Во моментов во тек e значајна глобална промена. Она што се случува во рускиот град Казањ каде што блокот Брикс одржува меѓународен самит чиј домаќин е глобалниот одметник Владимир Путин. Од почетокот на конфликтот во Украина, Запад се обидува да ја изолира Русија преку санкции и дипломатски притисок. Сепак, Казањ пречекува шефови на држави или високи функционери од 32 земји, вклучително и четири нови членки на блокот - Египет, Етиопија, Иран и ...

Рускиот лидер во Казан ќе биде придружен од лидерот на најголемата демократија на светот, индискиот претседател Нарендра Моди, најголемиот поддржувач на Русија, кинескиот претседател Ши Џинпинг, лидерот на една од најголемите членки на НАТО, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и првиот човек на Обединетите нации, генералниот секретар Антонио Гутереш. Плус таму ќе бидат лидерите на Иран, Египет, Емиратите и Јужна Африка, додека бразилскиот ...

Документот специфицира дека Командата (Joint Special Operations Command) сака да поседува способност да креира кориснички онлајн профили кои не постојат во реалниот свет а нема да можат да се препознаат како непостоечки. Освен фотографии, ќе се бараат и уверливи видео снимки со виртуелни позадини кои нема да можат да бидат препознати од алгоритмите, како и повеќеслојни аудио профили. На Пентагон не му е првпат да влегува во ова поле. Ројтерс ...

Последните пребројувања на Економист покажуваат дека Трамп има 54% шанси да се врати во Белата куќа, што е за 6% повеќе отколку во минатата недела. Во исто време Камала е падната на 45%. Процената на Економист е дека сега на Трамп му се случува истиот подем на анкетите што Камала го имаше на почетокот од својата кампања кога претходно незадоволните гласачи од Бајден одлучија да се поредат зад Камала. „Сега Трамп има корист од слична партиска ...

„Ние сме сериозно загрижени за потенцијалните здравствени ризици предизвикани од контаминација на вакцините со синтетичка ДНК, вклучувајќи ги и опасностите од геномска интеграција, рак, наследни дефекти и нарушување на имунолошкиот систем“, се вели во писмото на советот на Порт Хедланд. Тие изгласале и одлука сите 537 локални совети во Австралија да ги информираат за доказите за контаминација на ДНК во вакцините и поврзаните ризици. Истото ќе го ...

Иако Епл не поседува ништо од технологијата што БЈД ја користи во Блејд батериите, Блумберг пишува дека ова покажува до каде стигнал Епл во своите напори да произведе автомобил. „Изминатава деценија технолошкиот титан трошеше над 1 милијарда долари годишно на својот проект за автомобил, пред целосно да се откаже од него во февруари годинава,“ пишува Блумберг. Од проектот на кој работеле двете компании Епл требал да добие батерија за своето ...

„Кина победува на секој можен начин,“ напиша деновиве во Телеграф долгогодишниот експерт за енергетика и регулатива, Дејвид Блекмон, издвојувајќи ја главната поента на неговиот текст: „Западот се деиндустријализира во потрага по нет-нула, ама Народна Република (Кина) не го прави тоа“. Меѓу другото ќе напише: Без разлика дали зборувате за електрични возила, ветер, сончева енергија, производство, преработка на минерали или контрола на синџирите на ...

Стоечките бироа не компензираат за неактивноста, па дури и може да го влошат здравјето и да го зголемат ризикот од добивање проширени вени или згрутчување на крвта. Истражувањето вклучува 80.000 возрасни од Британија, и според него стоење повеќе од 2 часа на ден всушност прераснува во здравствен проблем. „Главната поента е дека стоење премногу долго не надоместува за инаку седечкиот животен стил и би можело да биде ризично за луѓето во однос на ...

Освен минусот женска популација, добар дел од ергените од рурална Кина се жалат дека изминативе 10 години драстично се пораснати цените на невестите (да, во одредени делови уште се купува сопругата) и се помалата прифатливост на традиционалниот брак. Предлогот што доаѓа од Школата за економија на Универзитетот во Сјамен е дека кинеските мажи треба да размислат за женење невести од Русија, Камбоџа, Виетнам и Пакистан. Критиката на предлогот е ...

Речиси сè што правиме, од испраќање пораки до нашите пријатели до шетање низ нашиот дом, може да храни со податоци некој сервер или алгоритам без наше знаење. Најбрзо растечката област на технолошкиот пазар пред пандемијата беа паметните звучници - оние уреди како што е Алекса на Амазон, што ги инсталираме во нашите домови за да ги слуша нашите барања, да ни пушта музика или да одговора тоа што ќе прашаме; како беспрекорни лични слуги. Тоа некои ...

Уште во 2023 година, додека држев час во средно училиште, за прв пат ja насетив оваа последна генерациска ујдурма. Разговаравме за ЧеГПТ, ги прашав учениците (14-16 години) како го користат. Штама. На крајот, едно момче ми објасни зошто не го користи: „Морам да се логирам“. Го припишав ова на класична тинејџерска мрза и не мислев повеќе за тоа. Но, доказите за огромното непознавање на интернетот се таложеа: 15-годишно девојче кое има смартфон од ...

Според Друкенмилер, изминативе 12 дена, пазарите изгледаат многу убедени дека Трамп ќе биде победник, а тоа се гледа и во акциите на банките и во криптото. Тој порачува дека нема да гласа ни за Трамп, ни за Камала, затоа што првиот не е доволно пристоен за да биде претседател, додека мандатот на Харис, ќе биде лош за бизнисот. Друкенмилер повеќе од една деценија ги менаџираше парите на Џорџ Сорос, а меѓу другото и лично ја финансираше кампањата ...

За разлика од Микрософт кои ќе стартуваат стара нуклеарка, Гугл го потпиша првиот корпоративен договор во светот за купување струја од напредни мали модуларни реактори, СМР, кои инаку се уште се во развој. Договорот е потпишан со Каирос пауер, кои планираат првиот СМР да им биде во погон до 2030. Гугл наводно се согласил да купува струја од шест или седум реактори кои ќе бидат изградени до 2035. Нуклеарната регулаторна комисија на САД дури ...

Зеленски објаснил дека меморандумот од Будимпешта е неефикасен договор кој не успеал да ја заштити Украина откако државата се откажала од својот нуклеарен арсенал. „Меѓу сите овие големи сили, сите нуклеарни нации, која беше таа што страдаше? Дали беа сите тие? Не, само Украина. Која се откажа од нуклеарното оружје? Дали сите тие? Само Украина. Која е денес во војна? Украина,“ изјави Зеленски. Предлогот што тој му го дал на Трамп е или Украина ...

Предлогот доаѓа од министерот за здравство, а има поддршка и од премиерот Кир Стармер, според кого ваквата програма ќе го олесни товарот врз државното здравство и ќе ја унапреди економијата. Планот ќе се одвива и покрај предупредувањата дека само годинава кај околу 3.000 Британци се дијагностицирани здравствени проблеми од земање Оземпик или неговата замена Вејгови. Надежта на министерството за здравство е дека Оземпик ќе има „монументално“ ...

Како активен офицер, можам да ви потврдам дека меѓу колегите доминира страв од суспензија ако некоја интервенција појде наопаку“, пишува анонимен полициски службеник. Настрана физичките опасности, полицајците се свесни дека околу нив има активисти и „воини на тастатура“ кои едвај чекаат да дигнат телефон и да снимаат, а потоа тоа да го објават на социјални мрежи, врамено во погрешен контекст. Тој се жали на високото полициско раководство кое ...

Наставната програма на европските медицински факултети допрва треба да се финализира, но иницијативата – надгледувана од Европската мрежа за климатско и здравствено образование, која е составена од група од 25 медицински училишта предводени од Универзитетот во Глазгов – ќе внесе лекции за климата во наставната програма на повеќе од 10.000 студенти. Тие, исто така, ќе имаат повеќе обуки за тоа како да препознаваат и третираат топлотен удар, ...

Премиерот на Утар Прадеш, Јоги Адитјана, најави воведување на две нови уредби чија цел е борба против несанитарните пракси околу храната. Адитјана сака да го забрани плукањето во храна и слични пракси, плус да воведе задолжителна транспарентност во однос на подготовка и ракување со храната. Активностите на властите на Утар Прадеш (држава со околу 240 милиони жители) беа испровоцирани од неколку неодамнешни инциденти во кои поединци беа уапсени ...

Уште пред да стигне ПВО системот во Израел, Зеленски јавно запраша ако сојузниците можат заеднички да соборуваат ракети над небото на Блискиот исток, зошто се уште нема таква одлука за ракетите кои летаат над Украина. Истото се случи и кога американските и британски проектили и воени авиони на 1-ви октомври помогнаа да се соборат стотици ирански проектили над Израел. Тогаш од украинското министерство за надворешни работи изјавија: „Ги повикуваме ...

При објавувањето на извештајот Котлар препорачал „запирање на вакцинирањето со МРНА вакцини се додека не се докаже дека тие се безбедни.“ Неговата процена е дека овие вакцини ја изменуваат човековата ДНК и не се доволно тестирани, заради што се и опасни. Котлар смета дека пандемијата била „акт не биолошки тероризам“. Наводно извештајот на Котлар придонел и за отказот на министерката за здравство на Словачка, Зузана Долинкова, која неговите ...

Официјалното објаснување на членовите на комисијата, именувани од гувернерот на Калифорнија, кои гласале со 6-4 за одбивање на планот на американската авијација, е дека со оваа дозвола целата активност на Спејсикс ќе се смета за воена активност и компанијата нема да мора да бара сопствени дозволи, дури и кога не се носи товар на американската војска. Како што ќе изјави комесарката Гречен Њусом, „Илон Маск патува низ земјата, ширејќи и твитајќи ...

Суд во Швајцарија - каде времето е пари, особено за компаниите кои ги произведуваат прочуените швајцарски часовници - пресуди дека еден од таквите производители бил во право кога на работниците им одредил дека ако им треба време за во веце, слободно да го земат, ама од своето, не од компаниското. За ова јави јавниот бродкастер информирајќи дека регионалниот суд во западен Нојшател пресудил дека производителот на часовници Jean Singer & Cie ...

Владејачките лабуристи во Велика Британија планираат да одвојат милиони фунти за дебели и невработени Британци да добијат бесплатни шотови Оземпик, глобално популарниот лек за дијабетес кој масовно се користи за симнување килограми. Првичниот мотив на властите е дебелите да станат од кауч и да се вратат на работа, то ест да бидат корисни за државата и општеството. Идејата за делење бесплатен Оземпик ја промовираше секретарот за здравство Вес ...

Во 2021 неколку пиратски бродови се приближуваат до неколку комерцијални бродови кои минуваат низ Заливот на Гвинеја, придружувани од данската фрегата Есберн Снар. По информацијата за пиратите од фрегатата полетува хеликоптер на данската морнарица кој отвора оган кон напаѓачите. Во судирот загинуваат четири пирати, а еден, по име Лаки Францис, завршува со сериозни повреди заради кои ногата мора да му биде ампутирана. Данците го пренесуваат ...

„Кремљ ја смета Германија за свој непријател,“ изјавил шефот на БНД, според кого бидејќи земјата е вториот по големина поддржувач на Украина, таа е во директен судир со Русија. Кал тврди дека Путин не е заинтересиран само за Германија, туку „реално и за создавање на нов светски поредок“ и дека „Путин ќе ги тестира црвените линии на Западот.“ Во исто време првиот човек на домашното разузнавање, БФВ, Томас Халденванг, пак тврди дека периодов има ...

Дека се работи за вистинска закана потврдува и реакцијата на Белата куќа која веднаш се согласи да ги исполни барањата на кампањата на Трамп, а самиот Бајден изјави дека „го овластил Департментот за домашна безбедност, да му даде се што ќе му биде потребно.“ Од кампањата на Трамп процениле дека на агентите на Тајната служба им е потребна помош од војската за заштита на поранешниот американски претседател. Меѓу мерките што ги бара кампањата на ...

Како дел од големата стратегија за пренамена на целосната руска индустрија за потребите на војната, секоја руска фабрика која има капацитет и знаење, дел од производството мора да го пренамени за потребите на војската. Германски медиуми објавуваат дека според руски царински документи до кои дошле, имало повеќе од 300 испораки од германски производители до руски муштерии до крајот на 2023. Се работи за компјутерски управувани машини кои можат ...

Публика пишува дека се работи за само 30 мигранти, главно од ромско потекло и главно неписмени кои знаат да зборуваат само турски. Дојдени се како мал дел од голема група бегалци од Украина, етнички Украинци. Сите други се спастриле, овие 30 ни-ка-ко. Градот е полн со фрлено ѓубре од нив, масовно крадат, до рано сабајле пуштаат гласна музика на звучници. Обидите да им се забранат одредени продавници или да им се одреди полициски час пропаднале ...

Севернокорејски војници им даваат поддршка на Русите на фронтот, а некои од нив веќе се убиени и повредени, тврдат Јужна Кореја и Украина. Според украинско разузнавање веќе има неколку илјади војници од Северот кои се на обука во Русија и кои би можеле да стигнат на фронтот до крајот на годинава. Од Киев признаваат дека до сега немаат видено севернокорејски војници на фронтот, а Москва ги отфрла тврдењата како лажни. Муабетите почнаа откако Ким ...

Прво ЕУ институциите беа парализирани од европските избори, за сега целиот блок повторно да се стави на хибернација, која само ќе ескалира претстојните месеци, и да ги чека германските избори закажани за есента 2025. Како што ќе објаснува еден ЕУ дипломат „во Брисел постои упадлив недостаток на итност.“ Дури и откако завршија изборите за ЕУ парламент, институциите на Унијата беа со крената рачна чекајќи Урсула фон дер Лејен да ја собере ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
4.12
60%
1013

Белград

6ᴼ/4ᴼ
2.79
53%
1010

Софија

2ᴼ/1ᴼ
7.2
67%
1014

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
90%
1003

Атина

20ᴼ/18ᴼ
4.47
55%
1007

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
2.06
50%
1011

Подгорица

10ᴼ/9ᴼ
1.54
46%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4722

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $