Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Од вкупно 57.941 дете на предучилишна возраст од актуелната генерација во австралиската сојузна држава Квинсленд, 46 родители побарале за нивните деца да се користат заменките „тие/нив“. Од 41.392 пријавени за 2026 година, воспитувачите ќе мора да користат „тие/нив“ за 11 деца. Таквата можност е оставена во формуларот за пријавување на специфичните карактеристики на децата на возраст од 4 или 5 години, што треба да им послужи на воспитувачите во ...
На победничката забава за Зохран Мамдани, неговиот некогашен другар, подкастерот Хасан Пикер - кој на истата забава се гушкаше со Александра Окасио-Кортез - во интервју го кажа следново: „Ние сме во срцето на империјалното јадро. Ова е земјата што го победи СССР, за жал.“ Пикер има кажано толку многу луди помпезни работи што дури и Мамдани мораше да го осуди и да го тргне настрана. Сепак, погледнете го насмеаното лице на младата жена што го ...
Компанијата Reflect Orbital ветува дека „по нарачка ќе произведува сончева светлина ноќе“ и ќе ја доставува до соларни централи за да може да произведуваат струја и по зајдисонце. Стартапот најави дека во 2026 година ќе лансира 18-метарски експериментален сателит Earendil-1, а потоа, ако тестирањето биде успешно, ќе постави мрежа од уште 4.000 сателити во орбита до 2030 година. Научници предупредуваат дека проектот не може да биде успешен, ...
Наместо да се труди да даде избалансиран поглед на историјата од најучените историчари во земјата, ББЦ се потпираше на маргинални личности, чии ставови се вклопуваа во „разбудениот“ поглед кон империјалното минато на Британија, забележале уште во 2022 година универзитетските професори од здружението „History Reclaimed“. Тие директно се пожалиле до ББЦ дека историските документарци се полни со тенденциозни ставови, лажно претставени како факти. ...
Само пет години по основањето, Гугл во 2003 година ги надминал Јаху како најпопуларен пребарувач на интернет. Уште од тогаш бил претпазлив. Во интерен меморандум вработените биле предупредени да не користат изрази како „задушување на конкурентите“ што би го привлекле вниманието на антимонополски службеници, се открива во документи што се откриени две децении подоцна, како дел од судска постапка. Ние сега сме доминантен играч во индустријата и се ...
Глобална студија укажува дека овие бактерии развиле ензим наречен PETase, кој ја разградува цврстата пластика (ПЕТ) што се користи за шишиња и во ткаенини. Во длабочините на океанот, каде што јаглеродот е оскуден, се чини дека микроорганизмите ги прилагодиле ензимите да користат нов извор вештачки создаден од јаглерод – пластиката, објаснува Карлос Дуарте, морски еколог и коавтор на студијата спроведена од Универзитетот за наука и технологија ...
Бразилските федерални власти го оспорија најголемиот британски проект за покривање на еколошките штети од големите компании. Лондон вложи 136 милиони фунти за пошумување во бразилската сојузна држава Пара, каде што премиерот Стармер сега учествува на глобалниот самит за климатски промени КОП 30. Пошумувањето се смета за „јаглероден кредит“ што би неутрализирал емисии на 12 милиони тони штетни гасови. Бразилските обвинители бараат договорот да ...
Норвешкото претпријатие за јавен превоз „Рутер“ го открил вградениот софтверски механизам при тестирање на два електрични автобуси во изолирана средина – холандски и на „Јутонг“. Во системот на кинескиот автобус биле скриени романски СИМ-картички што овозможуваат далечински ажурирања на софтверот и дијагностика на технички проблеми. Производителот има можност во секој момент да ги запре автобусите или да ги направи нефункционални преку ажурирање ...
Уредувачката политика на сервисот на ББЦ на арапски јазик, кој е финансиран и од грант од Министерството за надворешни работи, била пристрасна кон Хамас, иако треба да ги одразува истите вредности како јавниот сервис во целост. Им била давана неоправдана тежина на тврдењата на Хамас за бројот на жртви во Газа, за кои е широко прифатено дека се преувеличени за пропагандни цели. Сега не може да се оспори дека ББЦ помогна да се шират лагите на ...
Доцните милениумци се дигитални староседелци на интернет и социјалните медиуми. Имале 13 години во 2003 година, кога се лансираше пионерската страница за социјално вмрежување Мајспејс, 16 години кога се појави Твитер во 2006 година, 17 години кога се појави Ајфон и Тамблр. Првпат на претседателски избори гласаа во 2008 година. Кампањата на Обама умешно го искористи интернетот, особено за младите гласачи. Зголемувањето на излезноста кај лицата на ...
Акумулацијата Амир Кабир, една од петте што обезбедуваат вода за пиење за Техеран, содржи само 14 милиони кубни метри вода, што е 8% од нејзиниот капацитет. Ова ниво е доволно за само две недели снабдување со вода за градот, предупреди директорот на водостопанството на Техеран, Бехзад Парса. Пред една година, браната Амир Кабир задржа 86 милиони кубни метри вода, но имаше стопроцентен пад на врнежите, вели Парса. Тој не објави детали за ...
Кога Русија ја почна инвазијата врз Украина пред речиси четири години, Володимир Кудрицки, тогашен раководител на украинската државна национална енергетска компанија „Укренерго“, се бореше да има струја. Некако му успеа и тој продолжи да го прави тоа секоја година, со што стекна огромна почит од колеги од енергетскиот сектор ширум светот. Украина избегна катастрофални прекини на електричната енергија - сè до лани, кога Кудрицки ненадејно беше ...
Најбогатите 1% од Американците во периодот од 1989 до 2022 година се збогатиле сто пати повеќе во споредба со просечното семејство од средна класа во истиот период, тврди организацијата Оксфам, врз основа на податоци од Федералните резерви. Ако се споредуваат со најсиромашните 20% од населението, се збогатиле 987 пати повеќе. Во меѓувреме, над 40% од Американците, вклучувајќи и речиси 50% од сите деца, се во категоријата со ниски приходи, ...
Монтираниот говор на Трамп бил дел од емисијата „Трамп: Втора шанса?“ од серијалот „Панорама“ на ББЦ емитувана на 28 октомври 2024 година, една недела пред изборите во САД. Оние што ја гледале можеле да го слушнат тогашниот претседателски кандидат како од говорницата вели: „Ќе чекориме заедно до Капитолот... и јас ќе бидам со вас. Ќе се бориме. Ќе се бориме пеколно и ако не се бориме пеколно, повеќе нема да имате држава“. Трамп всушност рекол: ...
Ави Леб, шеф на проектот Галилео, директор на Институтот за теорија и пресметки на Центарот за астрофизика на Харвард-Смитсонијан, беше првиот истакнат научник што отворено ја изнесе хипотезата дека 3I/ATLAS можеби е вселенски брод на вонземна цивилизација дизајниран да личи на комета. Оваа теорија, според него, наједноставно би ја објаснила чудната траекторија на кометата, која пред неколку дена помина покрај Сонцето. На 60% ја проценува ...
Извршниот директор на „Ексон“, Дарен Вудс, изјави дека Директивата на ЕУ за корпоративната одржливост ќе има „катастрофални последици“ доколку се усвои во сегашната форма. Директивата бара од компаниите што работат во ЕУ да ги намалат ризиците за животната средина низ нивните комплетни синџири на снабдување и компаниите ќе ги смета за одговорни дури и во операциите надвор од Европа. „Ако не можеме да бидеме успешна компанија во Европа, и што е ...
Тројца активни локални одборници од општината Тауер Хамлет во источен Лондон потврдија дека се кандидати за изборите во Бангладеш. И граѓаните и властите во Британија го осудија ова однесување како „неприфатливо“, но немаат законска основа да преземат мерки. Одборниците даваат чесен збор дека ако добијат фотелја во Бангладеш, ќе ја напуштат фотелјата во Лондон. Сабина Кан од февруари не присуствувала на повеќето седници и состаноци во локалната ...
Пресудата на судот во италијанскиот град Асти е првата во која е утврдена причинско-последична врска помеѓу вакцинацијата против ковид и трансверзален миелитис, сериозна болест поради која 52-годишната жена повеќе не можела самостојно да оди. Состојбата кај жената се развила две недели откако ја примила втората доза од вакцината на Фајзер против коронавирусот. Во административната фаза од нејзината жалба, Министерството за здравство ги отфрлило ...
Кратењата на трошоците што ги спроведе аргентинскиот претседател Хавиер Милеи се можеби најдлабоките и најбрзите во која било демократска држава. Откако ја освои претседателската функција, ветувајќи радикални мерки за штедење, гласачите ги почувствуваа ефектите од неговата моторна пила. Милеи спроведе екстремни кратења на трошоци, кои може да се споредат смо со оние по финансискиот колапс во Грција, кои беа наметнати од меѓународните кредитори ...
Со студијата биле анализирани медицински податоци за повеќе од 18.100 новородени деца во Масачусетс чии мајки во текот на бременоста биле заразени од вирусот во периодот од почетокот на пандемијата па до средината на 2021 година. Иако ризикот е зголемен, тој не е исклучително висок. Не е дека секоја бремена жена што имала ковид во текот на бременоста треба да биде загрижена дека нејзиното дете ќе има аутизам, истакнува Андреа Едлоу од Општата ...
И покрај гласните пораки за поддршка од Брисел и Вашингтон, Бојес пишува дека одбраната на независен Киев има паднато за неколку скалила во западните стратешки приоритети. Урсула фон дер Лајен продолжува да нагласува дека „Европа мора да ги брани своите вредности“, но зад таа реторика, „нема ниту волја ниту пари“. САД неодамна воведоа нови санкции за руските енергетски гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“ а Украина изврши спектакуларен напад со ...
Во американските сојузни држави се носат серија анти-кинески закони за кои критичарите предупредуваат дека би можеле да навлезат во слободата на говорот и да предизвикаат политички мотивирани казни. Иако се формулирани како напори за ограничување на кинеското влијание, застапниците за граѓански слободи тврдат дека законите носат обележја на нов Макартизам кој е поттикнат од новосоздадени организации со црни - или барем сиви - пари. „Честопати ...
Поранешниот шеф на Фронтекс и европратеник, Фабрис Леџери, проговори за тоа како елитата на Европската Унија вршела огромен притисок врз него кога се обидувал да ги брани границите на ЕУ од масовната миграција. Главен трансмитер била надлежната комесарка Илве Јохансон од шведската левица која го убедувала дека негова главна работа е да „ги пречекува мигрантите“. „Кога првпат и ѝ го погледнав CV-то пред нашиот прв состанок, си помислив дека ќе ...
Преговарачите на Европската Унија на колегите од Њу Делхи им доставиле дури 73 регулативи чии услови треба да бидат исполнети а главно се дел од европскиот механизам за прилагодување на јаглеродните граници и регулативата на ЕУ за дефорестација. „Нивното исполнување е речиси невозможно“, процени индискиот министер Пијуш Гојал, кој кажа дека овие пречки во трговијата ги поскапуваат европските стоки , вклучувајќи автомобили и авиони и ги ...
Европскиот омбудсман постапува по жалба од Опсерваторијата за корпоративна Европа, која го испитува лобирањето. Невладината организација ја обвини Комисијата дека ја крие содржината на состаноците со групациите Бизнис Европа и Европската тркалезна маса за индустрија (ЕРТ). Средбите биле посветени на „омнибус агендата за поедноставување“ - серија предлози за намалување на бројот на регулативи што компаниите мора да ги следат. Состаноците се ...
Во серија експерименти дизајнирани да ги тестираат когнитивните способности на шимпанзата, научен тим на психологот Хана Шлајхауф од Универзитетот во Утрехт забележал дека приматите се доволно паметни за да ги одмерат различните видови докази и немаат проблем да го променат своето мислење под влијание на поцврсти аргументи. Ова е навистина најсилниот и најтешкиот тест за вакво разбирање. Имаме цврсти докази дека рационалноста во нејзината ...
Телата на стотици жртви лежат во купови меѓу изрешетаните згради во Ел Фашер, откако Силите за брза поддршка (РСФ) по голема битка ги истиснаа суданските сили од нивното последно упориште во главниот град на Северен Дарфур. Без заштита од војската, на немилост на бунтовниците, останаа четвртина милион луѓе, половина од нив деца. На оние што не избегале им се пресудува по кратка постапка. На сателитски снимки се видливи тела околу напуштената ...
Ќе бидеме принудени можеби по само неколку дена да ги затвориме производствените линии. Ги повикуваме сите одговорни институции да ги удвојат своите напори за да најдат дипломатски излез од оваа критична ситуација, објави Сигрид де Врис, генерална секретарка на Европската асоцијација АЦЕА. Директорот на Мерцедес, Ола Калениус, објави дека компанијата бара алтернативни извори на клучните полупроводници. Криза со чипови има и во Јапонија. Директор ...
Дваесет и петгодишната Зајбт тврди дека е на удар од германските власти поради отворените критики на главните политички партии и поддршката на десничарската Алтернатива за Германија (АфД). Таа поднесе барање за азил во САД согласно Законот за имиграција, тврдејќи дека се соочува со приведување или физички напад поради јавно изнесени ставови. Притисокот уште повеќе се зголемил откако почнала да добива смртни закани од групата Антифа. Полицијата ...
Запленувањето на 140 милијарди на Русија што се чуваат во Euroclear во Белгија е приоритет за ЕУ. Европската комисија е свесна дека понудената алтернативата – заедничкото задолжување преку еврообврзници - е уште понеприфатлива опција. Традиционално штедливите влади, како Германија или Холандија, историски се против натрупување поголем долг врз даночните обврзници. „Трошаџиите“ како Франција и Италија се премногу задолжени за да заглават уште ...