечни низи, длабоко персонализирани од алгоритми што ги следат навиките на корисниците. Најмладите корисници се најзависни, бидејќи им е најтешко да се контролираат. Кога ги користат по неколку ...
Во рамките на програмата „Визија 2030“, продажбата на алкохол се ограничува во дипломатски кругови во Ријад и во специјални комплекси на истокот на Кралството. Се воведува официјален систем, со строги правила и потенцијални санкции. Богати иселеници велат дека добиле дискретни покани за приватни церемонии на кои се достапни премиум жестоки пијалоци, вина и шампањ по цени како во луксузен хотел. Аналитичари сугерираат дека политиката го одразува ...
Новата нуклеарна централа Хинкли Поинт Ц, најскапата во светот со цена од 61 милијарда долари, треба да биде оперативна до околу 2030 година, но нема да добие дозвола за работа сè додека не биде најдено решение како да се спречи помор на рибите во системот за разладување. За да се одржуваат реакторите ладни, огромни пумпи за само неколку секунди од Бристолскиот канал ќе вшмукуваат вода колку што собира во олимписки базен. Рибите не само што ...
Поранешната американска администрација ја користела цивилната Агенција за меѓународен развој за да маскира опасни истражувања поврзани со одбранбени цели спроведени врз Украинци, изјави генералот Алексеј Ртишчев, началник во Министерството за одбрана на Русија, задолжен за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита. За да се обезбеди тајност, клиентите зад ваквите истражувања не биле војската или разузнавачите, туку цивилни агенции и невладини ...
Додека Европската Унија се тресе од руската инвазија врз Украина и сериозно нарушените односи со САД, социјалните медиуми во изминатите две години се преплавени со содржини на кои ЕУ е прикажана како нова Империја, Европска федерација или Соединетите Европски Држави. Критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги нарече европските лидери „слабаци“, и повиците на Илон Маск за укинување на ЕУ, уште повеќе ја засилија кампањата со ...
Користејќи сателитски податоци, истражувачи од универзитетите во Лестер, Шефилд и Единбург ги следеле промените во количината на јаглерод што се апсорбира од дрвјата и шумските области. „Импликациите од оваа промена се длабоки. Шумите во Африка служеле како ловец на јаглерод. Сега, тие придонесуваат за проширување на глобалниот јаз во емисиите на стакленички гасови“, се наведува во нивниот извештај. А тој јаз треба да се намалува ако се сака да ...
Оние кои се сомневаат во централното значење на минералите во стратегијата на САД, треба да го земат предвид неодамнешниот договор меѓу Вашингтон и Киев, со кој на американските бизниси им беше даден преференцијален пристап до минералните резерви на Украина како делумна отплата за помош во време на војна. Минералите несомнено се појавуваат како геополитичка валута. А Венецуела има минерално богатство - 1,36 трилиони долари, количина која според ...
Инјекциите за слабеење се поврзани со низа придобивки, вклучително и сериозно намалување на ризикот од смрт кај срцеви пациенти. Но, постои и друга страна на паричката. Губењето на чиста телесна маса, вклучувајќи ги и мускулите е особено опасно за луѓето на средна и постара возраст бидејќи ги изложува на ризик од општ пад на состојбата на на организмот. Оние кои ги земаат лековите без сериозно да зголемат тренинзи за одржување сила би можеле да ...
Новата проценка доаѓа од модели создадени од Институтот за здравствени метрики и евалуација на Универзитетот во Вашингтон и беше објавена во извештајот „Голкиперс“ од Фондацијата Гејтс. Таа покажува дека дополнителни 200.000 деца под петгодишна возраст може да умрат оваа година од болест што модерната медицина може да ја спречи, со вакцини или со други третмани. Смртните случаи може да се поврзат со голем број економски и политички фактори, од ...